Ама јас само те коригирав, ништо повеќе, а ти напиша реферат. Гледајќи така, нема ништо лошо и во тоа да бидеш коригиран.
Што мајка бараат Багери во Вардар,вршат ископ,ко демек го чистеле Вардар. Или вадат песок за згради што се прават. Се ебаа за тие ебани Згради.
Всушност... И јас мислам дека коригирање на погрешно напишаните зборови е непотребно, но ова малку иронично беше па морав, извини.
Као и обично, и типично за баксуз ко мене, си го пронајдов совшениот муж у колега шо има женска 5 години... Oh, well...
Душата ми изгоре за локум од лимон. Купив од добро снабден маркет. Отварам дома.. камен. Човек ќе убиеш со локумот.. По ова Кам или Стокомак пресни им се локумите? Инфо некое?
По мене мавај колку сакаш, ама немој, немој, НЕМОЈ да посегниш по мојата колекција чаши. Официјално сум скарана на брат ми. Толерантна сум до моментот кога некој ќе ми скрши чаша. Како мајка ми лани кога ми ја скрши убедливо најубата чаша шо сум ја имала некогаш и никогаш, ама апсолутно никогаш не проствам кршење чаша и си ја купив и до ден денес кога ми ја пофаќа ја потсетвам дека претходната ми ја скрши. Кога иди баба ми на некој ден, не користам од моите чаши зошто таа пак неколку ми има скршено јер јас пијам вода и си ја оставам на работна маса за да не вадам нова чаша на секое , а та сака да ја мие, ми ја мрси дур мие други работи, му се лизга и ми ја крши, и ова е вака безразлика колку пати ѝ велам дека јас ги мијам моите чаши. И користам од домашните чаши тој период ради ова. И така, нерва ми се крена, одам да ја исплачам чашата.
Јас волку за бившиот не се трескав од земја. Мој совет, земи си стаклено шише од Џамбо за вода и нека ти седи цело време на биро. Чаша е материјална ствар, не вреди да си губиш нерви за тоа. Мојава мачка - мајмунка колку по ред чаши, филџани, кактуси, растенија и рамки за слики ми има скршено, а ми бил сите драги до едно, посебно растенијата. Ќе ми немаше крај ако се нервирав за се и со обелена коса ќе бев сега. Ќе си купиш поубава.
Ама сакам и нова поубава, и старата. Чаши ми се ептен при срце. Сакам за се да имам посебна чаша. Сакам посебна за вода да имам за секој ден, посебна за различни видој кафе. Сок пијам често ама имам чаши за различни видој сокој. Имам чаши за гости, чаши за различни пригоди за гости. Многу сакам чаши. Многу ми се важни. Утре ќе одам да побарам иста ако можам да најдам. Или да ја скршам на брат ми омилената чаша, ама ќе преспијам на та идеја иако не можам да скршам чаша намерно, ме боли.
Те разбирам. И мене браќата ми скршија омилена чаша. Се налутив и за тоа,ама и поради тоа што можеа себеси да се повредат или еден од нив,или пак мене. Од тој ден моите чаши и шолји си ги кревам на ептен високо,во затворен простор и на сите им кажав да не ги допираат без мое одобрение. Ај,некој ќе рече не се нервирајте,чашите се само предмети,што е вистина,но кога чашите се наменски купени или подарени од некој имаат повисоко значење.
Супер. ПОБЕДИ! Сега остави предност за некој да ме цитира за нешто убаво, немам место за глупости и докажување кој е најјак во правописни грешки. Убава вечер.
Не, чисто за чашата ми е. Додуша ова се скрши точно на два дела, и да сакаше некој да се повреди не можеше. Лани ми се скрши шолја за чај, прејака беше. Јас се сопнав со врел чај и уште имам лузна и уште ме боли оти ми се скрши шолјата во која пијам чај, раката не ме боли веќе, ама морав да барам нешто ново во кое сакам да пијам чај. Имам блага опсесија со чаши и шолји, не ми ги бери поќе дома, не ми се во ред наредени, туку во три еден врз друг, во 4 различни места. Сериозно ги земам. Премногу.
Не. Не ја сликам скршена, ама знам дека ја имам ставано низ темите пошто често ја користам. Користев. Сите скршени ги памтам, камо меморијата за се во животот да ме држеше како шо памтам кои се чаши ми се скршиле.
Кога загледав Алфа вести, мислев дека се шега, нешто Фчерашни новости/вести, како и да беше. Сериозно. Дали се здрави овие луѓе? Овој презентеров како би го опнала со мокар човек. Дали е шоу или вести? Мизерии... Ова не е пренесување на вести бре. Каква драма, какво однесување. Ова ли е сериозна тв? Замараат со стари и фабрикувани вести, селективно... зошто постојат?