Јас еднаш коментирав и кога ме нападнаа аууу... Каков сака нека е, на здравје не се ситам. А истите тие секое лето у Грчка идат, а секоја зима кукаат како немаат пари.
После критиките дека само сум напаѓала луѓе, еве и една пофалба. Вчера прв пат на масажа отидов, девојчето е со златни раце. Ме болеше рамото повеќе од месец дена, од кога ме измасира - немам повеќе болка. Од Битола е девојчето, и не е скапо.
Ја читам темата за корекција на носот и ФАК! нема крај!! И плус приказната фати во погрешен правец. Протагонистот го уапсиле за мито и сега нема херој приказната.
И така успеаа да ја упропастат најубавата улица у градов, нека остане само бетон шок*р #рипГорки #рипубавидрвца
Државата отиде у неповрат,ја продадоа пошто зошто,умираме од загаден воздух,сите фатија магла од скапаницава наречена Држава.Неписмењаци без школо водат Држава,човек со 8 оделение е ПРАТЕНИК кој зима 1500 евра плата од граѓаните од наш џеб.Ставен Премиер што незнае Англиски збори ко кинески,неписмен до даска,они за Горки улицата се фатиле офф море море народе.
Ние не сме свесни за ништо од тоа па затоа се грижиме што е уништена една од најубавите улици во Скопје, ахам океј.
Да во право си,свашта,таман работа загаденоста да беше од Фабриките,каде што горат отров,така си е да.
Ни се крати кислородот,а они си ги полнат џебовите. И на најавениот протест ако нема доволно народ,ќе нема ефект.
Жена во маркет си ги остави трите деца, од кои ниту едно немаше повеќе од 9-10 години, да и чуваат место на каса со преполна рачна корпа, дури она си допазаруваше низ маркетот. Најголемото девојче се обиде да ја крене корпата, сите продукти испаднаа. Луѓево околу им помагаат на децата, женава мува не ја лази. Почнаа да реагираат луѓе да дојде, па уште кога дојде им вели срам да им било што коментирале. Ги остави сама децава ред да и држат бе. За да не почека плус 5 минути случајно остави сами три деца на каса. И најстрашно ги остави да се килават со корпата. Па уште и другите зашто коментирале. Сфаќам дека е тешко да си сам со деца, ама приоритет да ти е редот на каса не сфаќам
Дека сум ептен заостаната со македонскава рап сцена, сега прв пат ги гледам овие 2bona. Who on Earth are they? Мислев од Србија, така ми звучеше името на групава.
Налет и 9gag и сѐ. Екстремно ретко плачам, ама на ова се испорасплакав како дожд. Ептен ме здоболе и врати спомени од детство и адолесценцијата каде повеќе од шест мачиња ми прегазија кои и ден денес ги немам преболено. Спојлер
Мислев дека тоа е доволно тажно, но има продолжение кое уште толку ме докрајчи: Спојлер Не отворајте ако не ви се плачи.