Да,имаат. Кучешкиот измет мириса како и секој друг измет,смрди.И цигарите имаат непријатна миризба.Многу несовесни луѓе фрлаат на земја пикавци,а често има и недогорени.Се шират непријатни миризби во воздухот и им се крати кислородот на луѓето со респираторни заболувања.Недогорена цигара може да створи пожар. Еден ќе фрли едно,па друг ќе види и тој ќе фрли,па третиот ќе фрли нешто,па потоа и куп други и се создава депонија на место кое не е наменето за тоа.После сите кашлаат и се разболуваат.
In the meantime, додека се расправате дали пикавец загадува воздух, Дрисла согорува тони медицински отпад увезен од којзнае каде. Многу полесно е да се впери прстот во обичниот човек, додека вината е во некој што ќари милиони на сметка на здравјето на луѓето.
Во право си,но и обичниот човек не постапува совесно.Лесно е и да се каже дека политичарот е крив,што е и вистина.Но,сите прават грешки,а никој не ја поправа ситуацијата.
Попустот важи за оние кои купуваат од Македонија , на македонскиот Групер. Ако си за филм, имам 2 Gutschein кои важат за 4 различни кина, па кога сакаш и со кој сакаш можеш да ги искористиш. Може да ти пратам на адреса. Јас неам намера да одам на кино, дома ќе дркам. Овие 2 за бесплатни карти важат за во Германија. Да имав од Мк, ќе ви пратев , ионака нема да ги искористам јас. Уз пат имам и 2 кода по 10 % попуст (значи 2 пати по 10 % ) со автобусите Flixbus, ако патуваш некаде, слободно кажи, одма ќе ти сликам и можеш да ги искористиш. Јас слабо се возам со автобус, така да нема да ми требаат.
Работно со внуката,еве Внука и Дедо што правеа цел ден Неделава ја завршувам спортски,викендов планина,чист воздух,мир,тишина и мирување.
Никогаш не сме биле сплотени како народ, и нема ни да бидиме. Ние сме гнасна семка од народ, често се радуваме ако му умре козата на комшијата, се радуваме што дворот на комшијата е гнасен, а тоа што ние се давиме во сопствен измет, не е важно бе. Арно рекол Гоце Делчев, дека не познава друг народ кој повеќе си наштетува и предава себеси од Македонците.... Со извинение и пролив ќе се напиеме да ни дадат, и ќе речеме убаво и вкусно дека ни е, ама нема да се сплотиме да протестираме против штетниците и крвниците кои маме ни е*ат 30 години, така да, арен ни е и овој воздух што го дишиме
СДК ги мразам оние девојки кои мислат дека можат да добијат се во животот со малку флерт и трепкање со очињата. Направи нешто сама, постигни нешто со свој труд па после биди на тој степен на самоувереност кој го имаш сега....
Во Куманово од кран се откачила метална конструкција и паднала врз 10 работници, двајца од нив се во критична состојба. Ај да погодиме што е следно - фирмата или било кој што е одговорен за ова ќе најде начин да ги замолчи или ќе се прави на Тошо дека самите си се криви што се нашле во тоа време на тоа место и ќе си продолжи со работа како ништо да не се случило...како што и отсекогаш било во државичево ни наше. А тие истите луѓе што втор роденден имале тој ден ќе продолжат да работат, што од немање друг избор, што од разни причини и секој ден на работа ќе им биде животот на коцка. Се надевам и тоа многу само дека грешам со ова што го велам и дека конечно некој ќе си ја потчукне главата и ќе се свести дека човечки живот ниедни пари не го враќаат.
Сите загадуваме. Комшиката од први шо ја фрла кесата со ѓубре од тераса, комшијата од трети што не си го собира изметот од миленикот, јас што палам кола за работа што ми е до гз и да не набројувам. Кога ќе дојде зима сите као еколошки освестени стануваме а не мрдаме со прст да смениме нешто, најмалку себе.
Зимно време да се забрани грав за ручек. После од тоа издувните гасови,се загадува воздухот Да се земе и тоа во предвид
Во контекст на загадувањето, деновиве врти едно видео каде една стара бабичка, горда скопјанка по татко и дедо, кажува због зашто Скопје било загадено, и искрено наведува реални причини, но на крајот го сјебува муабетот кога вели дека порано не било така во Скопје, ама откако дошле селани во Скопје го загадиле, јер овие хардкор скопјаниве не загадувале ич. Иронијата е во тоа што бабава сите ја потапшаа по рамо, океј, така да си знаете вие селани што сте дошле во метрополата, виновни сте не само што им ги земате работните места на скопјани, ами виновни сте и за лошиот воздух што го дишат Дури и во вакви ситуациии ќе се делиме на метрополци и селанчишта Скопје го зедов како пример, ама реалноста со ваквите глупави поделби и етикетирања подеднакво е иста.
Се е тооолку досадно.Во недела имам роденден но ич не ми е гајле.И така ќе го поминам на најглупиот можен начин.Ќе го славам во сабота во дискотека ќе глумиме малку лудило као сите се сакамеИ после се враќам во моето осамено лежење во кревет. Ќе напишам книга Засекогаш сама со своите мачиња јеј
Истото ќе го пишев. И падна све у вода со последната мисла. Да ме има видено бабиштето горда Скопјанка, мене од провинција - сељанка ( и многу други налик мене ), како книшка од тост/кифла после факс носам со мене пошто немаше канти и не ми се свиди да фрлам на земја, ја носам со мене па се има случувано и до Куманово да ја донесам пошто немало соодветно место за фрлање па несвесно во џеб го пикам отпадокот од хартија, само да не заврши на улица или тротоар. Кога до сега не увидела, нема никогаш. Штета само што со таа мудрост веројатно ги израснала своите внуци, денешни СкУпјани нели..
И воздухот го издишавме а? Лоши, лоши провинцијалци! Оф бе, дури увезуваат радиоактивен и медицински отпад со ШЛЕПЕРИ, се најде бабата да мрчи за луѓето од страна. Ама кој да си ја чукне главата. Сите заедно сме за никаде. Едвај 30 луѓе имаше на протестите за загадувањето. Затоа на митинзи и партиски протести за едните или другите машала народ. За срамота и за греота сме сите!