Сакам да кажам дека многу е добро чувството да се сакаш себе си и да веруваш во себе до тој степен што мислиш дека не постои нешто што не можеш да направиш. Чудно ми е што толку добро се осеќам, со оглед на тоа дека буквално пред пола година ништо не ми значеше, па дури ни дали сум жива или не. А сега секој ден го гледам како прилика да правам нешта што не само ме прават среќна, туку и горда! Ова го кажувам токму сега, бидејќи на 14-ти минатиот месец започнав многу "чисто" да се хранам и редовно да сум физички активна (пешање и circuit вежби со тегчиња). Пред 14-ти минатиот месец, 3 недели секој ден ме болеше главата, а во последните 30 дена ниту еднаш. Се осеќам физички фантастично, а психички никогаш подобро у мојот живот. Океј, правам и многу други нешта кои екстремно многу помагаат за психата, како медитација (медитирам речиси 3 месеци, секој ден, со исклучок на 3 денови во сите овие 3 месеци), пишување дневник и читање и слушање на нешта поврзани со позитивен став, фокусирање и градење на навики. Моментално не заработувам, но создавам многу нешта кои кога ќе бидат готови, ќе ги споделам со јавноста и не само што ќе ми го променат мене животот, туку и на други луѓе! Едвај чекам да дојде тој момент, но уживам у секоја секунда во креаирањето!
Straight to the point. Тоа е одговорот на цел пост. Игра на его! Градација во која неостварени родители во глава мерат естетски вредности од типот ,,твоето бебе е поружно од моето" за да се осеќаат уважено, макар на момент и со брука. Во натпреварот млад, карактерно остварен човек не учествува. Учествуваат само мамички и татички кои штотуку родиле и мислат целиот универзум ротира околу нивното бебе кое кога ќе порасне.. ќе биде истото копиле како и секој од нас. Пошто нели репродукција е најбитна ствар, па сега и естетиката ќе ја додаеме тука за контемплирачки доживљај.
СДК декс дур движев низ ГТЦ и Плоштад Македонија, сфатив дека Центарот на градот нѝ е далеку поурбанизиран од порано.Просредено е, поубаво, има кај да се седне било на пијачка, било на храна.Имаш киосци и банкомати на секој ќош. Ми се сфиѓа што иако полека, сигурно напредуваме и се модернизираме, урбанизираме.И се надевам иако може ќе потрае, дека и останатите делови од Скопје, а и целата земја ќе движат кон таа насока.Дека ќе се европизираме како на урбанистички така и на психолошки план односно ќе поработиме на подобрување на нашиот менталитет и нашата свест. Имајте си убав остаток од денот.И ширете позитивни мисли и позитивна енергија, имајте надеж за подобро утре, имајте воља за нови шанси и подвици и бидете промената која сакате да ја видите, и работете кон остварување на истата, и светот ќе биде многу поубаво место.
Си седам синоќа онака по дома.Си велам ајде да повторам нешто за утре имам колковиум. И наеднаш слушам зурли тапани триста глупости.Во моево маало е стандарт ова после 9 навечер да има вакви работи,навикнати сме. Е сега,иде најинтересниот дел.Секој ден веќе неколку недели слушаме пау пау мислиме од петарди се. Арно,ама тоа да било пиштол.И пошто нашава државичка ништо не им може на браќата ромје тие си имаат буквално целата слобода. Се боцкаат кај и текне,фрлаат игли сред улица,улошки и што уште не.Уринираат пред вратите во вид на „протест“ пошто се многу биле „обесправени“ и ова и е знак на револт. И така еден наш комшија излегол да и каже да престанат да пукат со пиштолите темно е,може некое мало дете да излета и недај Боже што може да се деси. И така,за нецели 10 минути на улица ни се собраа едно 50 ромја.Кој од кој посилен.Ќе го тепале комшијата.И пошто нема разбирачка,викнал си полиција и господата не дојделе пошто исто имаше скоро претепан полицаец од браќава. И еден брат ром,репризент јачи меѓу најјачи и вели „ако сакаш викни три полиции,гајле ми е“. Сакам деф да се чинам од пеколов,ама искрено. Не се разбираат со збор и секако за жал во право се,никој ништо не им може.
наместо да никне некое паркче малку зеленило да се радуваме Згради никнуваат само...нели од паркот немаат пари али од зградите ехе хеее....ти е*ам државата.... извинете ако сум малку некултурна
На фб напишале: На Боки 13 му откажал левиот бубрег,може да умре во секој момент. И секако во коментари ќе прочиташ секакви клетви од прост народ што се сити на туѓа мака. И јас не го сакам,но не му посакувам да умре и сл... Ок си е човекот имам неколку пати разговарано на кратко со него,но не можам да кажам дека ми е мил,исто така не можам да го колнам.
Истиве овие постат, идат во црква на служби, бакнуваат рака на поп, се крстат кога минуваат покрај црква, слават слави и имаат окачено слики од светци по дома. Ама нема везе..
Ич не сме свесни колку нашите зборови имаат влијание на други луѓе. Особено промената што може еден комплимент да ја направи. Со една реченица можете цел ден да им го разубавите на луеѓето. Пред малку една девојка на каса ме праша што сум користела на лицето бидејќи ми изгледало многу чисто. Ептен мал коментар, а ме направи да се чувствувам многу поубаво. Затоа секогаш и јас пробувам да им кажувам на луѓето кога ми се допаѓа некој нивен аутфит, или фризура, или шминка, или нешто ново што си купиле. Треба почесто да си ги потврдуваме малите трудови едни на други. Плус, ова е најлесен начин да му оставите убав впечаток на некој. Луѓето ве паметат не по тоа што сте го кажале, не по тоа како изгледате, туку како сте ги направиле да се чувствуваат.
На исто патешествие сум и јас, ко јас да сум го напишала не ми се верува. Баш ме израдува постов,многу ме радува кога читам вакви приказни и позитивни исходи, секоја чест само вака продолжи.
Море, луѓево како почнале себични да стануваат. Еј, бараат мана да ти најдат и да ти ја речат. Пример, на работа, колешкава и се прај нешто као шефица, бидејќи неколку месеци е пред мене на работа. Ја гледаме цело време, зошто ова вака си го направила, зошто ова така. Не дека ми беше грешно направени, но ете да речи. Сфаќам, да погрешно направам па да ми речиш, ама ова секој втор ден веќе преминува во искомплексираност и љубомора. Ако и речам за некоја услуга, ко со сила ја прави или ако и речам да ми земи нешто за јадење од Веро и така оди, одма се мршти. Не сме сите цвеќиња, ама мислам дека човечноста се губи. Да се обидеме да ја задржиме и да му докажеме на овие негаривците дека себичноста ќе ги дотилчи.
@MissChievous, сосема се согласувам со тебе и те поддржувам иако јас не сум некој фан на вежбање и здрава исхрана. Луѓето треба да престанат да го поврзуваат успехот само со парите или со влегувањето во брак и градењето семејство! Успех е личниот развој. Не мора тоа што го создаваш да ти носи материјална заработка, доволно е да ти носи задоволство и супер е ако им помага и на другите. Само напред и не престанувај да вложуваш во себе. На крајот на краиштата, човек треба да се стави себе на прво место. Човек се има себе, секогаш. Другите се минливи, доаѓаат и си одат од нашите животи, некогаш за жал а некогаш за среќа.
Колку сакам да одам на сафари, да им се воодушевувам на дивите, за мене непознати животни. *гледа видео, и се кака од страв* Don't Worry!! https://9gag.com/gag/a5R1MzN?ref=android Лилит, ти курчевита пиздо.