Сонце. Прочитав за кученцево дека оригинално требало две да се развијат во утробата, а развојот почнува од аналниот отвор па затоа е останата опашката од другото, така да кученцево си го проголтало братчето или сестричето додека се развивало.
Денес научив нешто битно. Колку нештото да изгледа лошо и безизлезно, треба само трпение. Стресот и нервозите треба да се заменат само со трпение и со добри мисли дека е период и ќе помине. И вистина ќе помине. И вистина ќе дојде подобро време. Два месеци буквално го живеев пеколот. Се најлошо што можеше да се случи се случи. Таман почнав да се помирувам дека среќата ме одминала и заминала без план да се враќа, се случија промени. Не само што ми се врати среќата и ми се насмевна, него ми стана најдобра пријателка и најверен придружник. Толку многу не сум навикната на среќа што толку многу ми паѓа чуден периодов и јас нема да бидам јас ако сега додека се е совршено не заебам нешто, овој пат со страв и сомнеж дека после вака добар период ќе дојде некој огромен гигантски лош период кој ќе ме уништи.
Шефицата кажа гупа смешка, не се насмеав, искрено, неќу да се смеам коа не ќе ми се смее, како да кажам не сакам смеење со сила. И ете ја сеа го Кренала носот. Ми се извештчи за чао. Хахах
Роденденот годинава ми помина прилично емотивно. Истиот ден уличното маче кое го хранев го најдов целосно смачкано на улица. Го видов татко ми со букет во рака и потонав во солзи. После тоа пак се расплакав заради една бабичка. Претажна глетка е да гледаш мало измачено женче кое е на залезот од животот, сиромашно, со болка во очи. Се труди да помине улица, а никој не ѝ застанува. Нема да го заборавам тоа. Понекогаш страв у коски имам од тоа што животот ми приредува. Не ме исполнува секогаш да бидам среќна и сè да ми е под конец. Некад го почитувам тоа што животот знае да ме истреска од земја. Океј е. Кога ме исфрла од колосек - само тогаш можам да се приземјам и пак да соберам сила за понатаму. Навидум „совршеното“ не е тоа што ми треба. Вистинското е тоа што ми ја храни душата.
Колку е преубаво и неописливо јако чувството кога за прв пат ќе ти се обратат по звање. Е тогаш осеќаш гордост, радост, важност и благодарност за твоите што те школувале. Тогаш знаеш дека си на вистиниот пат и се движиш со голема брзина за да си го исполниш сонот. Секој знае низ што поминува едно просечно семејство за да школува деца, ама крајот е битен. Сигурно со тек на време се навикнува човек со професијата и звањето, ама препрејако е чувството кога прв пат некој повозрасен од истата професија ти се обраќа со почит и те гледа еднаква со него/неа.
Бракот веќе не требало и не смеело да биде институција со онаа истата важност од порано? Ах што ви направи овој 21 век(малку иронија) векот си е арен, ама луѓето не чинат бе, јас не знам што давате 5762 ветувања и колнења на љубов, верност и се нај нај, кога едноставно не сте луѓе да ги исполнете тие ветувања Модерно време е, и слични тие срања не ви го белеат образот веќе, се е до вас самите, и престанете веќе поради сопствен бес да уништувате и разорувате цели семејства
Абе јас не знам што куче ќе беше Тоолку па слатко нешто кога спие сонува и си мрда цело времеДа го земеш и гриц гриц грицГлувче мое слатко
Не е лесно да сакаш гламур и пари. Ова е за сите старлети. Ај од денес решавам инфлуенсерка да бидам и по инстаграм и фб шминки да рекламирам. Усти да ми пунат со хијалурон, врв на слава ќе е да ме венча Макрон. Луј Витон, Версаче, Прада ќе бидам со цицки силиконска дада. Сваровски нокти околу волан ауди, сакам се што курвањето ми нуди. Поклончиња скапи сакам да имам, од sugar daddy's да ги примам. Сериозно кои глупаци од машки купуваат поклони и им плаќаат на ваквите. Срамота е да кажам знам девојки што сакаат за нивно друштво да им биде платена вечера, без да има бакнување, за некст левел да не збориме. Типките '' користат'' вечера, а потоа се чудат што ги зборале дека се курви. Пак да се чудите, да ви ебам спечалот во цицки.
Сдк добив 4ка на лото. Цели 200 денари. А сите 7 бројки ги имав, у различна колона нели нормално... П.с. прв пат нешто на лото да добијам. Знам знам, ко мало дете сум.
ке ве замолам никогаш да не и кажете на трудна жена дека не и е ништо затоа што незнаете во каква ситуација е и што се трпи...дознав денеска дека мн ниско го носам бебушов може и патолошка да земам...душата ми плаче само да е се ок....
Која е потребата да се гледаат други и во живо и по социјалниве мрежи ? Зошто се потценувате себеси.....
Признание, денеска слушав песна од Саша Ковачевиќ на радио и ми се бендиса и сеа се плашам дека ќе станам турбофолкер.