Мисли си. Сум видела и инструктори сами во такви автомобили кои возеа над 50. Главниот проблем е во тоа што врски се употребуваат и за добивање возачка. Некои луѓе ги интересираат само парите,а не тоа дали кандидатот ги памти правилата.
Точно е дека инструктори сами во кола возат побрзо, но да сум видела или прочитала за несеќа со авто школа до сега не сум, ако грешам поправи ме. Точно е дека се добива возачка со врски и мито (цела држава ни функционира по овој начин нажалост). Но да се плука по ученик кој учи да вози и го гледаш дека е авто школа стварно нема потреба. Мене ова ми е ко оние шоферине што свират ко ненормални по коли од авто школи кои возат споро. Е поголеми сељаци од таквите амин.
Јас еднаш кога возев со инструкторот баш наидовме на сообраќајка во која беа возило на авто школа и обична кола, ама вината била во другиот возач. Среќа штета имаше само врз колите. Мене ми свиреле од позади кога сум чекала долго време да свртам на споредна улица зашто имало многу коли а овие сиротиве зад мене им се брзало. Па ќе ме претекне некој и го гледаш пак мора да чека да се ослободи улицата.
Немаме сообраќајна култура Тане, уствари немаме никаква култура. Возачот почетник не за џабе има табличка позади на колата, ама кој да гледа. Битно спиј на свирката и упати му лош поглед коа ќе го претекнеш
О недела. Читав нешто хороскоп Меркур играл оро... Иии не дочитав, заспав, вчера. Денес од пола тесто изводев некои вештини, божем пица да правам ама не соработуваше тестото па направив мекици и фурнаринки. Мекиците не ми се допаднаа, додека другиве си лапнаа. Сега цимерот ми праќа слика ќе јадел зелено за вечера, а јас окркав супа и да не бидам покуса и јас салата. Па само тој ли ќе крка Се видов со пријателот, шетнавме, муабетче им купив мали подарочиња, ќе дојде пак па ќе зготвам нешто да пробаат. И денот, заврши. Си купив кока кола на враќање, ако до вчера дождови денес сонце 25 степени, од утре пак ќе врне. Лично за мене е тешкотија времето бидејќи имам низок притисок. И едвај чекам да се стабилизира. Иии да ви кажам, ја украсуваат Малта за празниците П. С. Како што ми недостасуваат моите никој друг не ми недостасува, тоа е.
Дочекав во живо да гледам како родители му слават прв роденден на детенце во кафана, не да речеш онака мирно и пристојно со ручек или вечера да се одбележи, туку со пеење на ужасен уана би пејач, кој пееше српски турбофолк, па тоа ора што се изнавртија, урлање и дерење, го земаа микрофонот и мажи и жени, урлаа низ кафана, абе тешко на детето.... Немам против да се издуваш во кафана, да јадеш, пиеш, да се дереш пеејќи, ама прави го тоа за твој сопствен ќеф бе, не мора да го влечеш детето, не му ги расипувај ушните тапанчиња на детето за свој ќеф, јер сигурно е дека детето ич не уживаше цела вечер
Листајќи по нет ми излезе нешто mind blowing . Вчера се одржала јубилејната 10та ГРОБАРИЈАДА (да добро читате) . Луѓе се веселеле, играле ора и се сечела торта у облик на сандук Гасам нет за денес, доста е.
Кога мислиш дека имаш видено сѐ што може да се види на Балканов, читаш дека постои факин Гробаријада.