Како што тргнала таботава на форумов, а со цел да не се вознемират сезнајките, Аве Мариите и разноразни божици, пред да се постира мислење ќе мора и барање до архива да поднесуваме.
Кога знаеш дека си осамен? Кога од твојот број си ѕвониш на твојот број, ти кажува дека е зафатено, исклучуваш... и потоа ти стигнува порака од ТМоbile дека некој те барал Не сум возможна Пу, камо да можев и гласовни пораки сама да си оставам
Она чувство кога ќе видите некоја стара фотографија и кога солзите се ронат по вашето лице. Ах,тие убави денови,кога сите бевме заедно.Секој ден смеења,кавги,шеги. Сакам да се вратат тие денови,многу ми недостасуваат. Се надевам дека во новата патека што следи ќе имам многу среќа,дека ќе успејам во моите замисли. Добра ноќ.
Коцка по коцка ми се средија работите. Оние небитните ги тргнав на страна, премногу сум зафатена за да се замарам со тие глупости. Она што ме мачеше најмногу мислам конечно се среди. Донесов некои одлуки, секако за мое добро. Сега ми преостанува да уживам. Ама повторно нешто ми фали, има некоја празнина, се чувствува. Ќе сфатам можеби што е, сега ми е на „игнор“ ставена. Деновиве ми се само за уживање. Оставив се во рацете да судбината, не за џабе кажале „што треба да биде, ќе биде“, па нека биде. Јас трпеливо ќе си чекам, не се брзам. Имам цело лето пред мене т.е цел живот.
Преубаво си поминав на концерт! Се изнапеав и изнавикав на цел глас, се изнаиграв и си поминав преубаво како што само јас умеам, да сум највесела во друштво и да заборавам на се што вообичаено ми лета низ мислите во секојдневието. Браво за Жељко (т.е. за двајцата Жељковци ) поздрав до другарка ми која многу си ја сакам и која за неколку дена патува за Германија. Се надевам кога ќе се вратиш не чекаат уште безброј вакви помини мила моја. Оваа вечер ја поминав со двајцата најсакани пријатели меѓу останатите подалечни пријатели кои пак ме потсетија на старите средношколски, тинејџерски и опуштени денови. Убаво чувство, убаво разбивање монотонија, нема што, ми годеше. Јас ја истрошив својата енергија најдобро што можев, сега можам да си легнам. Вие останатите имајте слатки сништа без разлика како сте ја истрошиле вашата енергија. Добра ноќ.
За помалку од половина час ќе излезеш од дома. Ќе отидеш на аеродромот, со неколку куфери. Ќе седнеш во авионот, и најверојатно четирите часа лет ќе ги преспиеш. Секако, изморена си, цела ноќ не заспа. А и јас со тебе го чекав утрото. Се знаеме неколку месеци, но само виртуелно. Како и да е, ти ми стана дури поблиска и од сопствената сестра. Сите тајни ги споделив со тебе, а и ти твоите со мене. Од тебе научив една важна лекција за животот. Без пријател, нема живот. Сега заминуваш, иако на само неколку дена, а дури и тогаш ќе си пишеме, сепак ќе ми недостасуваш. Премногу. Се надевам на вистинска средба летово. А да, уште еднаш. Пријатен лет најмила моја Dream-Girl. Те сакам.
Искрено почнува да ме плаши помислата дека овдешниот начин на живот, опуштеноста на луѓето, среденоста што никако не ја очекував, ќе ми се засвиѓа толку многу што ќе посакам да се вратам пак и пак и пак. А после тоа нема да сакам никако да се намирам и да се задоволам со нешто помалце од тоа, и вечно незадоволна ќе лутам низ странциите, барајќи го тоа што родното место не може да ти го пружи. Не ни зборувам за пари. Зборувам за некој дух што многу ама премногу ми фали кај нас, некоја живост што можеби на некој начин доаѓа од полниот џеб пари, ама не знам. Некна поминав некои 20 минути учејќи професор по филозофија како да праша како сте на македонски. Се воодушевив од тоа колку беше нашетан и начитан, знаеше за буквално секоја област, за на крај муабетот да ни заврши на германски јазик - човекот во младоста бил да студира дел од студиите на Гете институтот. И толку многу беа погодени со жена му, двајцата со тој бистар и интелигентен поглед, луѓе со кои можеш бескрајно да зборуваш за паметни и нормални работи. Ете тоа го наоѓам тука, има и глупа раја на велико, ама оние другите.... секоја им чест. Знам само дека кога ќе си дојдам, се зафаќам со процесот наречен инвестирање во самиот себе, своето образование и својата личност. Како скромен поклон од мене за мене, по повод американското полнолетство... почнувам да го барам тоа што ќе ме усреќи многу повеќе од смалувањето на сопствениот дух и обидувањето да се задоволам со малку. Тоа е,за жал, невозможно за мене.
Гледајки ги сметкиве се ми се чини дека од славините ми тече нафта,ѓубрето ми го однесуваат со лимузина,струјата ми е во заглавен роаминг а сметките наместо чичко поштар ми ги носи самиот Роналдо. Е така!
Да се пофалам дека на помалку од метар од мојот прозорец гугутки свија гнездо и од пред неколку дена, на моја огромна радост, во гнездото има две мали, сиви, чупавки, апсолутно преубави пиленца
Хоштаплери, лопови без осет за туѓа сопственост... оваа држава е рамна на гето како целина, овде само се глуми цивилизација, во суштина таа не постои.
Оси и јас... Па зарем има поубаво чувство од она кога знаеш, ја гледаш опасноста, ти се приближува, но по некое време одлучува дека не си ти лошиот овде, ниту никој? Е така да знаете. Нема. Еве ги, десетицо. Лазат до мене, јас уживам и так кулиркаме. Тие уживаат врткајќи се околу крушата, јас уживам лакирајќи се. Најубаво ни е.
вчера бевме со другар и другарка на концертот на Жељко Јоксимовик и навистина беше супер загревање со Жаре берберот-а таман си реков немам пари за трошење нема да одам па Жељко, Даниел Кајмаковски, Рибља чорба, лепа брена,Жељко Самарџик, и окапавме на стадион до 1 и 30 наутро а моите не се живи ако не ми направат скандал па така да додека си свративме во Привилеџ-10 евра е влезница не се нормални жими се додека се одморив, вечерав 3 часот стана ме буди мајка ми во 12 и 30 не можам да се освестам(антидепресивите ме тераат да спијам) и уште ми се спие
Ако зборував за година дена промени, ова не знам веќе што е. Како да се сменил ВМРО и дошло сосема нешто ново. Лав мај лајф ет дис поинт. Куферчина, човечина, љубофчина. Убавина е кога ќе ти рече еј дојди таму и таму. Таму попладневни часови-празно. Едно чиче си музицира на пијанцето, една женска се мота околу него, а он му намига и се фаќа за микрофонот и се осеќаш као во друг свет. Си лебдиш, неколку педи во воздухот. Го гушкаш светот. Струја по цело тело. И што би рекла Сабина, чекам неки документи. Лајф ис гуд! Сите ги сакам!!!!!!!
Една ли единствена сум што не бев на фамозниот Жељко , а притоа не ми е баш ама ич гајле .... Значи да не се сватиме грешно не сакам да деградирам тука луѓе, вкусови , или незнам .... ама преку глава за селската музика на Ж. и фамозната бројка од турбо слушателите и обозавателите . Кој притоа пола од нив се прават, хипхопери, рапери, адерграунци ,металци и рокери .
^ Респект. Капа симнувам. И јас не бев на Жељко иако повеќето од другарките беа. Признавам дека Желко има некој убави песни и убав глас ама си останав достојна на рапот. Рап е моето сра*е