Обично не споделувам туѓи слики ама оваа многу ми се допадна. Може народов е чуден овде ама фестивалите им се врв. Ова е lantern festival, a пред месец дена имаше и candle festival. За candle фестивал секоја улица, ќош, тараса, врата беше украсена со свеќи.
Ехх ова е живот,убавини,мир,тишина.Ке морам Скопје да го заменам во брзо време,доста е од гужвите,хаосот,загаденоста,технологијата,интернетот. Спојлер: Ова е живот,мир,спокој.
какви се арогантни и безобразни луѓе има не ми се верува...ќутиш од што имаш некој последен нерв останато арен, и на глава ке ти се качат ако треба....аман
Не ми се верува...парков во градов,кој на времето во бивша Ју,беше меѓу 4-те најголеми и најубави , а во меѓувреме вратен со денационализација...исечен е до земја.Дрва стари повеќе децении во градов ги снема.Ги нема и спомените од младешките прошетки... Се е фино иструпено и наредено,кубицирано најверојатно за продажба.. И тоа малку воздух што имавме сега го немаме... Срамота!!!
Фб ми е преплавен со видеа во живо каде се гледаат повеќемина пијани мажи,некој пеач и зачадена биртија.А тоа да ти било род.забава за жена му која се бори со најтешката болест.
Е немoј тaкa, кaкo без интернет ќе му пoкaжеш нa светoт пoсле декa си вo шумa и уживaш вo мир? Пoлa рaдoст е тoa. Или книгa плaнирaш дa нaпишеш -Кaкo гo прoнaјдoв свoјoт мир нaдвoр oд цивилизaцијa. Легендaтa вели декa пoстoи чoвек штo се oтргнaл oд грaдски гужви и живеел oсaмен живoт вo некoе плaнинскo селo a скoрo никoј не дoзнaл зa тoa.
Се избањав, спастрив, средив. Легнав и оп милион комарци ме одраа. Значи, сега се замислувам во некој од филмовите на Марвел со спреј во рака убивам комарци. Избегав во друга соба, запалив миризливо стапче, се покрив и чекам. Гдје сте ми сада моји мали пријатељи.
Да Нема потреба на Светот ништо да му покажувам,битното е сам на себе да си покажам,дека имам мир и уживам.За книга не сум толку инспиративен,ни вешт тоа ке го оставам на некој друг. Запознав постари луѓе кој буквално сами живеат во Селово,си го пронашле мирот и спокојот тука,скоро целиот живот тука се сами.За милиони евра,вили,коли,богатства,не би можеле да ги довлечка некој во Град или во Скопје,шанси нема. Иначе во Селово и Планинава каде што сум е роден Петре М.Андреевски и тука му е вечното почивалиште.
Кога ќе ставиш крај на пријателството со луѓе кои те понижуваат, ти зборуваат зад грб, те омаловажуваат, зошто после тоа ти пишуваат по 1000 пораки на фејзбук дека демек сакаат да се смирите дека демек не можеле без вас... А тоа што го пишуваат по фејзбук не можат во лице да го кажат.... Ако попуштам знам се ќе биде како порано, затоа не попуштам нека остети како е на туѓа кожа и како ми било мене кога ми го правеше сето тоа низ кое сега таа преживува.... Ѓубре
Среќен роденден Денес сум во препотентно расположение Се осеќам атрактивно, како сите очи да се вперени во мене , којзнае од што така Лигава работа, шмизла Ш класа Огледалце, огледалце мое, кажи на светот најубав кој е ? ......... уште 15 дена ..........
Седиме пред каминот со жм, се гушкаме и она ми вика Љубов, ми се јаде. Јас: Што сакаш да јадеме? Она: Ммм, нешто топло. Јас: Супа може? Она: Не. Цела недела само супа јадам Јас: Епа како мислиш да оздравиш без супа? Ајде, што сакаш? Она: Пица. Ама топла Умрев од смеење
За прв пат у живот осетив како е физички да ти се гади од некои луѓе. Самата помисла и ете, апетитот го снемува. Три дена ме држи веќе. Али on the brighter note, ќе ослабам малце.
Очекувањето на нешто е често пропратено со поубави чувства отколку доживувањето на самиот момент. Затоа петок вечер ви се пини подобар отколку самиот викенд. Планирањето, резервирањето и пакувањето за на одмор се повозбудливи од самиот одмор. Патувањето до дестинацијата е повозбудливо отколку пристигнувањето таму. Ова особено важи и за љубовта. Тоа слатко очекување, пропратено со непроспиени ноќи, полудени мечти срце што удира толку силно, како да ќе излезе од градите. Убаво е. Нема поубаво.
Не може да се биде искрен и реален кон секого. Не можеш на некој со кого не си близок и во кого немаш доверба да му ги кажуваш своите чувства и проблеми. Како на секого да му се отвориш? Кога не секој ти мисли добро. Кога гледаат некои да имаат материјал за оговарање и ситење.