Се убив од работа денес, Сандеј фандеј, ај реков да видам што има на форумов да се изрелаксирам, отворам, темана angel therapy ја прочитав ко anal therapy и тоа е се што треба да знаете вечерва за мене.
Тажно, ама најчесто кога луѓето со искуство те убедуваат дека нешто ќе се случи онака како што ти кажуваат а ти упорно тврдиш дека кај тебе ќе е различно, нема да биде различно и истото ќе ти се случува и тебе, ма колку и да си бил различен и посебен. Порано кога имав онака блиц врски и се заљубував по три пати дневно, и кога некој со долга врска или брак ќе ми речеше се е навика, после се набрзина ќе правиш, страста ќе исчезне, ќе стане монотоно, ќе сакаш моменти за себе без него, јас тврдев дека нема шанса, јас нема да дозволам мојата врска или брак до таму да стигне, секој ден ќе се сакаме неизмерно, секој ден ќе биде подобар од вчерашниот, јас ќе бидам таа што нема да дозволи монотонија, ако треба ќе правам секој ден изненадувања ама тоа мене нема да ми се деси. Почитав некој пост од девојче истово што го тврди за иднината и нејзината љубов некаде низ темите и се сетив на себеси. Еве ме сега години после тоа, во долга врска и живеам со него долго време, едвај чекам да замине некаде на кафе да седнам да си читам некоја книга, да си цртам, да чистам, да уживам со себеси, едвај чекам гости да ни дојдат да не се досадуваме сами, сексот некогаш ми е како обврска што треба да се заврши, некогаш незгодно ми е да одбивам неколку дена по ред и знам и да си размислувам за утрешниот ден, што има што нема во фрижидер, колку тоалетна останала... Во кревет колку е подалеку од мене толку подобро, повеќе место имам за тркалање и легачење, некогаш и во друга соба спијам зошто сакам да гледам серии а него му смета светло, од романтичните вечери што ќе ги правев остана само една локална сендвичара блиску до нас кај што ждереме тостови и хамбургери за вечера па некогаш и за ручек, заедничкото гушкање и лежење гушнати до сабајле сега ни е кој кај легнал таму заспал во 21 часот, прошетките се сега дремење секој на своја страна на мобилен, како ти помина денот, како си денеска ни е целодневно молчење, освен ако сакаш да поминеш а тој се испружил и не се мрда па романтично ќе му се издереш помрдни се вол еден гледаш дека не можам да поминам, заедничко туширање сега е свињо една цела вода ја потроши, бакнежите кога ќе се видиме после некое време сега ни се кај си бе, некогаш и само едно хај или некое мумлање неразбирливо, изненадувањата за родендени ни се купи си нешто што ти треба ама пази на парите струјата не ни е платена два месеци и си купуваш тавче нешто џогер од пазар на попуст, три сезони врнежи што поминало, со фабричка грешка, умреа тие времиња кога ќе добиев ружа или скап парфем или ќе му направев некоја картичка цел месец што и посветував, нема веќе пеперутки ни воља за романси, едноставно се сакате премногу, знам дека ме сака, јас го сакам, сигурни сме си дека ќе траеме, ама признавам дека не е како што се колнев дека ќе биде. Ок има и некој што сега ќе ми рече не е точно јас и сопругот сме 100 години заедно па уште ја негуваме романтиката, осеќаме страст. заспиваме со фатени раце, припиени, сабајле не можеме да се одлепиме, живееме бајка, ок благословени сте и мило ми е за вас, јас зборувам за обичната раја и нормалниот живот што ги чека луѓето што се колнат дека тие така нема да живеат.
И ние што не сме мамички ич немаме време, дома треба да се средува, да се чисти, да се готви, на работа сме после, што попрво, а во меѓувреме и термини за доктор, за во банка, за пичкаси матер и замисли со кој памет сме се вклучиле на форум , а време да се немало ич, абе глата не знајме кај ни е, битно се логиравме да пишиме на фемина дека сме преокупирани со обврски и се нема време, туууу од кај да почнам П.С. сега откако пишавме дека се нема време, некоја форумџика ќе се транспортира и ќе ни ги заврши сите наши обврски ................. Дојде денот, конечно 18 , тие што ме читаат знаат за што јадам лајна Останете во добро здравје , се читаме после 15 дена Адиос до тогаш
Никако да сфатам која е целта со објавување на слики како даруваш крв или лежиш во болница. Очај за внимание.
Секогаш се водам по емоциите. Одам таму каде што ме носи срцето. И не се каам за ништо. Тоа е тоа што ме прави среќна. Можеби изгледа детинесто и наивно. Искрено, не ми е гајле. Сакам само чисти емоции и чиста среќа. Друго не барам
Мислам дека НЕ Е ФЕР. Од летоска па до сеа имав толку многу удварачи (не знам како и зашто, уште се чудам) и ниеден не ми привлече внимание. Сега МЕНЕ еден и единствен ми фати око и он не е заинтересиран. Значи ќе си пукнам.
Никогаш нема да ми бидат јасни оние луѓе чиј прв коментар при средба им е "си ослабнала/си се здебелила", па зарем само тоа се гледа на една личност?