Ме плаши и ми се гади кога ќе видам како за некои луѓе е скроз нормализирано брачното неверство. Не дека ова во врска не е тотално грозно, ама ова во брак може да остави доживотни трауми кај децата. А и зошто побогу некој би се венчал пред државен службеник или свештено лице ако не е сигурен дека нема да му праи срања на партнерот? И не, нема случајни “се деси” неверства. Најсмешно ми е тој “изговор” кога ќе го кажат, демек не сакале. Па тоа уште полошо е, како до толку да се нема самоконтрола? Како и да е, фала што го ислушавте мојот rant за гнасни луѓе.
Она кога скролаш и одеднаш гледаш дека некој пишал СВАТИФ... Факинг СВАТИФ бе С В А Т И Ф! Ај за НЕСАКАМ, НЕЗНАМ или СВАТИВ ќе се правиш дека не си видел, ама сватиф да пишеш па неписмен си брате мили и треба во забавиште да се вратиш. Не да боде очи, туку ги корне очите од корен. Битно слушнале дека сфатив со Ф се пишува и битно сите на крај во свидетелства имаат 5ки Немој да ме јеб..................................................................
Да. Државен службеник - ја вклучува државата, банките, роднините, сведоците у ова така да сериозно е. Наречете го парче хартија, ама има вредност. На зборови не можеш да веруваш толку. Свештено лице - тргајќи од тоа како религиозните луѓе го гледаат Господ, а свештените лица како негови службеници, мислам дека исто така е сериозно за религиозен човек кога ќе даде заклетва пред Бога, што се вели.
Освен неверството и швалер(к)ите, рака под рака преку пресмешки е нормализирано и практично да си го хејташ брачниот партнер. Хуморот на куп 35+ годишни луѓе во брак по твитер и фејсбук се базира на редовно „комично“ оговарање колку ги нервира сопствениот сопруг или сопруга. Што е патетично и трагично...
Девојче, ниту еден државен службеник и ниту една вера нема к**от да ја боли ако маш ти те изневери, само ти ќе патиш и можеби некој твој близок. Црквата или верата како сакаш кажи, разведува (си плаќаш) и пак венчава (пак си плаќаш). А тој у матично чека да му помине смена само.
Па фала Богу знам дека матичарите уопште не ги засега кој што праи и дали се разведува, поентата ми беше дека со граѓански брак ја вклучуваш државата и стануваш комплицирана институција со партнерот, за која треба процедура да се прекине, и има легални последици за работите кои се дешаваат во бракот. На матичар не ни помислев. Исто така во врска со религијата, пак друга ми беше поентата, дека ако веруваш во Бог ќе се венчаш пред свештеник кој ќе даде благослов и со тоа бракот ќе го гледаш како свето нешто. Поентата воопшто не ми беше колку плаќаш, или што ќе мислат лицата со чија помош го склучуваш бракот.
Секојпат кога ќе се скараме со партнерот помислувам на матичарот и попот што не венчаваше. Ах, да не видат вака скарани, срце ќе им пукне.
http://www.mtsp.gov.mk/wbstorage/files/zakon_semejstvo_osnoven.pdf Еве што све се дешава кога ќе влезеш во граѓански брак, а со оглед на тоа што и ти си во брак знаеш што значи и какви последици има разводот во некои случаи на пример.
Не е точно. Ако јас го изневерам маж ми не може да ми ги земе децата децата одат кај мајката освен ако не исполнува еден од 3те услови за одзимање на нејзините деца. А неверството не е еден од тие услови. Имотот секогаш се дели на пола, што е стекнат во брак, така да ни тоа не е точно
Само ти набројав можни последици од развод на брак. Не зборев за неверства. Али супер ете штом варање не е услов
Некои луѓе толку многу зборуваат, а немаат ништо да кажат. Периодов се чувствувам осамено и си пуштам португалски џез, за душевен мир. Немам доверба во никого, ниту сакам да дадам шанса, да не зборувам допишување и убедување. Не знам како ќе е за празниците, но подобро е вака, многу подобро од тоа што беше, веќе се научив дека од никој ништо не можам да очекувам и дека не смеам да се надевам. Изопачено детство може да е причина за многу работи што ми предизвикале да се борам за нечие внимание и љубов. Повторно се сеќавам дека само јас можам да се сакам себеси, од никој друг ништо не ми е потребно. Па и јас не знам да сакам, се што мислев дека до сега сум сакала било желбата да не ме напушти и да се откаже од мене, некаква опсесија дека ќе биде добро и ќе се среди се. Не ме сакале, ниту сум ги сакала. Само сум сакала да им докажам нешто. Каде ми бил паметот само леле. Ништо на никој не треба да се докажува, само треба да сме искрени пред себе, ете како сега.
Ми наброја и не се точни. Така да, нема легални последици освен ако не си наркоман, не малтретираш деца или пак имаш документ дека си неарна во главата. Последиците се сосема други, не дека ги нема. Ама врска немаат со тоа што го болдирав погоре. Тоа ми беше муабетот. Чисто да си знаеш де..