Времето денес - вечен непробол. Вчера 27 степени по кратки, денес 19 степени чадори, монтки Супер е кога врне дожд, ама кога има водени бомби дома едино мокар можеш да стасаш.
аа морам да те цитирам. Значи од една страна си во право ама членката која ти ја цитираше убаво си објасни. Има луѓе со опак табиет со мил табиет башка се тие болештинини годините. Значи влегува пензионер во автобус и треба младите да ги ремети не од нешто друго туку смачено му е од животот плус тој стар тие млади не успеал колку што сакал досадно му е па некако мора да се зафати со кого било... Да,има и такви како што опиша. Секакви има. Треба да процениме и да вклучиме малку култура - таму каде што се може. А за лековите и пензиите... Тешка им душа и нив ма какви и да се. Сетете се дека пред 3-4 години голем дел од младината живееше од нивната пензија,за дел немаше работа а дел ги мрзеше да работат за 10 000 оти туѓите пари секогаш се послатки од своите. ее.... Сестра ми и братучед ми завршиле факултет а јас уште не... Е ама јас колку што имам во еден семестар тие толку предмети имаат годишно. И пак со завршени факултети имаат помалку од мене положени испити. И да тие 9ки 10ки туку така се пишани. на сестра ми пријателка од факултет изгреба 10 000 ден. Јас и ден денес ме верувам.
Нека пуши,но да не ги труе оние на кои им сметаат цигари. Татко ми многу пушеше цигари во неговата куќа,но не пред неговите деца. Сепак,мирисот се ширеше. И татко ми почна да кашла,па ги намали. Но... Мене многу ми сметаат цигари.Димот ме гуши. Еднаш почнав многу да се гушам.Дојдов до степен да не можам да дишам. Кога ме виде татко ми таква,ја фрли последната кутија цигари на земја,па ја фрли во ѓубре. Одлучи дека мојот живот му е поважен од проклето опасна зависност. Некои од фамилија не ме познаваат добро иако ми се фамилија. Тоа што не учам по цел ден,туку само неколку часа не значи дека сум мрза. Јас сум под многу стрес и пред испитна сесија го одмарам мозокот.Слушам музика,гледам серии или филмови,па учам,па само лежам,па пак учам.Кога многу се нервирав,имав лоши резултати. Сфатив дека кога се опуштам,имам подобри резултати. И ми се чудеа како сум ги добила тие деветки,како да не веруваа дека јас можам толку.
@nextredstyle останува дека е куќа на татко му. Полнолетен маж (не полнолетен, 30 годишен скоро, ако не и повеќе) може слободно да си раководи со животот и да се оддели од токсичниот родител. Ако не сака, тогаш ќе седи и ќе ќути.
Од сега кога некој ќе ми се качува на глава за мислење дадено на тема ќе одговарам исклучиво со: "Bojim se da te nista nisam pitao". Какви ега има на форумов тоа е нешто невидено.
Затоа и ке се селам,јас ке се снајдам,но кутрите дечиња ке ги отруе со создавање на шлајм.Пред 2 дена Внук ми го носеа на лекар има 4 месеци,и имал шлајм на плуќа симнато,нека му ја мислат и Господ нека ги чува,но болестите се неизбежни со толку многу пушење цигари.
Имаш добра душа, тоа значи Во меѓувреме, сакам да кажам дека, кога некој културно ќе изремети некого (како на темата за големината на машкиот полов орган), на мудар начин, не значи дека истиот треба да биде пријавен, каменуван и да има забрана за да коментира на таа тема но во секој случај супер си е. Дал господ и таму и таму
На 16 години се загушив,и изгубив здив,едни комшии кој ни беа тогаш најдобри пријатели,ме земаа во раце и ме однесоа во С.Лисиче кај една бабичка,ми вадеше шлајм со пердув,го ставеше пердувот во една течност и во грлото со него ме чешкаше,една цела кофа со шлајм наполнив.Бабичката ме прашуваше дали пушам цигари,немала да ме каже на Татко ми,јас и кажав дека не пушам и да би пушел не би се криел,колку и да се лоши моите родители,тогаш го повика Татко ми,и баш со овие зборови му кажа,Господине ако не сакате да го изгубите детето од болест на бели дробови,и на млади години тогаш прекинете со конзумирање на толку цигари,искочете на тераса и пушете колку сакате,немојте дете ви е.Тогаш као во стил моите се опаметија 2 месеца пушеа на тераса (имам и затворена и отворена тераса),и после тоа се си беше по старо како до ден денес.Џабе човек кога нема осет за другите,и кога нема СОВЕСТ џабе ти е се,колку и да му збориш,него не му чуе уво.
Сите родители што пушат цигари, па и пред мали деца (а и во случајот он кажа дека има и мали деца таму) се во свои куќи. Дали тоа значи дека е океј и треба да продолжат да си прават како што сакаат? Па дури и трудници (што секако сакаат да го задржат и родат бебето) кои пушат за време на бременост, прво нивно е тоа тело и нивен живот, нели? Луѓе на место имаат трошка осет за здравјето на најблиските што живеат со нив, без разлика на околности и возраст.
Извини,но никој нема право да загрозува нечии живот. Дали ќе зборуваш вака ако имаш астма или друга болест? Веројатно не.
Јас се осврнав лично на него. Знаеме дека не е во ред да се пуши пред мали деца. Во мојот стан не се пуши НИКАКО, ни пред мене ни пред мали деца. Да, тие деца не треба да се во таа куќа. Ама јас се осврнав на НЕГОВОТО ИСКУСТВО. Тој како 30 годишен маж може да се тргне од токсична околина. Знам луѓе што се тргнале од секакви околини и што поминале низ сито и решето само за да не бидат со своите дома. Да седиш кај твоите и да ги плукаш на крај е врв на лицемерие. Боледувам. Алергична сум на никотин. Подобро од тоа, може?
Кон кого? Кон 30 годишниот син? Да, треба да с еима осет кон малите деца, тука треба од мајка им да се почне. Ама осет кон 30 годишниот син? Ха ха ха