Не се согласувам. Ќе ти образложам зошто. Овде имаме убави медиуми и за се известуваат точно. Пред некој ден објавија за буџетот предвиден за наредната година, а и за потрошениот буџет оваа година. Пред 2 недели имавме напад на имигранти во бегалскиот камп, по што ја запалија зградата па по 6 часовна битка полиција завзема контрола. Исто така имаше известување дека имигранти потонале на пат кон Малта при обид за шверц да влезат. Потоа имаше известување за убивството на новинарката Дафне пред 3 години во автомобил бомба. Кога има сообраќајни несреќи, се известува кој пат е затворен и од каде се заобиколува. Не велам дека е идеално, ама сепак според мене не е океј да се прават споредби ако не сте сигурни во истото.
Yeah right... Инаку не иде од континуирано пушење во крвта на бебето. Се што ќе вдише и јаде мајката, се што има во неа иде и во бебето. Едно се во бременоста. Слободно нека ми се налутат, ама само изговори се тоа.
Овој проблем го имам целиот живот,уште од мали нозе решив дека нема цигари да конзумирам,играв кошарка 11 години,од кој 5 год професионално,прекинав ради х причини,на 19 год бев првак во Македонија во Бодибилдинг(без шеми,додатоци),затоа што Протеин за Татко ми беше ДРОГА(докажување немаше шанси),ама затоа 700 денари на ден јадев,свежо,здраво.Имам предобра Генетика,имам брз Метаболизам,и тоа прекинав ради ПАРИ,неможев да постигнам со кеш.Сега вежбам рекреативно,за себе,за здравје,имам здраватвен проблем со Бубрезите ( 15 години),еден куп Болници и чуда,и за што?ЗА СЕБИЧЊАЦИ ДА МИ ГО ЈАДАТ ЗДРАВЈЕТО?ЃАВОЛ ДА ГИ ЈАДЕ СКАПАНИЦИ СМРДЛИВИ.
Не постојат независни медиуми.Само дел од вестите се точни,а дел се лажни или благо манипулирани. Многу нешта не стигаат до јавноста. Новинарите добиваат инструкции што да објават,а што не. Не ми е џабе постот,сешто слушам од новинари.Под притисок се и овде и во странство.
Дедо мраз злато мое љубов неверна неможе без тебе јас за нова година Дедо мраз злато мое жива превара сал не моташ како сакаш пак не заеба Како иде народе? Ај па и не мора да иде, битно е здравјето. Јас сум само на поминување, ако знае некој да ми каже кој дијалект од Мк е кога на глагол во прво лице еднина не му додаваат м ? Пример: јас права торта че ода да купа леб Баш ме интересира кој град од Мк така зборува, оти преска во Лидл една на телефон толку гласно збореше што одма се приметува дека е наша , само никако не можам да откријам кој дијалект е тоа. Да не е прилепски ? И то
Најчесто оние шо хејтаат некој пар демек дечкото е грд за девојката, или девојката е дебела за дечкото, или па серат шо некој облекол, демек ок е али ја боље тоа би го носел/а, као со други чизми и маица, али океј е хехехе, немаат огледало дома, ниту па некој кој ги поштуе 2 грама и у лице да им каже дека ни они не се нешо посебно, нит у изглед ни у стил, а па да не праиме муабет у карактер. Би пишала сеа ,, ајт ,, , али да не ми се увредите. Фмп.
Жената во брак не смее да излезе без да му каже на мажот и мора да му се јави да му каже каде ќе оди и со кого и задолжително мора да му одговара на повиците. Тој ако ѝ се дере затоа што не му одговара на повиците,со право ѝ се дере. Не може брак без рапорт. Јааа... Средниот Век одамна заврши,но изгледа не за сите.Остануваат заглавени и не им се мрда. А,бре,жената не е ни посед,ни предмет,луѓе!
Кај ме наоѓаат овие што праќаат покани за пријателство? Над 600 имам. Уште и ми праќа responding, ма ќе си седиш така.
Сакам да кажам дека дечко ми мислам конечно „победи“ и најде рапер кој ми се бендиса до толку, шо после една песна денес му ги силовам сите песни. Јас: Еј овај е стварно добар, кој е? Тој: NF, знаев дека ќе те бендиса, такви депресивни текстој има. Јас: Така знаеше дека ќе ме бендиса? Па после се смеевме дека раперов е емо фазата за возрасни. Слушнете го, ем го бива ем тексовите ... ах.
Ананасот е благ, може да пројде. Исто и сувото грозје. Морков грицкам свеж некогаш, но за cravings не ми помага. Ама јаболко и мандарини воопшто нема да ми ги задоволат потребите. Тие што пробуваат да се откажат од чоколади и чуда, замена суво грозје, ананас или банана е таман.
Исто А врв е пак кога ќе земат да пишуваат.Пред некој ден еден ми вели среќен роденден и нормално чисто од култура му велам фала.И човекот ми вели: Немој да викаш фала туку дај ми 100 денара.Од фала нема да преживеам јас.
6.11.2019, дејството се случува во Скопје, 14ч. Колата втор ден со истечена регистрација, сум забораила ете, се случува. Моето куче (7 месечен доберман) треба да го однесам во 15ч на ветеринар. Ме потсетува татко ми за регистрацијата, ме фаќа паника, а нема кој да ме однесе. Се одлучувам за такси. Нормално, ѕвонам по централи да прашам дали примаат со миленик. 1.Здраво, дали примате со миленик во такси ? Такси С.Водно : Не 2.Здраво дали примате со миленик во такси? Наше такси: Само мали животни у корпа ....- Ама моето е големо, немам корпа ама многу е чист педантен! Наше такси: Не, пријатно 3. Здраво, дали примате со миленик во такси? Такси Експрес: Какво животно ? - Куче, големко е ама многу педантно и мирно треба на вет да го носам..... (Врти и бара по колеги кој би се нафатил да вози животно, ни адреса прашува ни ништо) Експрес: Извинете, не! 4. Здраво, дали примате миленик во такси? Плава Лагуна: Да, во транспортер само .. ....- Немам транспортер, 32 кила доберман е, нема големи транспортери толкави, ама многу е мирен и културен , краткодлак и чист! Плава Лагуна: Не 5. Здраво дали примате миленик во такси? Глобал: Само мали миленичиња у кошница.... 6. Здраво, дали примате со миленик у такси ? Такси Сонце: Да, примаме! ....- Одлично, ама не сум со транспортер големко куче е ама многу чисто педантно, ми треба кола од адреса ????? До вет станица. Такси Сонце: За 5 минути број 13 - Благодарам многу ! И, го чекаме таксито, наидува запира и ја го стаам кучето внатре. Таксистот: Госпоѓо, само да знаете 200 денари плус за кучево од таксиметарот колку ќе изврти !!!!! Јас: Ама..... како ? Зошто? Рекоа дека примате миленици секакви???? Таксистот: Да возам или ќе се симнете? Јас: (веќе 20 мин до 15 часот, не ми е време сеа да делам правда и ќотеци да мавам) Ајде возете. (Пристигнуваме) Таксистот: 160 денари + 200 за кучето = 360 денари. Јас: Ок.
За ова со цигарите пред мали деца ме потсетивте на една случка од лани кога запознав еден пар во парк. Као се знаеле со другарот па дојдоа и седнаа со нас. Типов извади џоинт сред беч ден и го подели со жена му која беше трудна. Она почна да пафка и да го шета малото детенце од 2-3 години за рака со стомак 8 месец, а татково си седна со нас, го запали џоинтот и ни покажа тетоважа со името на син му и речe: " Нема личност што повеќе ја сакам од него. Се би направил за него. Дури и тетоважава ја направив, а и сестра му кога ќе се роди, и нејзе ќе ја истетовирам." Не знам како се воздржав и не му реков, ако толку му се битни децата, бар да не пафкаат трава пред нив и да ги трујат, посебно неродената им ќерка, ама видов дека се отидени одамна па се откажав. Штета што сме пропаст од држава и не работат ниту социјални, ниту семејни служби, ниту па децава имаат некаква заштита во државава. Не знаеш каде е подобро тоа дете да заврши. Со родители џанкери или во сиропиталиште. Кое од кое поголемо зло. Жално.