Паметни контејнери се става за паметен народ, а јер сме далеку од паметни ова е тотално утната инвестиција.
Живи бруки На некој вол да земеш да му објаснуваш па ќе сфати што е правилно, ама човечки волови и говеда нема да сфатат. Зеле и фрлаат ѓубре кај ќе им текне, да ти е срам турист да донесеш на гости или да кажеш од каде си Дали нецивилизирано племе во Африка посетуваш, дали Северна Македонија ја посетуваш....исто ти е.
Тие и во племето дури имаат какви такви норми како да се однесуваш во заедницата и да придонесуваш. Бетар сме...
А постариве што се свесни за загадувањево и дубоко загрижени и увреѓени од нас невоспитанава младина... Зеде една стара типка по река да фрла кеси со ѓубре, а на метар од неа имаше контејнер. Реката веќе не тече тука оти има брана од пластика. И ај воздржи се да не ја потурнеш неа така в река- нели ѓубрето таму се фрла, па нека земе да дроби оти сме збеснати и не сме тепани како тие што биле порано.
Луѓе на марс ќе почнат да се селат, роботи ќе почнат работата на луѓето да ја работат, постои можност за трансплантација на секој ебен орган, ќе почнеме коли да возиме без да држиме волан... time traveling машина да се измисли и понатаму ќе има луѓе што цел универзум го делат на свето Скопје и провинција.
Кој трик е тоа дека домаќинствата, човекот и издувните гасови од автомобилите и градскиот превоз се најголеми загадувачи на воздухот, не сме ни свесни. Фабриките си шибаат без филтри, лоцирани во најкритичните точки поради кои со ветер воздухот се пренесува кон градското подрачје и затоа не се диши. Не велам дека нема и други фактори за загадувањето, ама дефинитивно не се тие фактори главните виновници. Е сега што не излегуваме на протести, тоа е друга ствар. Тука гледам вина во секој еден од нас. Затоа и ќе се гушиме.
Вака у ретроспектива кога ќе погледнам, најубавите и највпечатливите спомени ми се од скроз неиспланирани настани. Покани на кои сум рекла само “Да, ќе дојдам.” Почесто викајте да на last minute ствари, идната верзија од вас ќе ви се заблагодари за тоа.
Извините сите од "провинција"(од која патем и јас доаѓам). Ама,ние "провинцијалците" имаме орган плус со кој воздухот го претвараме во отровен гас кој ја загадува метрополата Скопје. Ова е тајна над тајните,но ја откри чистокрвната баба-скопјанка на која прадедо и бил Александар Велики кој е исто така чистокрвен скопјанец. Замислите си какви машини сме ние"провинцијалците" со што доведуваме дневно во Скопје по 1000+ штетни pm 10 честички.... Се додека имаме ваков менталитет и без везе поделби ние ќе сме уште во на Султан Сулејман времето,не пак да влеземе во ЕУ... И најжално е што има и млади скопјани што најголемо животно достигнување и е што се "чистокрвни скопјани".
За сите СкУпјани што немале работно место поради провинцијалци, нека насадат нива или поле со овошје и зеленчук... или тутун. И тоа е исплатливо. Колку провинцијалци живеат од земјоделие. Или нека пасат овци и говеда, ќе произведуваат млечни производи. Таман ќе се пешачи до полето и нема да се користат превозни средства за загадување на воздухот. Или ќе се искичмат ако фатат мотика или вимето на кравата?
Ми се гади кога ќе видам по интернетов 0 (нула) калории сирупи, храна, сокови... Уште да видам мед со нула калории и толку е..гасам нет.. Спојлер: Дисклејмер :D Патем и јас пијам кока кола без шеќер ама не поради калориите, туку поради шеќерот ... си има благи задоволства за тоа, не мора да е кока кола
Не мислам дека постои најмоќен човек на светов. Постојат во финансиска смисла и толку. И повторно ќе ми кажат некои - ама без парите не се може. Точно, не се може, ама дали парите ќе ми помогнат јас да го пронајдам мирот со себе, човекот што го сакам, да создадам пријатели и да имам семејство кое најмногу ме сака на свет? Природата е посилна од сите нас. Ти кој сакаш биди, колку сакаш имај пари и величај се, доволно е еден срцев удар да те фркне, да те остаи на место и да те однесе таму каде што сите сме еднакви. За жал. Штета што не сме сите еднакви и во вистинскиот живот додека живееме. Морбидно е, ама тоа е вистината.
срцка во селата во Австрија секоја недела фрлаат тон гомна од крави,на секоја зелена површина за да остане зелена. смрди корне а воздухот им е најчист. смрдеа и кислород немаат додирна точка ,како може да се крати од кислород? ѓубре нормално дека не смее да се фрла,зошто се не разградува,ниту пикавците се разградливи. ама изметот од било кое животно ќе го снема за два дена.