Од таленти на кои не сум горда ќе го издвојам тоа што можам да изедам цел чипс од најголемите во едно седење.
Јас сум добила се од моите (единка сум) ама никад не сум исмевала некој. Ме исмевале. Али ти велам stay calm и не се правдај. Сите приказни овде се шират од уста на уста. Поздрав
Сите луѓе надвор од виртуелниот свет,кој ме познаваат,знаат за целава оваа состојба,јас не кријам ништо,јас не правам ништо лошо.Колку и да се крие,те гледаат надвор,ја гледаат и Сестрами сама со 2 деца,нема никогаш маж,татко ми со Внуците сам,што ментални се луѓето?глупи се за да сватат дека има деца,а мажи нема?нема криење тука,јас сум реален и искрен секогаш.без разлика што ми се крв. Поздрав и до тебе
Луѓето треба помалку да "гледаат" во туѓите гнезда за да може да се грижат за своето. Сите дома што сме 18+ во не толку функционални семејства, од разно разни транзициски причини заглавени и без постојани финансии испаднавме неспособни според муабетот.
Сакам да кажам ли е, станбеното прашање на Еден Член ли е Глејте си у својот двор луѓе, не се замарајте со туѓи проблеми.
Кога сме веќе тука,жирант кој сака да ми биде? 10% има од сумата хахах,да се нашалиме пресериозно стана веќе
Со ЕденЧлен не се согласуваме на некои теми, сосем различни ставови имаме, но факт е дека овој пат дечкото не побара совет или помош. Дојде да ја каже својата мака, па макар било тоа и станбено прашање. Истригирани од муабетот, успеавте да изгенерализирате и навредите 25+ луѓе кои секојдневно се борат со предизвици од егзистенцијална (финансиска) природа. Еве, извинете, и јас и сите оние кои реплицираа на темата што немаме сопствен стан и плата за самостоен живот. Не е дека не сме разгледувале опции и пробале на сите можни начини. Ова последното, чисто да знаете дека и без ваша интервенција имаме свесност дека треба да се отселиме.
Затоа што пушењето цигари убива.Полека,но убива.Некој добива рак на бели дробови,а на друг му се влошува астмата или бронхитисот,а трет е алергичен на никотин.Поради тоа треба осет. Немаш право да труеш други.
Тоа си е нивни проблем. И на мене не ми се допаѓаат некои работи кога ќе појдам некаде, па си ќутам. Нивно право е да прават што сакаат. За мене никој немал осет, па немам ни јас за други.
А,што некој твој близок добие напад и умре поради твојот недостиг на осет ? Тоа што некои луѓе немаат осет не те оправдува.
Човекот само си кажа дека татко му го труе него, да без разлика што синот има 30 години (претпоставувам само) сепак тоа не значи дека таткото свесно треба да си го труе синот кој цел живот имал мака со шлајмови и бели дробови, исто и малечките внучиња, ако му се пуши нека пуши во двор, или на тераса, нема потреба за сопствен бес да плаќаат со здравје најблиските Му направивте цел психолошки профил на Еден Член, како тој да не знае дека ако има услов треба да живее одделно и независно штом е полнолетен да, суровата релност овде вели дека не сите заработуваат програмерска, докторска или професорска плата. @ЕденЧлен
Моја куќа, мои правила. На кој не му чини, знае каде е вратата. Никој не го тера да доаѓа. За сите треба да имам осет? На еден цигари му сметаат, на друг гласна музика, на трет турски серии. Ајде бре. Кажување правила дома. Па колку сака нека звучи дрско и безобразно.
Значи да се иселиш и осамостоиш додека студираш во Македонијава наша било полесно од тоа да откажеш цигари. Океј.
@Nigredo Odor Јас не реков дека секој мора да се исели. Јас да имам услови би отишла да живеам со родителите. Само реков дека додека сме под нивни кров може само да сонуваме за слободата која ја имаме кога живееме сами. Да, буквално тоа ми беше поентата. Дека кога живееш со родителите си под нивни кров, не под свој. Дека ми е искрено жал за многу работи низ кои мора да поминуваат одредени личности, ама знам луѓе со екстремно токсични родители што живееле под мост само да не се врата дома, што јаделе леб и паштета, што седеле од другарка кај другарка и крпеле секој денар само за да не се вратат дома. Кога родителите се токсични до тој степен што ти го уништуваат животот надвор од рамките на нормалното фукнционирање - и живот на улица е подобар. И знам личности што и тоа го избрале, па успеале. Јас не реков дека секој мора да се исели, буквално реков дека додека си под нивни кров си ограничен да ги трпиш. Исто како што би трпел и цимери, како што би трпел и партнер. Жално е, да... Ама тоа е реалноста.