Колку може човек само да засака животинче/милениче, верувам дека ви е познато... Не се опишува со зборови. И мене ме донесоа до солзи цртеживе. Нека ги тргнат, ми се расипа вечерта
Сликава со мачето (и гратис за кученце приказна) и на инста ми излезе пред некој ден, од форумџика наша ставено. Баш ѝ пишав, па така добив гратисот. Тажно е, заплакав тогаш, сега кога видов првата рамка фино скокнав. Онака кога копиЉот ми го згазна мачорот, сакам да вервам дека Позест ме виде ко го барав за јадење и после то ко го викнав татко ми да го тргниме од патот. Онака, сакав да знај дека е сакан до последно.
Дојдов да си пишам нешо весело тука ама ќе си идам со солзи ради сликичкине. И мене ми имаат удрено маче, мило најмило.
Не ја напаѓајте Алиса. Ете приказната да беше за бебе немаше ни мене да ме погоди. Сечија психа е различна. Кај некои е љубовта е насочена кон бебиња, кај некои кон животни. Додека кај трети пак ниту едното ниту другото. Природата на човекот е чудна.
https://tocka.com.mk/vesti/324861/k...sto-pacientka-pocinala-od-vnatresno-krvavenje Фироме, црна хронико...
Станав да се напијам вода околу 5 и дека е рано, ај си велам да отворам вратите од терасите, воздух да влезе додека не распалат возилата и народов спие. Отворам едната врата, влегува смрдеа на прегорен кромид од соседните бурекџилници. Ја затворам веднаш и отворам од другата страна, да се проветри тоа мирисот на кромидот. Влегува смрдеа на загорен зејтин и пржени јајца. Значи ниту дома не можеш малу луксуз од почист воздух да си дозволиш. Прочистувач ќе мора да се набави,нема друго. Едит: Вчера по долго време го пуштив Балашевиќ и уживав во неговите текстови. Сега читам дека доживеал срцев напад, а требало концерт да одржи.
Јас нејќам да се фалам, ама станувам у 5 за на работа и дишам чист воздух. Да и овде се гради ама дрва не се сечат.
Брат, ме заболе курот како било во Швајцарија. Ми ја пукна главата со тие твои муабети и цело време критикување колку било мизерија животот таму. Ако не ти чини државата сменија бе или врати си се во Македонија. 100 пати сум ти кажала , за некоја работа што не ти е погодено, смени, никој ти нема ставено нож на грло на сила да те тера да правиш или да живееш таму. Одбивни ми се негативни луѓе кои нон стоп се жалат, а сами не сакаат да мрднат со прст да променат нешто. Ај да не трубам од сабајле, после сум на работа па ќе ми треба позитивна енергија. ........ Уште 2 дена ....едвај чекам Ајде позитива женска
Многу често слушам од луѓе, а и самата сум разговарала со нив на таа тема, дали факултетот, понекогаш и за некого, испаѓа пропадната инвестиција, бидејќи не може да најде работа по струка. И сите одговори што ги имам слушнато се: Џабе му е факултетот кога сега не работи или Ете успеа, се вработи. А никој никогаш не сум го слушнала да го сподели моето мислење а тоа е: Факултетот, без разлика дали понатаму ќе се работи по струката или не, не е никогаш залудно потрошено време и пари. Факултетот е вложување во својот ум, во своето животно искуство и социјалните врски. Оние што заминуваат да студираат во друг град, за нив менува уште повеќе, се учат на самостојност, поголема одговорност, како и колку пари да трошат, па се адаптираат на промени. Човек учи додека е жив. Образованието секогаш е само плус и не може да биде залудно, се работи за стекнување знаење, а нема ништо подобро од образован човек со високи познавања кој има одговор на секое прашање. Запознавањето нови лица и дружбата со нив е едно прекрасно искуство за паметење, заедно созреваат и стануваат изградени личности со веќе цврст карактер, тоа се тие години на комплетно формирање на една особа. Почнуваат едни, излегуваат од институцијата како други. Без разлика дали еден ден ќе го работам тоа што го студирав, дефинитивно не е залудно и не зажалив за тоа време и пари. Оти не е потрошено, туку инвестирано во ова што сум денес.