Сдк дека спиев од 00:00 до 10 часот утрово и можам да кажам конечно се разбудив наспана без чувство дека ми фали уште сон. Камо да можеше секој ден да е вака. ---------- Исто, исто! Скроз истото го доживеав со таканаречените "другарки". И не е се' тоа, на крај тебе те прават виновна дека "само се караш" и дека се' што се случува во друштвото е твоја вина. Им функционираше манипулацијата едно време, но се освестив и се оддалечив. Па и моите чувства се важни, не треба да осеќам како да газам по јајца кога зборувам пред нив за случајно да не речам нешто што ќе им биде тригер да ми изнаречат такви работи.
Бев на гробишта.Сè повеќе и повеќе се полнат. Многу млади животи изгубени,што од сообраќајка,што од болест. Не чини народот,а не чини ни здравството. Возат скапи коли,се чаламат.Не гледаат дека некој сака да ја премине улицата.Како да ќе ги чини нешто да почекаат неколку секунди.Та и семафорине се џабе.Свети зелено за пешаци,а некоја будала со кола брза да помине пред пешакот.Не гледа дека пешакот со право си поминува. Пример... Вчера свети зелено за пешаци и јас си тргам кога се избацува и поминува пред мене возач со возило на авто школа.Се надевам дека тој не положил. Но,сè сум видела кога парите играат.Сообраќајките докажуваат на какви будали им се даваат возачки. И здравството ни е многу лошо.Овде многумина умираат и од обичен грип. А,и тешко болните ги мавтаат од едно место на друго. А,сите се силат дека државата треба да напредува. Со ваков памет никогаш нема да нè биде!
Сѐ си во право ама ова... Да, кандидатот вози и треба да застане на пешаци, ама инструкторот е тој што треба најмногу да реагира во вакви ситуации, особено итни. Неискусен возач што учи, а што не е ни возач уште не може да има развиено добри рефлекси и да биде оспособен да внимава на сите детали за неколку недели, па и месеци зад волан. Затоа инструкторот или совозачот од комисија треба да ја има таа способност, да внимава на секој детал и веднаш да згази кочница ако кандидатот не види пешак или знак. Кога ќе вози сам со земена возачка, тогаш ја бараш вината во него.
Доста ми е од секакви постови во групи. Од оние што делат памет по социјални мрежи бранејќи ги кучињата скитници. Од оние што осудуваат секого и сешто а самите треба да се свестат дека не се во позиција да зборуваат за други. Ги мразам дебатите каде луѓе кои се полуписмени постојано пишуваат и никако не можат да се разберат и сето тоа прераснува во караница. И не немојте одма со камења по мене, немам ништо против животните, само мислам дека се претерува со постови за нивна заштита и се претерува со нивно величење. Океј сакате кучиња. Чувајте си ги дома сите и ќе нема скитници, или уште подобро штом толку ви се мили земете си ги дома и поштедете ги сите !
Да добивав по еден долар секој пат кога го читам овој "аргумент" ќе имав доволно пари да изградам еден убав стационар и да ги приберам кучињата кои изгледа претставуваат најголем проблем во државата, се' друго си е супер. Прво, никој вистински љубител на животни не сака да ги гледа кучињата на улица како се мачат и сака да се тргнати од таму. Второ, никој не може толку кучиња да прибери дома колку што простата маса може да фрли. Трето, се' додека не се воведат казни за фрлање и малтретирање на миленици вака ќе ни биде. Кучињата не никнуваат сами на улица. Најмногу боли и најмногу памет иди кога по џеб го маваш народот. Четврто, во нормални држави нема да видиш куче скитник на улица оти сите се уредно прибрани. А замисли некаде има и полиција за животни што воспоставува ред и оној кој ги прекршува законите за нив оди во затвор и повеќе нема миленик да поседува во животот. Ама ние не сме нормална држава, уште сме во среден век заглавени со менталитетот и многу многу години ќе ни требаат за освестување, ако воопшто се освестиме. Не ни пишувам на фб по групи за животни, ама следам што се случува. Да не се тие луѓе што се толку ангажирани за нив, уште полошо ќе беше од ова.
И тоа е точно,но се очекува кога проаѓа пешак,возачот да застане.Тоа е општо знаење. Се губи вредноста на знаењето.Сè оди преку врски.
Јас вака паднав првиот пат кога полагав градска. Требаше да свртам на семафорите од железничка лево, за накај Веро. За мене зелено и си терам, вртам лево и не видов дека и за пешаците е исто зелено. Се стаписав у место откако сфатив што грешка сум направила. Може да му се случи на секој и на човек што е 10 подини позади волан. Барем за ученици од авто школи треба да имаме најмногу разбирање и трпение. Нема потреба од вакви коментари.
Авто школи ти возат со 30-40 на саат, инструкторите имаат кочници исто. Трагедија не е можна да се деси. Попрво може да те прегази таксист што вози 20 години отколку ученик од авто школа.
Ако ги сакате земете си ги сите дома. - мисла со која полуписмените мрзачи си ги отвораат социјалните чакри. Толку ли ви е мозочето само? Јас мажите ги сакам. Ќе си ги земам сите дома. И твојот ко ќе го имаш.
Поминвам улица. Уствари чекам прво да поминат колине за као сваки нормалан чоек да поминам. И како секоја будала си чекам,наместо као во повеќето случаи шо прат,да претрчам,глеам коли врват и одозгора и одоздола. Остајте то,еми ко се свртив дали има уште коли од мојата лева страна за да мом да поминам,глеам едно детуле ваљда 15тина години шо го знам шиба батето со точако на едно тркало се прае фраерчина кабадаја на ѓо,а околу него коли од сите страни,и ај се најде некој совесен му свирна да не се занесва оти можи ете не дај Боже некој на неќење бааам и оп со точако колут назад ќе направеше пискул еден. Море тркало дете не се прај Тошо на улица,до семафори шибаш на едно тркало,дудук... Абре деца бре...утре другиден коли ќе ви дат да возите бе...
Ништо друго не ви посакувам освен убав ден. And make ur own sunshine ☀ Многу стресна недела проживеав. Огромен стрес. Допрва ќе ми треба сили да се изнаплачам и да се изнашетам шо природа и мир.
Кога се преселивме во станов комшииве наспроти нас имаа малечко новороденче. Буквално тогаш родено. Пред некое време го видов кога имаше неколку месеци, а денес го гледам веќе е едногодишно момче. Се сретнавме пред влез и детево веќе патка и си зборува. И така гледајќи го детето како пораснало и се променило, сфатив дека и јас сум остарела. И јас и сите луѓе. Цела година поминала и сите сме променети. Не сме свесни колку брзо поминува времето, се дур не видиш некое помало дете колку е пораснато. Пошто луѓето што ги гледаш секој ден секогаш ти изгледаат исто и не приметуваш дека сите стареат. И сами си се гледаме секој ден во огледало и си викаме: Еј супер, иста сум ко пред десет години. Ќе ставиш маска, крема, шминка и ќе ја покриеш брчката, ама реалноста е дека времето поминува и сите се променуваме и старееме.
Ако се случи трагедија со возило од автошкола крив е инструкторот, не за џабе е кочницата кај него. Јас на почетокот можда 10 пати ќе направев сообраќајка ако тој не изреагирал секој пат на време.
Камо да можев да ги приберам кучињата од надвор. Ем нив нема да ги мачи глад, жед и студ, ем ете луѓето ќе немаа мака од „агресивните скитници“. Ама не можам ете. Не можат луѓе помоќни од мене да ги приберат, како во секоја нормална држава да ги згрижат па сите кои имаат желба и можност да си посвојат од таму по некое, поединци ќе ви го решеле проблемот и уште криви ви се што не го правеле тоа. Сакам животни и срце ми се кине кога во очи им гледам колку се несреќни оние на улица, ама не можам ништо да направам. Немам можност и услови, ете Џоли баш пред некое време имаше пост тука за куче што само го врзале во двор и му фрлале сув леб и вода. Имам и јас примери такви, и тие, иако не се улични кучиња, пак си страдаат, оти куче си сака грижа, внимание. На работа сум по цели денови и со други обврски плус, како ќе се грижам и за кучето? Некогаш, понатака, ако дозволат условите, ќе си земам куче, желба ми е. Ама се` зависи од условите. Ете, сакав да кажам дека тоа ,,ако ги сакаат нека ги приберат“ е многу прост став.
2 11 2019 Има надеж Доаѓајќи од работа по пат сретнав човек кој стоеше до едно мало маче.Мачето лежеше беспомошно а до него пак имаше друго маче кое загрижено се врткаше околу него.Малечкото беспомошно маче лежеше и изгледаше многу исплашено а погледот му се задржуваше само во една точка.Секако јас отидов да помогнам...Човекот рече дека така го нашол мачето и се гледаше дека е загрижен.Јас пак се сетив дека тоа маче најверојатно е маче на човекот кој живееше во куќата спроти улица.Веднаш итрчав да им кажам дека нивното маче е повреденоНа вратата излезе една стара баба.Енергијата малку и наликуваше на радознала вештерка.И реков за мачето а таа ми објасни како тие имале многу мачиња па дај боже сите да ги согазела некоја кола...Си реков кој како мисли така се враќа и си излегов.Отидов повторно до човекот и му реков дека сакам да го носам мачето на ветеринар затоа што му беше прекршен 'рбетот.Тој рече не,јас ќе го носам.Ете тогаш видов дека има надеж.Има надеж дека сеуште останал по некој човек меѓу многуте луѓе.
Сите оние што толку се загрижени за кученцата од улица нека си посвојат по едно, тоа (скоро) секој го може. Ќе направат добро дело, ќе спасат еден живот. Ама освен кукање по социални мрежи, како никој да ги нејќе нив... Јас цел живот сум доведувал кучиња од улица дома и сум ги чувал. Ама во последно време наидов на неколку коментари од овие погорниве што кукаат на социјалните мрежи колку ги сакаат, а оваму зборат како кученцата се грди, нечисти џукели и сум бил ненормален што сум прибирал такви. Што уличниве фалични ли се? Шугави ли се? Или не носат толку лајкови на инстаграм. Никој не брани никому да си купи расно куче од неколку стотици евра, ама бар тогаш нека не зборува колку е загрижен за уличниве. Лицемерно е. Не за друго.
„Ќе му раскинам ако има мал". Океј. Тогаш машкиве нас може у кафез да нѐ стаат кога ќе добиеме. Мене така ми доаѓа тоа. Иначе да, 21 век е, само ние у Македонија не сме. Уште не.