Фала што ми кажавте дека јас сум лицемерна оти плукам по некој што душата ми ја вади дома, а немам можност да се иселам у моментов. Она супер си е што ме спушта подолу од го*но, јас сум крива оти седам со неа.
Пушење дома општо според мене не е прифатливо, камоли пред деца или некој што си има проблем со респираторниот систем. Се сеќавам кај едни луѓе порано што убава слика имаше ко ќе влезиш в соба, со пожолтени ѕидови и константен мирис на чад од цигари. Мене тоа ми е еднакво на нехигиена, исто ко со недели да не се капиш, па кој што сака нека каже. Јер личен избор.
Зарем годините имаат врска со ОСЕТОТ НА РОДИТЕЛ КОН СВОЕТО ДЕТЕ?ха ха ха Ако гледаш така самите ние на 18 год треба да се оделиме од родителите,пошто сме веќе полнолетни.Јас од моите родители немам добиено 1000 денари,во животот се сам сум заработувал,се сам сум се борел,без трошка помош поготово од таканаречен Татко,едино што барав е да не пуши пред мене ништо повеќе,а незнам дали ЈАС СУМ ЛИЦЕМЕРЕН ИЛИ ОН КОН СВОЕТО ДЕТЕ ШТО ГО ТРУЕ,ПА ЗГОРА НА СЕ И ВНУЦИТЕ НА ТОЛКУ МАЛИ ГОДИНИ ГИ ЗАГУШУВА. Ајде мене ми пречи и треба да се ислеам,ок ова го знам веќе долго време(живеев 4 год под кирија),небитно е ова ете.Ама да чуваш ќерка од 35 год,со 2 деца од различни Татковци,кој не работи она НИКОГАШ не ни работела,да ја храниш нејзе,нејзините 2 деца,и да и трчаш по гзот,а секогаш синот да ти е крив,извини ама тоа е БАРДОВЦИ СИТУАЦИЈА.
Да сум имал услови уште во моментов би се преселил,но ради нив јас немам услови,ради тоа што ме ставија во незгодно,тесно,и во ДОЛГОВИ,затоа што не сум сакал РОДИТЕЛ да оставам на цедило,а заслужил душа да му земам,од тоа што во животот ми го има направено,ама не јас пак фин,добар,сталожен.Не значи ако ме направи дека може што сака да правил со мене,тој филм од мене не го гледа,ја умре МАЈКАМИ он и така наречената Сестра,ама јас не им се давам и мене нема да ме умрат млад.
Реално никој не го боли такво ако види трудница како пуши цигари, ќе помине, ќе ја осуди и ќе замине, можеби еднаш до два пати ќе го спомне тоа некогаш низ животот уз муабет демек еј што видов една трудна а цигари пушеше и толку. Нема ни логика да бараш од некого да биде против некоја што трудна пушела зошто и да осудуваш такво нешто џабе, немаш никаква моќ тоа да го промениш и останува на тоа дека освен ако вас лично не ве засега нешто, ако сте вие таа трудница, ако таа трудница е ваша мајка, сестра, вујна, сопруга, тогаш се останато е само оговарање. Пошто тука сретнав еден куп феминистки, борци за правата на овој, на оној и само муабети и копирани гугл факти, убаво објаснето, поддржано со гугл факт и толку, ни една акција не прочитав, ни една лично некаде не помогнала, не направила нешто, не членува некаде за помош, за борба. И ако некој неистомисленик оп ајде удри по него еден куп борци. Не може така. Дела другарки, дела да ми кажувате, не зборови.
Рече дека си алергична на никотин. Да земе некој твој близок да пуши цигари во твоја близина и ти да почнеш да кашлаш и да ти се крати дишењето,зарем ќе му преќутиш оти е негова куќа?
Секако дека ќе му кажам дека ми смета, ама ќе си излезам, нема да го терам да престане заради мене. Негова куќа е, јас не мора да сум тамо. Може да сум -ако ме сака. Ако не ме сака, не морам да сум.
И да ти е блиска веројатно нема ништо да можеш направиш. Кој што сака си прави. Не значи дека е исправно. А ти еве бараш дела. Како ти би спречила трудница да пуши ако она сака? Јас не знам како. Ама дека е ОК за детето нема да ме убеди никој. Ако им се побитни факинг цигарите од нероденото дете, не знам зошто го правеле воопшто.
Без разлика чија е куќата,треба да се има осет. Еве,имам братучеди кои пушат цигари,но кога и да идам кај нив или не пушат или излегуваат надвор без да им речам.Не ми велат да излезам оти куќата и станот се нивни.Знаат дека ми сметаат цигари.Имаат осет.
Ако немаат осет ќе им се исподереш на сред нивна куќа или едноставно ќе им кажеш и нема да одиш веќе?
Се мачиш, снимаш филмови, пишуваш романи за живот таму некаде далеку и дешафки и настани за во категорија верувале или не кои баш тебе те снашле....а ти уште во детската, чекаш џепарац од мама и тато. Живот.
Ако трудница пуши - не можите да ја спречите, ама сите знајме дека е штетно. Не бидете трудницата која пуши. Тој е максимумот кој можите да го направите. Ако родител пуши - не можите да спречите, ама сите знајме дека е штетно. Не бидете родител кој пуши пред дете. Тоа е максимумот кој можите да го направите. Ако сте малолетно дете на кое родителите пушат - прво, жал ми е. Навистина. Краток период од мое детство бев на ваше место. Знам дека моето плачење и викање по татко ми не е причината оти ги остави цигарите, ама мое беше некако да го изразам револтот. Ако сте полнолетно дете на кое родителите пушат - повторно, жал ми е. Навистина. Никој не заслужува да биди пасивен пушач, ама сем да кажите на некој дека ви смета - друго не можите. Пак ќе речам, за жал. Дали работите кои горе ги напишав се исправни или не, не е важно, важно е дека горе долу така стојат работите. Јас дома многу често велам дека цигара- две да се запали - океј. Поќе од то неќам. Ми смрди после дома. И то е пошто ми е дома и можам да речам. Ама ако одам негде на гости и е пушач и си пали дома, тука не можам ништо освен да кажам дека ми смета. Дали ќе прекини или не, е на самиот човек. Дали јас ќе останам или не, е на мене. Македонија е, шансите за напуштање на домот се минимални и тешки. И затоа велам дека ми е жал за вас, деца на пушачи. Зошто избор и немате баш. Жално е кога се нема избор. Или пак кога се има избор, ете, вие не пушите, ама некој ви го побива изборот со тоа што ве прави пасивен пушач.
Identity politics is apparently a big deal. Колку луѓе буквално не постојат без етикети? Без да се идентификуваат со нешто? Без да бидат дел од некоја група? Што си ти, ако не си член на група? Ако не можеш да се опишеш без да се групираш во некој идентитет, без да заземеш некоја "улога" која никој не знае што точно значи, а секој може да си ја препише, тогаш веројатно си забегал во погрешен правец малку. Are you a victim of identity politics?
Не подржувам пушење во затворени простории без разлика и да нема присутни деца. Ако има не сакам ни да коментирам. Јасно е. Поентата на дангел е сосема на место. На 30 год маж не му личи да се жали од татко му. Сите сме имале, кој повеќе кој помалку, проблеми со родителите. Срамота е да не знае возрасен човек да си ги реши. Имаше една многу на место мисла... Луѓето патат од својата приврзаност.
Поради што не ми личи да се жалам?Зарем не смее возрасните да се жалат? Јас си ги решавам проблемите како знам и умеам,тука само се искажав,ни побарав помош ОД некој да ми го реши проблемот,само се искажав,а се фативте за мене ко слеп за стап,како не ми личело на годините,ма немој бре,ако земам вашите мислења тука да ги цитирам и вреднувам според годините,многу далеку ке отидеме,но не сум од тој тип. Јас никогаш не сум бил приврзан со мојот Татко,ниту сме имале добра комуникација,едноставно сме на Здраво и Чао целиот живот. П.с кога веќе се мешаш,прочитај ми последните мислења во темава,и дади мислења за таканаречената Сестра.
А зошто да имам осет? Моја куќа, мои правила. Ако на некој не му одговара нека не доаѓа. Едноставно е. Кога одам по гости не поставувам правила. Не пушам цигари, ама дозволувам внатре да се пуши.