Акаунтов на фемина ми е од 2011. Треба некогаш да скролнам во минатото и да се потсетам на тинејџерски години. Ако не ме убие cringe.
Ќе беше поинаков светов ако на нас, женските, не ни се набиваа комплекси дека треба да бидеме 60-90-60, а на машките наместо „не плачи, машко си, машките не плачат“ им се викаше „плачи пошо си човек“? И онака живееме во искомплексиран свет со испревртени вредности, ваљда ако мнозинство од луѓето работеа на себе секој ден...Well, тоа ќе беше најгласната одмазда против општествените стеги кои просто ме ужаснуваат. #Ичк*рданетичуезаопштеството
пошто детево внатре уште од сега тренира кик бокс во стомакот, ке го запишам и кога ке попорасне малку барем да си продолжи со спортот
Кај што работам јас е пекол. Сите се мразат, се караат, се прават кланови, сплетки, местенки, лаги.. И пред некоја година ми текна да направиме нешто добро, кога некој ќе прави свадба или ќе му се роди дете да собериме барем по 50 ден и да му купиме нешто симболично колку за чест. И ми викаат ако собираш ти важи. И ја зедов таа обврска да собирам и да купам за бебето кога е во случај бебе родено, парите собрани ги чувавме кај директорот и кога ќе ги земев, фискалната од онаму кај што ќе купев ја носев и ако останал некој денар плус враќав или купувавме нешто било што од аптека. Неколку години така функциониравме, јас ќе купев и ќе покажував на сите, и и се роди на една колешка ромка бебе, собравме пари, јас купив за бебето, таа замина на породилно отсуство, во тоа време се родија уште 3 други бебиња и за сите купив, за оваа ромката најмалце имаа дадено пари и со тие малце зедов нешто онака, за другите имаше повеќе работи за неа само нешто ситно за тие малку пари. И сите три работи за бебињата ги покажував на колегиве, ама се случи нешто и јас заминав на боледување, подолго време бев отсутна, другите работи ги дадовме, ама кај мене остана едно, тоа најмалку што имаше. Пред некој ден на работа се сетив дека поклонот е кај мене, веќе го имавме заборавено, другиот ден го донесов и после доаѓа еден колега и пред сите ми вели што е вака беден поклонот имаше и некои фустанчиња за бебето и плус работи. Изгледа му се помешаа сите три поклони не знам што му се деси. И почна да се дере низ ходници срамота ова е голема срамота, имаше повеќе работи, да кажеше јас ќе ти дадев пари да си купиш не да ги земаш нејзините, а јас немам ни бебе ни ништо, нема смисла тие фустанчињата по 120 денари ги купував од џамбо... И каков срам доживеав за ебани 200 денари или две фустанчиња или што и да мислел дека фалело, толку многу ме посрамоти, насекаде тоа па тоа го вергла, од толку луѓе сигурно ќе се најде некој и да поверува во тоа, си налепив срам само затоа што сакав да внесам малце ведрина во оваа ебена фирма во која работиме. Затоа, пред да направите добро размислете 1000 пати, а јас веќе добрини да правам не!
Деновиве имам неверојатна потреба да бидам крај вода... море, езеро, река... што и да е, да е вода само...
Асистент на државен факултет зема плата пониска од просечната во државава и пониска од професор во средно, а работата и дома си ја носи. Вечна !!!!
Од толку случувања месецов на личен план, не знам зошто, ама наоѓам време и сила да го мислам мачето на @piksooki Се врати ли???
Зa сите истo сaмo зa Рoмкaтa нештo беднo. И нaместo тoa дa ти е хaјлaјтoт нa прикaзнaтa, тебе ти е кoлегaтa штo рекoл -срaмoтa. Срaмoтa, дa, зa сите вaс.
Кај мене на работа сите беа канети на свадба освен една колешка која беше ромка.Секако дека не се појавив на таа свадба.Луѓево се беда.
Севернава, ти е всушност земја каде што за најситни кражби лежиш како за убиство, за застарен долг од 10 денари кон банка или било која друга институција, после 20 години ти стигаат извршители и долгот од 10 денари веќе станал фрапантна бројка. Ама тоа не е се, кој ви е крив што сте се родиле како обични ситни улични тепачи бе? Или обични анонимци-рмбачи за плата? Легендата вели дека, таму некаде постоеле рекетари, убијци во бегство, политичари кои плачат и молат да не одат во затвор, па такви на кои им застарело делото, ама сето тоа е на другата страна од приказната. Во оваа нашата, мизерната, се си е тамам, што би рекле Турците
Впрочем нема врска тоа затоа што имало за неа најбедно, јас воопшто не го ни гледам тоа така зошто и најголемите непријатели што ми се на раб знам дека не се замараат со ова што го тресеш ти, ваљда зошто така ти ги третираш затоа и тоа го помисли кога го прочита постот. Ако нешто ти значи за нејзината свадба беа собрани рекордни пари. За никој до сега толку не се собрале. За бебето така се погодило, работата е таква, често отсуствуваат колегите па ваљда кога се собирале пари малку биле присутни.
Ахв се разбуди. Навистина се разбуди http://fva.gov.mk/mk/191120-kazna-s...cLU7H1TcGaE2Mo9HpIzaRUtUEE0DN-c3RcEazmY1Ukr2g