Кога човек е секојдневно со обврски, се учи навистина да ги цени деновите што може да си ги посвети себе. Не, тоа не е мрза или себичност, основна човечка потреба е. Без добар одмор нема ниту продуктивност. Затоа, колку што можете, наоѓајте време за себе и само за себе
За во врска со пушењето.Ако некој дошол кај мене дома и ме замоли да не пушам секако дека нема.И не само што нема да пушам туку и ќе отворам да се излуфтира се.Некој ми прави почит и ми доаѓа дома а јас да не можам да се воздржам од цигари на еден час?Како па да не.
Исти проблеми, а различни луѓе. Желба за малку внимание од женска страна и изговори дека е зафатен со работа од машка страна. Чувство дека нешто не е кало што треба од женска страна, чувство дека има некоја во животот за онака од машка. Потреба за љубов и разбирање, потреба за задоволство. Истите проблеми, ама различни луѓе. Нормално се пронаоѓам во различни љубовни проблеми. Би сакала и јас да осеќам ништо, да бев тој, а сега освен измешаност од емоции и самообвинување не осеќам ништо друго.
Мачката знае дека гостите не ја сакаат или се плашат од мачки и така мирно си седи на другиот крај од собата. Аха. Ти ако знаеш дека не сакаат мачки, зошто ги каниш кај тебе дома? За страв од одредени животни си слушнала? Фобија? Или си од тие што убедуваат дека твојата мачка не е како другите, срце е, еве земи ја во раце и ќе се заљубиш во неа. Ко повеќето за своите миленици. Ти им велиш тргни ми го од пред нос, тие -ама погали го малку, мирно е.
Мразам напумпани и сензационалистички наслови во медиумиве, направени специјално за да создаваат паника. После зошто избегнувам вести и секакви непроверени порталчиња. Зашто ми ја засилуваат анксиозноста, а верувам и кај многу други е така! Може да се известува и без да се создава паника
Јас не знам како можете да мразите мачки, помили суштества амин. Сдк како слободен ден земав да средам низ станот, тамн отворив да се излуфтира тоа заврна, почна да прска на сите страни, а до пред некоја минута пукаше сонце. Не можам да се навикнам на вакво променливо време. СДК Примитивец имам во куќава. Се што прави е контра, се мора да му се каже иначе сам воопшто нема да му текне. Го разгалиле дома. СДК Едвај чекам да одам да ги разгледам advent calendar во еден makeup store и да си се почастам со еден, ќе видиме што ќе изберам. И така... Црни облаци над нас, сред бел ден светло ќе палам.
Вакви па дури и бетер ми беа кога правев нокти за матура. Болни рани имав. Од тогаш немам стапнато во салон за нокти и не верувам дека пак ќе одам. Спојлер Само оваа успеав да ја најдам.
Јас пак овде не можам да најдам добра што знае да прави. Видов неколку, но една ми забоде очи. Имено, имаше прелоши нокти изработката беше лоша. Цената и беше 35евра,дури и ми се умилкуваше да ми спушти цена и не се воздржав и реков дека не сум импресионирана нешто. Ме праша што не ми се допаѓало, симнав две три слики и ги обележав каде греши и колку се лоши ноктите(предебели, лошо турпирање, едниот помал, другиот поголем) и на крај ми рече не и требало некој да ја критикува, се знаела и не знам не дочитав. Уште ги чувам сликите и баш со другарка ми разговарав и заклучивме дека не посветуваат внимание кога работат а тоа е многу битно, ќе фатиш некоја инфекција. Спојлер
Алергична сум на мачки може и тоа е причината што мразам мачки не знам ама никогаш не ми биле кјут ниту мили ниту сум имала желба да погалам мачка, посебно кога ќе почнат да мјаукаат одвратно ,напорни суштества.
Мој соученик е алергичен на мачки и кучиња,но не ги мрази. Не му се они криви што е алергичен. Тешко му е што не може да чува миленик,што не може да ги гали. @Alisa22 Мачките не се одвратни. Не идат кај секого.Подобро чувствуваат кој сака животни,а кој не. Нивната љубов треба да се заслужи. За напорно,па и кучињата викаат,лаат,напорни се...Како сите живи суштества. Никој не е перфектен. Мене ме нападна куче пред неколку години. Се плашам од некои кучиња,но не ги мразам.Тоа едно лошо не ги прави лоши и останатите кучиња.Истото важи и за мачките. Денес имам неколку мачиња и кучиња.Тие ми се утеха и покрај нив осеќам спокој,мир. Штом си алергична и да сакаш,не смееш да ги допираш. Па и да ти е страв од мачки,тоа е во ред. Но,нема зошто да ги мразиш.
Минатата година ме касна куче и тоа многу. Но сепак не мразам кучиња. Мачки не знам зошто мразам а цело време секогаш мора да одат по мене така да не знам колку осеќаат дали ги мразиш или сакаш .Едноставно ептен мразам мачки и не сакам ниту да ми се доближат а посебно кога ќе дојде февруари кога ќе почнат да се парат уфф не постои човек што мрази повеќе мачки од мене.
Ja ssum obratna od tebe nz definiivno da gi procenuvas mackite za toa gi mrazis jas poveke od sekoa zivotno domasno sakam macka