Јас никогаш не сум ги разбирала тие жени. Абе, не ти пцуе мајка човече, не те навредува, ти дава комплимент за изглед, карактер, зависи каква е ситуацијата, ти посветува некоја минута од своето време, ти вели дека му се допаѓаш и сака да излезете. Значи, да, за овие правам муабет, што ти приоѓаат како на човечко суштество, не зборам за дофрлувачите и загорените што сите „задни намери“ шо ги имаат со тебе ќе ти ги раскажат. Тоа е посебна филозофија и психологија, луѓе кои ниту себеси, ниту тој кому приоѓаат го почитуваат. Таквите ги игнорирам. Другите, заслужиле отворен пристап и одговор од моја страна. Еднаш моето културно одбивање беше погрешно сфатено, но тоа си беше посебен случај, посебна ситуација и не дојдов до заклучок дека треба машките грубо да се одбиваат. Самото одбивање боли бре жени. Мора да биде зачинето со „мрш бе сељак“? Јас сум човек кој мрази навреди, комуникација на ниско ниво и сл. Навредите ми покажуваат слабост, фрустрации и неможност на друг начин да се издигнеш над другиот. Од таквите жени, јас никогаш не се осмелив прва да пријдам некому, пошо така некои мажи си имаат обичај од една изгореница на све што е женско да се светат. Со чест на исклучоци. Не заслужуваат навреди тие дечки кои пришле на девојка со почит како кон друго човечко суштество. Затоа се сметаат за јаки фраери у маало, дечки кои за да се направат битни фаци во друштво, за нивната девојка се изразуваат со вулгарни зборови, кои ја притискаат девојката за нешто кое таа се` уште не е подготвена да го прифати. Но, има исклучоци. Мене последниве отсекогаш ми биле смешни, па и за жалење, дури и на години кога хормоните дивеат и на некои девојчиња им се интересни. Еден дури на шала рече „Аууу очекував марширање и вреѓање. Ако вака фино одбиваш, којзнае каква си кога си заинтересирана за некој.“ Е и ај извреѓај го ако имаш срце. Дури и после корпа ти дава комплимент. Mи текна на еден скеч од К-15. Не би било лошо да добијат залаче од она самите што го сервираат. http://www.youtube.com/watch?v=6dEXaRXlRYw
Среќен роденден Марјан007, многу исполнети желби... Уште една неправда ме натера да напишам овде. Страшно е чувството кога молневито ќе дознаеш колку е човек заменлив и тоа брзо, со брзина на светлината. Ова како вдовица, ден после загубата да легне со друг маж. Години поминати во надеж, им ги сруши само еден ден. Сите ние сме заменлива роба. И не само заменлива, туку и потрошна, а не ти плаќаат амортизација. Не е сеедно, кога после толку време ќе бидеш изигран, ама си се навикнал, зашто те изигрувале и секој ден. Толку години да пропаднат во вода поради вакви мизерни околности, е непоправливо и неопростиво. Ме фаќа страв да не се најдам во иста ситуација во брзо време. А да бидам искрена, можеби само ќе ми олеснат па ќе биде за мое добро.
Песна Слика од коктел на десно, поглед на море Валјда некоја скоро излегла од АА...мхм.. Анонимна алкохоличарка на анонимен форум.
Лепотанов завртил еден куп женски глави со неговата убавина. Не е осуден од најголемите осудувачи во општеството ЖЕНИТЕ. Освоил главна премија, го привлекол вниманието на еден куп жени. Ете до таму сме дојдени жените со нашата еманципација што некој само со тоа што бил убав ни може да ни го заврти паметот. И после вакви биле мажите онакви била мажите... Сепак морам да констатирам дека како и секој лепотан жена му е клета(барем мене така ми делува). Заклучок убавите мажи сакаат клети и паметни жени или што би рекле ние волк во јагнешка кожа.
^ Попрво би рекла дека карактер е во прашање отколку фактот што се жени. Има многу мажи кои поради убавината на една девојка си упропастуваат семејство, живот и тн. Исти ми се скроз со оние мажи кои си ги оставаат децата дома гладни за да на некоја „барби“ и` изнакупат најскапа гардероба, ја испрошетаат и сл. И тие „барби“ типови имаат многу “жртви“ и ми се скроз ист карактер со оној на типот погоре. Сексот е задоволство и за мажите и за жените. И едните и другите може да искористат некого или да бидат искористени.
Епа иди утепај го, аман, да не можеме малку да му се порадуваме на човекот од толку продавање морал. Зар е толку лошо ако му ја признаеме убавината? Тој за тоа што го направил, сигурно во судот не му рекле "ти си убав, ај нема да те судиме", брее..Ако сме рекле дека е убав, тоа е кажано од естетски аспект, а не од аспект "aјдее сега и ние ќе одиме да правиме злодела". Едното со другото си нема врска, и не мешаје баби и жаби.
„ Сонцето свети, тревата е зелена“ хммм...време за јога не за друго, одамна не сум вежбала јога... Вчера имаше филм на тиви со Мијаги, такво нешто како погоре што кажав имаше изјавено во филмот човекот, ако добро памтам, а како им текнало на нашиве да го дадат античкиов филм, не знам, арно ама неопходно е да дадат некој стар филм и онака имаат само стари филмови
И така фино, си се вратив од забар, со бело запче, многу ми е убаво. Арно ама, тој стоматологот буши ли буши со тоа брмчалото во забот (седмица) и фино така мене ми залетнува од тоа стругалото во грло. Ај, си преќутев и издржав, ми стави пломба, ама ете ти тоа па ми залетна и кога требаше со нешто ја зацврсти пломбата требаше да се чека 1 мин. Јас кутрата од тоа што ми залетна ми стои во грло, ќе се задушам, ми се насолзија очите и испуштив една солза, ми беше жал да умрам па почнав да кашлам, тој запнал ајде уште 30 секунди, ајде ајде. Де бе човек, ти во кома ли сакаш да паднам? Јас сум му најиздржлива пациентка, кога и да дојдам мерак му е што има ваков пациент, никогаш не сум плачела и нема ни да плачам, си ги сакам запчињата, здрави да ми бидат! Е, заборавив да кажам, многу мразам со тоа бушалото кога ќе ме рецне на непцето, ми оди да го телепортирам на друга планета! Ама, косичката на забаров ептен му е интересна, па не ми е досадно додека ми поправа заб, ми оди да се смеам како неарна фока и да плескам со рацете. До над уши, како со тенџере шишана. Така, еден совет чувајте си ги запчињата одете на време на стоматолог, поубави сте така! (демек Вие не знаевте дека треба да се оди на забар за да Ви бидат убави забите ) Имајте убав сончев ден.
Јас разбрав дека поради убавината некои жени и девојки веќе почнале да собираат пари за да му платат кауција. Ама нова сум на форумов и како што гледам темава се вика „Сакам да кажам“, а не „Сакам да ВИ кажам“ или „Сакам ВАМ да ви кажам“, така да не знам зошто толку си се почувствувала засегната од моето мислење.
Убаво е да има човек во животот, мудри луѓе, богатство се, енциклопедија во движење, која за се има одговор
Многу убаво се чувствувам, слушалките на уво и кулирам ********** Денес конечно завршив со обврските, за мене распустот е официјално започнат! Се запишав во средно, ги земав свидетелствата и то Планирам да одам на шопинг денес, да си купам нешто и од моите пари кои ги собрав за полуматурската, доста ги трошев моиве...
Океј значи, вака. Не сакам да навредам никого и покрај тоа што многупати сме биле навредени како некоја група. Како турбофолкери, луѓе без вкус, отупени во мозокот и слично. Но, тоа е мое право јас што музика ќе слушам. Жељко? Да, го обожавам човекот и немам намера да кријам. Всушност немам зошто да кријам. И покрај тоа што знам многу луѓе што секојдневно пљукаат по српската музика, а знаат голем број песни. Е па извинете, што јас не кријам. И не мора да значи дека секоја српска песна, под дифолт спаѓа под турбофолк и дека е шабанска. А се' што е странцко е бајно, ин и фино. Јас не слушам музика што е сега во тренд. Јас си слушам тоа што мене ме исполнува, опушта и ми влегува во уво. Тоа не значи дека на мојот репертоар секогаш стои српска музика, баш напротив. Како што реков, слушам се' што ми се допаѓа и што е пријатно за мое уво. Да не набројувам артисти, коишто ги слушам. Ама извинете што за Нова година не ја пеам Лана дел Реј, со тоа фамозното: Kiss me hard, before you go. И покрај тоа што и ги знам речиси сите песни. Но, за мене тоа не е прикладно. Јас сакам да се орасположам, бре! Сакам Џурџевдан, Муштулук, Калашников, Скитница, Миљацка. Ги сакам Бјело Дугме, Рибља Чорба, Прљаво Казалиште, Плави Оркестар, Парни Ваљак, Црвена Јабука, Дивље Јагоде. Сакам и стара изворна македонска музика. Сакам бре да се забавувам, а не да плачам. Па ај ако не нека не' стават на клада, сите што слушаме српско? Нека не' просветлат: Е ова треба да го слушаш, пошто твоето sucks. А што да слушам? Освен постарите песни, македонската музика полека изумира. Одвреме навреме се јавуваат само некои :се извињавам на израз: attention whore. Една песна излегува во три месеци. Похит песни излегуваат за време на изборните кампањи, отколку вообичаено. Живти Владо Јаневски што живна, Каролина и уште некои. Сите ги вреѓаат слушателите на Џастин Бибер. Океј, јас не го слушам, не ми прија мене за уши. Одбивна ми е неговата музика. Но, тоа е мое мислење, ќе го кажам ама нема никого да терам да не го слуша и да му се обраќам со погрдни зборови. Дајте оладете. Нивен избор, нивно право, што сакаат нека слушаат. Не сме сите исто музичко потковани, со исти „невкус“. Токму затоа има различни типови на музика. Секој си слуша кој што сака. Не го сакаш? Не мораш, никој не те тера, никој не ти ставил нож под грло. Имаш еден куп други. Слушај што сакаш. Толку од мене.
Woman can not be understood,she can only be loved Guys pls,don't understand us women.... Онака ми дојде....
Сакам да кажам дека вака лошо не сум се осеќала никогаш во животот. Сега сум на таква раскрсница што треба да решам многу животни прашања. Исплашена сум, испаничена и не сум при себе. Не знам што да одлучам ни што да направам. Само осеќам дека ова нема да се заврши добро и дека мојот брак има голема шанса да е дојден до крај. Тешко е да одлучам и што и да одлучам ќе има негативни последици во секој случај. Дали ќе се каам или не времето ќе покаже, а дали ќе ми биде тешко тоа го знам уште сега. Обично сум доста приземена и цврство на земја ама сега баш од сите работи што ги имам изгубено во животот паметот ми недостига најмногу !!!
Како што годовите на дрвото ја означуваат неговата старост, така состојбата на човечкото лице го отсликува животното патешествие.