Луѓе што мислат дека треба да имаат мислење за нешто што не е за имање мислење туку фактите сами зборуваат. И велат ама тоа е мое мислење.
сакав да кажам , ама некако го премотав цел разговор во глава и звучам премнигу оштро,грубо и круто па решив да премолчам. Каде замина сочуството , што се случува со луѓето околу мене , дали сум во некој паралелен свет , баш од ден на ден се повеќе како да не припаѓам тука
Немојте да ве нема оти нема да ве има. Јавна покана шо почесто да доаѓате на четот на фемина форумот. *поканата/заканата ви ја испраќа Верка Лешниковска
Имаме ли ние институции што треба да се грижат нас, за нашата безбедност и здравје? Имаме ли институции кои на прво место ќе не стават нас и нашите права, а не политиката, името, ЕУ, НАТО? Зошто ни е сето тоа кога го немаме основното нешто за живот? Правото на чист воздух. Од година во година проблемот станува се посериозен, а наместо да се најде решение, сите молчат. Ситуацијата е алармантна. Живееме во гасна комора. Празни ветувања во предизборните кампањи за некој поен плус кај народот, неразмислувајќи дека и самите си го загрозуваат сопствениот живот и животот на своите деца....масовно самоубиство. Не знам како спијат навечер, знаејќи дека бројот на алергии и сериозно заболени во земјава од ден на ден расте. Ни нема спас, је*ала вас Европа. #неседише
Требаше... Е требаше Calla, требаше... На никој не му се лутам, ама сама на себе најмногу си се лутам
Овие две опции ќе завршат работа. BTW. Ама е cringy фејсбуков на Македонски. Го сменив за скриншотов и веќе никогаш повеќе.
СДК 1 Немој ова,немој она да го правиш ми зборат како да сум мало дете. Знам дека некои одлуки треба да ги донесам побрзо и одлично знам што треба да направам,а што не. Но не ми требаат команданти,туку поддржувачи. Доволна сум возрасна за јас самата одлично да ја проценам ситуацијата. СДК 2 Бараат чист воздух,а фрлаат пикавци и кучешки измет на улица и во парк иако во тој парк е забрането да се шетаат кучиња и тоа кога се најавени избори. Фрлаат секакво ѓубре надвор од контејнерите. И после се чудат зошто не чини државата. Па кога не го бива народот,не ја бива ни државата. Се научиле со протест како сиротине Роми и останатите на Бит Пазар со она ајмо 3 или 4 за 100,а само тие продавачи се гревота бидејќи никој не се буни на големо за нивните проблеми. Никој не спомнува да се организира протест со барање државата да им помогне. Оние кои се жалат на загадувањето,а самите не преземаат ништо за да се најде ефикасно решение за истото,се одлични продавачи на магла. Секој може да каже по нешто,но ако никој не сака да се покаже на дело,сè е џабе. #МакедонијаЧудеснаЗемја
Едвај чекам да ми заврши смената, срцето ми спие. Па уште и врне надвор, едвај ги држам очите отворени. Денес ќе го поминам денот во спиење и малку на раат. Напорна беше неделава...
Кога ослабев некои 5 6 кила пред година дена, следеа коментари од типот, леле колку си слаба дојди та ди дадам нешто да јадеш, да не си ослабнала уште малку коските ќе ти ги броиме, повеќе од ова да не си се осмелила да ослабиш. А немаше врска, тежината беше во здрави граници во однос на висината. И сега една година подоцна, качив 8 9кг и пак коментари од типот ауау како мини слонче си, што е оваа месо тука на ништо не лили(мајка ми) и јас као wtf луѓе што ви е на вас? Најчест случај кај нас е на слаба девојка/дечко цело време да и/му тупиш дека е слаб, а исто и на покрупни да им тупиш дека се дебели. Не знаат дека тоа мава на психа. Никаде не се гледа колку труд вложил некој да проба да се здебели или да ослаби. Престанете да ги етикетирате луѓето по нивниот изглед, со тоа само им отежнувате.
Кај сте бе ? Се заборавивме а ? На мејл ми стигнало од Групер код за 10 % попуст .....па ако му треба на некој, еве ви го , слободно вие искористете го. Туку почнаа попустите или тек следат ? Влегувам вчера во NewYorker , платнени патики во разни бои за само 1 евро Штета, имаше само 36, 37 број , а јас носам 39 , више срече следечи пут Утре празник , ама Херера ќе работи , па мора некој и за празници да работи. Денеска сум слободна што значи КОНЕЧНО може да се исфарбам и да заличам на човек После ќе идам до маркетите да пазарувам оти утре ќе биде се затворено , па да не цркнам гладна. Што сакав да кажам бе ? ...... и среќно си живееја Сама ќе се испратам
Моментот кога срцето слатко ти затреперува кога ќе видиш порака од онаа специјална личност на екранот Нема поубаво... И по толку време , и по толку нешта поминати заедно јас се радувам на секоја порака, повик, допир и прегратка. Баш како да е првиот ден. Знак дека времето ништо не им може на вистинските чувства Може само да ги интензивира.
Убаво рекол К.Маркс Религијата е опиум за народот. И не,не си компетентен/на да судиш за и околу Халовин. Мислам хелоооу-споделуваш слики од икони на ФБ и пишуваш АМИН
Халовин бил трауматичен за мали деца, ѓаволска работа било, а траума не е тоа што ги водите на Духовден навечер по гробишта, на собиранка кај духовите. Ебаве ненормалните.
Да славиш некогашна направа за егзекуција (крстот) со посебен празник за истата, да ја имаш на накит и на свашта, ако си мУж по можност и да се фрлаш по неа во река на -10 степени, симболично да ја пиеш крвта на Исус преку виното на литургии, да јадеш по гробишта - сето тоа е најнормално и „наше“ за овие простори, ама затоа маскирање во страшни маски е секташка пракса и дегенерација. Дефиницијата за нормално е посебно релативна за умови задоени со религија. Поддршка за сè комерцијализирано, секуларизирано и апстрахирано од верските ограничувања, кое луѓето си го практикуваат за забава и дружба.