Во Битола, во социјалните згради живеат три сестри со слепа мајка. Живеат во ептен бедни услови, во празна соба, спијат на стари каучи што некој им ги дал, празни ѕидови, ладно... Јас еве веќе цела година малце по малце им помагам, им бојадисавме розева боја во нивниот стан, им купив неколку работи што сакаа да ги имаат, а јас имав можност да ги купам, им дадовме некои шкафчиња, масички, обувки и алишта, обожаваат да се дотеруваат, да се облекуваат, да бидат како сите млади, знам и гарантирам дека ако нешто им се даде ќе бидат преблагодарни и пресреќни и затоа ве молам ако сте од Битола и имате алишта С величина или обувки 36 бр, или завеси, некои патеки или теписонче за да им ја уредиме собата или да се израдуваат со дотерување со алиштата, или можеби нешто шминки, козметика, се за млади што вас не ви користи, пишете ми одма јас ќе земам или ќе платам такси, ептен се срцки и сакам да им помагам.
Е да, конечно сфатив дека јас сум си најважна и никој друг. Единствено што ми недостига се баба ми и дедо ми, кои се одамна починати, некои 6 ипол години. Со нив гледав и фудбал, го обожаваа Роналдо, и мојот омилен клуб, со нив гледав Касандра и Есмералда, со нив јадев палачинки, му бев омилена внука на дедо ми, а имаше толку многу внуци, и правнуци. Тие беа првите на кои им зборував за мојата прва љубов, прв бакнеж, прво разочарување. Уште не можам да се навикнам дека ги нема, постојано мислам дека ќе се појават на врата и ќе ми донесат скара или сладолед. О, и да.. денес сум исполнета, после долго време мене ми е убаво, многу убаво, не размислувам за ништо, прв пат денес делувам директно без да размислам претходно за последиците. Колку малку било потребно за среќа. Ми се насолзија очите пак, овој пат од среќа, не од тага.
Денес брат ми ме направи нааааајсреќна и најгорда сестра на свеееетоов! Од денес, тој е анестезиолог Ти честитам единствен мој
Некогаш некои ќе ти скршат/уништат битно предметче и ти даваат пари за да надоместат штета, без да се свесни дека штетата со пари не се надоместува. Си го чувл, си се грижел со години и премногу ти значи нештото, а некој ќе ти рече еве ти пари и купи си ново...ех чудо големо... Кога милион пати ти е потенцирано дека е битно предметчето, тогаш доволно е човечки да се извиниш и да покажеш мала емпатија кога веќе си го скршил, отколку да се расфрлаш со пари и да викаш чудо големо. Штом некој го чува толку долго, значи е чудо големо и не му се потребни твоите посрани пари. Спомени и поклончиња дадени од личности кои не се помеѓу живите, не се враќаат со пари. Ебати сочувството. Тешко е едно извини да се рече.
Звучам клише, али сѐ е до она како вие ќе се ментално поставите кон било каков предизвик/пречка/проблем. Еве најпрост пример, денес планинарев. И качувајќи се, видов ептен убаво местенце за седење, ама беше прееемногу стрмно надолу, па не ни помислев навистина да се симнам и да уживам во тој поглед кој го нудеше тоа место. Продолжив понатака, иако имав потреба да седнам. На враќање поминав кај стрмната удолница. Си велам, ајде ќе се спуштам, ама како ќе се качам после нагоре? Полека, со страв и несигурност, но сепак се спуштив и уживав неколку минути во апсолутната тишина и погледот. За качување нагоре, не ни помислев како ќе се качам и дали ќе се качам успешно. Единственото нешто кое го мислев е “Знам дека можам и дека ќе се качам, не е ништо страшно ова за мене”. За помалку од една минута ја искачив угорницата со самоуверени цврсти чекори. Веќе ништо не може да ме убеди дека не можам да направам нешто ако имам самодоверба, која доаѓа одвнатре и не зависи од туѓа валидација.
Она кога навистина не ти се оди на предавање следниот ден и доаѓа известување дека утрешното предавање нема да се одржи. На мали нешта како ова знам најмногу да се радувам. Ќе се наспијам утре за сите пари.
Среќна сум. Вљубена Не барам ништо друго. Животот е прекрасен вака. Имајте убава вечер. И сакајте без да се штедите
Вчерашниот ден го поминав во барање на мандала, барање на клучеви, правење карти и се едно нешто....во кое барам одговор. Барам, барам и денес. До толку што не знам ни што барам или очекувам. Дали -Не?! Да!? или Што? Се шекнав, со пророштвата, а одвнатре беснеам тивко. Абе muddy water is best cleared by leaving it alone бе, требаше ли да го прочитам за да ми текне? Ок, прифаќам. Нека се генерира...во процес Zz.z.zzz...z.z
Викендов идејќи си накај дома во 1 саат навечер по тоа темните улички без жива душа, ми се пушта на слушалки "I was made for loving you baby". Така ми се погоди песнава што Вуду направи цел концерт идејќи си накај дома со пеење, со шизење, со све! Ако ме видел некој сигурно му било многу забавно.
Овие денови имам мн. обврски и почнав да го запоставува форумот, но... Се ќе си дојде во ред Добра ноќ
Мајка ми наполни пиперки и се изнајадовме како прв пат да јадеме во живот. Добро, она и прв пат пробува македонски полнети пиперки, а јас прв пат по цела година. Одиме така пренајадени в кревет да гледаме филм. Пуштаме некој трилер на лап топот и јас легнувам на стомак ама како што сум потапанет осеќам притисок како балон да имам под мене, округол како земјава (цркнете рамноземјаши) си се клацкам лево-десно и дишам тешко. Изгледавме можда 5-10 минути и ете ја госпожата: "Мене ми се мочка. Паузирај". Речено-сторено. И зема така мрзеливо да се префрли преку мене за да стане од кревет (ја забарикадирав до ѕид) и си легна на мене надолж со цела снага, а богами и си ја има. А јас едно тешко коа почнав да осеќам... Се пуфкам, се туфкам...стомаков само што не експлодирал. И и викам дека ми е тешка, да го мрдне г'зот побрзо и да ме олабај, да се издишам, ќе пукнам. "Аа тешка сум ти? Сеа ќе видиш ти... " И коа почна да ме скокотка. А јас...еден скокотлив што сум. Чоек да покуша да ме допре се клештам. Хи хи хи, ха ха ха, ху ху ху, застани, нееее, ха ха ха. Пррррп. Завладеа едно 10 секунди тишина. А јас црвен, црвен ко пиперките.. А она... Прдна ли? Хахаххахаахахахахаха. Прднаааа Стана, отиде во WC. Се врати, легна на мене и пак почна да ме скокотка. Пак почнавме да се смееме колку што не држи гласот. Иии. Прднав. Пак. По втор пат. Зорт. Којзнае што ќе беше ако гравче-тавче јадев(ме)...
Станав да мочам и толку од спиењето .Втора смена сум оваа недела, место да се наспијам ко човек, станала она Ви текнува ли на филмот Каспер со тоа убавото машко ? Епа сега ќе си го пуштам тој филм и ќе си лежам на топличко во кревет Убав ден на сите
Околу врски и установување у кој правец се движи истата, дали сте на стаклени нозе или сериозно зацапани, мислам дека треба да обрнеме внимание на една од најпотценетите појави а тоа се прдежите, драги мои. Не знаете дали партнерот е сериозен, ве мачи мислата дали е опуштен со вас, едноставно обрнете внимание на прдежот. Ако не го слушате да прди е ред флег, ако испушта звук како комарец пред умирање циу циу - значи не е сосема опуштен ама на добар пат е, и охохо последната етапа, брзосмртки во вид на пувежи, се знак дека се е беспрекорно меѓу вас и личноста пред вас е wifey/hubby material. Во учебниците да се уведе, амин.
СДК дека ми требаат промени. Ме убива монотоност. Работа-дома, дома-работа. Не ми е тешка работата, колку што е досадна. Има нешто ново на видику, ама само нека биде.
Унфлуенсери ака го обожавам тоа што го работам зошто не работам во суштина ака не работам реална работа ака за некоја година ќе завршам без пари и никаква друга вештина.