Ама ми се смешни оние луѓе што влезот у Европа го користат како аргумент за ствари скроз неповрзани со политика. Што, демек у ЕУ нема конзервативци, озборувања, глупи луѓе? Македонија магично ќе се опорави ако влезе у ЕУ и луѓето наеднаш ќе почнат да си гледаат за себе? Како не.
Од коа видов дека од поштена работа нема да се збогатам, а и неам гз да си ја дадам под кирија на старо аро некое за пари, решив да направам фејк страна од некоја банка и фејк да доделувам ваучери на идиоти шо ќе ми праќаат трансакциска у месенџер. Ти ибам малоумните.
Порано ја слушав Северина и знаам некои хитчиња нејзини, и некои од поновиве, но не ја слушам често. Таа новата песна, толку емотивно ме погоди, не сум мајка, но премногу ме допре. Кои солзи пуштив, еј. Нависитна, ме нема допрено така нешто одамна.
Ебате лажниот, виртуелен свет и целиот концепт на лајкови што ти ја диктираат (демек) сопствената вредност, ако во реалниот никој од нив нема да те потсети на истата, а ниту па ќе мрдне со прст кога ќе се срушиш до темел. Џабе е.
Друштво, касно палам али.. Воздухот во Кисела Вода секогаш ужасно мириса. Не знам што се случува со населбата, ако треба ќе дознаам, но не сум сигурна дека сакам. Пред две години се случи да излезам од дома и добијам ,,напад на несвестица" поради мирисот. Никогаш во животот се немам така угушено, беше буквално за влакно, едвај доспеав до дома. Кога погледнав надвор низ прозор прст пред око не се гледаше. Буквално за десет секунди не се гледаше ништо, додека миризбата на чад и киселина се ширеше во околината а надвор случајни минувачи кашлаа. Ова се случи на преминот 2017-2018 година, непосредно пред Нова Година, имав и пост овде на форумот за тој конкретен случај. @buba4e89 Комшика си ми бе?
Јапонците имаат еден термин, "кучи-сабиши". Го користат за оние моменти во кои не се гладни, ама јадат, зошто на нивните усти им е досадно. Изгледа на мојава и е многу често досадно...
Ова кога го напишав, буквално таква смрдеа немав осетено претходно, а веќе три години скоро живеам таму.
Лесно им е на мишевите да глумат мадафака денес во ова научно-фантастично и виртуелно доба што нема никаква допирна точка со реалноста, позади маски, тестатури,до детал осмислени insta-stories, брендирани облеки,shiny things со помош на субстанци кои им потпомагаат да заборават што навистина се и полесно да живеат и веруваат во илзиуи за себе во кои се увериле ама џабе кога реалноста си стои недопрена без разлика колку се трудат да ја алтерираат и избегнат сеуште се обични искомплексирани мали мишеви кои не им се ни до колена на оние вистинските мадафакери од луѓе кои немаат потреба од ништо горенаведено за да бидат она што е грев во овој фамозен 21век -вистински луѓе.
Сакам да прашам дали во синдромот на the good guy е вклучено вреѓање на девојки и нарекување на транџи? Не дека се стресе некој, ама онака чисто ме занима Ај ние говна што сме, сме - ама вие good guys што продавате пуфки на женски форуми колку не сакате, е вие сте шитот
Добро утро! Како сте, сне? Че да ме има у телевизор? Мајке ми.... Па дообро... Се зафанав со пишување на магистерската теза, better late than never. Ми се погоди песната од сабајле на радио во кола. Малце така го попуштив радиото, малце така ја пеев wonderwall и на семафорите еден тип ми прави thumbs up. Си вика сигурно дека сум се наспал убаво ноќеска, и у право е, си легнав во 21.00
Во градот кај што живеам јас, ако ти се возиш сам во кола и дечко на семафор ти направи thumbs up, или е избеган од лудница, или е пуштен на викенд, или е странец. 4 минути подоцна ќе биде топ тема по кафичите, приказната ќе се исфилова, па кога кренал палец се видело дека има 7 прсти на раката, па баш на тоа место каде што стоел пред 4 години се случила несреќа и живот загубиле 7 бебиња, па ќе се споделуваат видеа, па тој што бил во колата бил другар на женската на комшијата негов, па му кажал дека уствари не бил ок дечкото и тој го измислил тоа, па ќе има реакции на локални јутубери за случката, човекот ќе стане легенда а случката култна и ќе се раскажува со години низ народот... Нешто што на километар од тебе е толку нормално и секојдневно, за твоето опкружување е трилиони векови недостижно напред.
Сакам да кажам во детскиот парк има едни нови лизгалки, многу големи ама онака целосно затворени, како цефки. Само уште не се допраени, многу нестабилни, и едната завршва пола во воздух и не треба да се користат. Како се качуваш целото се ниша, а тие кои се пуштаа, искрено чекав да паднат од негде преку цефката. Другарка ми врви низ лош период и пробвам максимално, на мој начин да ѝ бидам поддршка. Се качи горе, ќе се пушташе со другите и само ми рече дека ѝ е страв и слезе. Никогаш, никогаш не сум била толку среќна за нешто. Пошто има две причини зошто низ оние хорор цефки да сакаш да се пуштиш кога не се допраени: сакаш да се напрајш фраер пред другарите/ девојките и/ли си депресивен af и имаш самоубиствена желба.
Излегува една девојка од продавница денеска, во раце таа нова негазирана вода на Визиана, розева што е. Ја подава на другарка и вели: „Види ја оваа вода, феминистичка.“ Визиана официјално ја заврши борбата за права на жената, готово, постигнавме еднаквост.
Јас сериозно се прашувам зошто некои луѓе праќаат покани за да им гласаат за нивните деца дека се најубави. Најубаво бебе за 2020 календар, најубаво дете за 2020 календар, дали сте нормални луѓе, д а л и? Зошто го изложувате детето на непотребни притисоци уште во најрани години, его ли си билдате, инает ли терате што е работава? Прво, интернетов врие од педофили и манијаци. Последно девојчето од Штип кажа дека неколку души дневно ја барале. Верувам дека е така и во другиве градови. Последнта акција на полицијата интернационално приведе 340 корисници на порно страници за педофилија. Мислите кај нас поинаку е? Второ и да нема педофили, зошто детето го експонирате на таков притисок уште од мало дека мора да е најубаво, најпаметно, најсве. Ми нема ништо побизарно од тоа да скролам слики од бебиња и да барам кое е најубаво, ван памет ми е. Сите бебиња се убави, крај краева убавината е субјективна работа а и не гледам како ако ви дадат диплома, награда, шокурдае дека бебето ви е најубаво нешто ќе ви смени, освен евентуално мал ego boost. Ич па да не збориме какви трагични последици може да има rejection на лепота во млади години кај дете, инкубатор за секакви погрдни мисли може да е, кај индивидуи кои се толку мали и кревки и кои уште не се свесни дека лепотата не е пресуден фактор за понатамошна среќа во животот. Кај се отруени од секакви инфлуенсери и познати фаци за начин на кој треба да изгледаат, уште родителите фалат да наметнуваат некаков изглед. Оставете ги децата да бидат деца for fucks sake.