Можеби имам ретко лице Можеби ми треба подобар диоптер Верувам јас инаку во моќта на шминката Спојлер: Пред и потоа- од насловната ама до толку да пегла брчки/ или фалти на вратот? СКД ок е некогаш да се одмори од се, па и ако треба од пудра и од кармин. Преголемо значење се дава на небитни нешта.
И уште нешто сакам да кажам. И децата се поубави со шминка Спојлер: Види фото- од Фемина насловна Фала богу што не сме дотаму отидени, да треба и децата да ги шминкаме. Не дека не се продаваат шминки за деца- безбедни биле, такви-вакви-онакви. Баш- шминки за деца. #аманодмода #либералкапитализамнепрашувазагодини СКД децата во темана за деца се срцки- без шминки и џиџи-миџи
Обожавам да правам пријатни изненадувања за луѓе. Буквално планирам до последен детал и давам сѐ од себе за да биде што подобро и погодено изненадувањето. Мислам дека јас повеќе сум радосна и возбудена отколку луѓето за кои го правам изненадувањето.
А гордо го носиме епитетот „најголемиот женски форум во Македонија“. Каква моќ има форумов, над 100.000 членови сме, една маскара да ја препорачаат два-тројца ќе се распродаде, за какви работи може да се искористи, да едуцира, да подигне свест. Ние уште заглавени во турско, читаме совети „ако не те тепа, носи пари и не ти носи болештини, супер си е, а те изневерува пошто таков му е карактерот“ И најтрагично, овие мислења доаѓаат од жени. Вака ли ќе си ги учите ќерките, синовите? Веќе не ни читам на темите, се нервирам, се надевам дека некои членови тролаат, а знам дека се сериозни. Само сум среќна што никој од мојата околина не размислува вака, а моите ми всадиле вистински вредности и самопочит.
Кога постојано исмејуваш други луѓе и правиш вицови на нивна сметка пред публика правејќи ги глупи, знај дека на сите им е јасно дека со тоа едвај ја прикриваш својата глупоќа.
Израснавме во паразити, луѓе без храброст, без морал, без емпатија. Неправди насекаде околу нас, а ние само меѓусебе се труеме со лошотија. И завист. На погрешна страна ја канализираме омразата и незадоволството. Пак меѓу нас обичните, малите луѓе. Место да се исправиме заедно, храбро, решително против системот што не труе, против големите што не крадат, против сите што не прават небитни будали, нас среќни не прави несреќата на комшијата. Израснавме во тастатура револуционери, а безгласни букви пред неправдата очи во очи. Да има силно општество, државата нема да биде тоа што ни е, да има сложен колектив, директорот нема да ни се сере на глава, да имаме став, нема да се селиме по светот. Секој удира онаму каде што нема да му се возврати. А нас не сакатија веќе. И ќе не колат и сечат и мачат и ќе не умираат. И пак нема никој ништо да каже. Ќе ми каже мене, јас ќе ти кажам тебе, ќе се жалиме меѓусебе, ќе патиме, ќе умираме од болести или во најдобра рака ќе орман ќе фатиме од тука. Ми се плаче каде треба иднина да правам, каде треба деца да растам, каде коски ќе оставам. Мене не ме боли тоа што ни го прават, мене ме боли тоа што немаме храброст да се спротиставиме.
Сите се зезаме со некого но тоа да биде во граници на нормалата да не прејде во навреди,и јас сум се зезала,но исто така знам да се зезам и на своја сметка.
Еднаш кога се скарав со еден рече дека ги избришал сите слики со мене зашто му било тешко да ги гледа. И јас ги избришав, но гугл фотос не. Случајно ги најдов бидејки беа од поодамна. 1. Дали и кај него е вака? 2. Што чувствува сега кога ги гледа? Вака почна мојов понеделник. Добро утро.
Идам јас кај претпоставената моја која патем ептен заборава и си има сериозен проблем со тоа, а никако не сака да признае и и велам еве го документот ми кажаа дека е многу хитна работа да знаете. Ок ми вика фала што го донесе. По 2 саати колега што ми го даде документот ме прашува што се дешава никој не реагира да не не го дадов кај оваа. Го дадов викам, прашај си кај неа. И ми ѕвони дотичнава по некоја минута на мобилен извини кога ти мене си ми дала документ што бил хитен? Одам кај неа во канцеларија и објаснувам дека одма и го дадов, кажувам нешто за да се сети ми рековте фала што го донесе, лично на рака ви го дадов не бре тврди упорно дека таа мене не ме ни видела. Дај викам побарајте низ биро тука е документот пошто јас го донесов а вие го зедовте. И нормално документот таму и јас очекувам да рече а да еве го извини или не мора извини ама добив ваква реакција: Ова е смислено сценарио од вас, намерно ми го направивте ова за да речете еве нашава шефица е збунета и изгубена. WTF????
Поголем проблем од постоечкиот е проблемот кога личноста не е свесна дека и треба да помош, па сите останати се учесници во "заговорот за местенка"
СДК каква природа имаме во земјава не сме ни свесни. Штета што ја уништуваме. Воедно сакав да кажам дека во Литературното и уметничко катче навистина се собрани креативни и талентирани луѓе. Секоја чест дечки за Вашите лични професионални фотографии. И last but not least, есента го буди највозвишеното во природата. Воедно и од емоциите на сите нас.
Родителите цел живот му пружаат колку што можат,буквално двојат од нивните усти за него,за жена му и за неговите деца.Да има повеќе за помладите. А,тој? Тој им соли памет на други со став како не треба да живеат оти така како што они прават не чини,а тој иде по паметот на жена му и заедно решија да ги тргнат неговите родители од куќата и да ги тупнат во посебно,мало собиче. Луѓето со пот,крв,солзи и едвај собрани пари од пензии направија куќа,а тој ги тера од таму. Тие идат со крпени алишта,а тој си свирка. Неблагодарна будала!
Не Бриџит, немам совршено и мазно лице, го имав до пред 5 години, ама за жал откако ме фати задоцнет пубертет го немам веќе, плус и хормонскиот дисбаланс си го направи своето. Долго ми требаше да се прифатам со овие подочњаци кои ги маскирав со скапи коректори, исто и флеките од задоцнетите акни, е сега фурам така без грам пудра и коректор, и не мислам дека ми стои грдо само кармин, само поради тоа што така велеле порано старите баби Лузничките не ми се заприметуваат многу, се познаваат само скроз од блиску, и на кој му сметаат ич не ми е гајле. Само злобен човек ќе се исмева на лице со акни, за жал и јас кога бев тинејџерка се гордеев со моето пречисто лице и дури и овде имав напишано пост дека девојките без грам шминка изгледаат како гремлини со своите несовршености на кожата, и сега многу се срамам поради тоа, и фала Богу секако дека веќе не го имам истото мислење
-Гремлини имaш кaжaнo и си се исмевaлa нa девoјки сo aкни? Еднo е дa дaдеш сoвет oкoлу шминкa, другo е дa се исмевaш нa несoвршенoсти. Зaсрaми се.