Мене овој лепотан ми личи на Адријана Лима, само што е муж. Едно време и она ми беше убава, ама веќе не ми е. Никад нема да биде жена, увек ќе биде девојченце.
Јас по дома - сите четири во вис, таква модна комбинација што не можете да замислете без градник и мојата коса изиграва антена Влегува мајка ми „Ајде оди до продавница“ да сум купила ташаци (јајца) и ЦИГАРИ. Зошто јас? Кој ќе се средува сега за до продавница, не дај Боже, пу пу, да ме видат комшиите не средена, цела недела ќе си зборат колку ми е голем задникот во хеланки и колку мајчката не ми одговарала Ја гледам сестра ми (9 години) целата скоцкана, дури и боите што ги носи си одговараат, што не оди таа? прашувам, ја мрзело госпожата. Принцеза била. Треба дефинитивно да се забранат цртаните што кажуваат дека сите се принцези, принцови итн. Лошо влијаат на децата. Сега сестра ми се занаса дека е принцеза. Што не ги вратат Том и Џери во етер? Барем не збореа, многу не научија и од нив дефинитивно никој не се занаса дека е принцеза. Не можам веќе да ја трпам ваква
Чувството кога бившиот ( првата голема љубов), по 1 година ќе ве види со новата љубов, и не го трга погледот од вас. И, демек дискретно, ви пушта сигнал на мобилен со unknown number. А чувствата за него одамна ви се ставени на mute.. Кој кретен Speechless
Денес се вратив назад 10 години. Ги разгледував сите мои слики кога сум била 10 годинки. Се сетив на сите песни кои ги пеевме со татко ми. Се сетив колку пати сум паднала, сум имала 10 модрици наеднаш, и пак сум се смеела. Се сетив кога сум била тепана во градинка од деца кои сега ми се десна рака. Ете тоа е детството, најубавиот период во животот.
Многу е убаво кога од секојдневните и обични работи знаеш да извлечеш поука. А уште поубаво е кога не ја забораваш во истиот момент
Сериозни сте со сликите со хаштагови #afterwork #friday #лабаво ауу кои комплекси, 1 месец работи и одма правење филмови. Мислам смешни сте. Очајни за внимание. Смајлиштосекрсти. Па кај на инстаграм па и на фб шернуваат. Што ни е гајле нас колку ти е лабаво со палачинките, коктелите.... Тоа ти е кога на ограничен човек ке му дадеш нешто ситно плата.
Неможам да ги разберам луѓево бее пола саат се мисли какво пиво да нарача и што да пие... а она па дали да земе сладолед од ванила или од чоколадо А сериозните работи колку време ги мислите ? Баш ме интересира Глупости !
Колку само е посебно чуството кога држиш мало бебе. Едно нежно мало суштество кое уште ни главчето не може самостојно да си го држи, сета сигурност ја има во тој што ја држи. Па уште кога ќе ти го стисне прстот со тие мали рачиња спрема кои твоите изгледаат како џиновски... Бебињата се најголеми душички.
Се мислев дали да го пишам коментаров ама ми доаѓа некако да споделам позитивна енергија. Не ги сакам фамите околу вакви работи, но баш on topic сакам да кажам, а не да се пофалам: Денес го положив последниот испит. Си го имав оставено најубавиот и најинтересниот за крај и еве, ставена е јаготката на шлагот. Уште некои формалности за после летото и официјално ќе раскинам со факултетот. Ме гушка некое неодредено чувство... Да, среќна сум за мојот успех ама воедно и знам дека ќе ми фалат сите перипетии околу „студентските маки“. Искрено, мислам дека нема ниедно слично чувство како чувството после положен испит - е тоа е она што најмногу ќе ми недостига. Незаменливи убавинки и имајќи го предвид тоа денес се осеќав како бруцош додека одев да полагам, нозе ми се враќаа Спојлер Ако во теков на неделава, забележете женска особа која слави и урла по кафичи, веројатно ќе бидам јас, па ве повикувам да ми се претставите за да ве частам пијачка Со љубов, ваша М,
СДК...убаво е чувството кога знаеш дека постои место каде можеш да ги споделиш своите проблеми и искуства и да побараш или дадеш совет некому! Се надевам на добра дружба!
Абе ако некој ми ја виде фацата додека ја читам темата Смешни мислења упла ќе добие.Не дај боже па смеата да ми ја чуе
Прекрасно си поминав на концертот на македонската филхармонија во градскиот парк врчерва. Преубава музика, преубава енергија насмеани лица, смирени луѓе, свежо временце... Убавина
Си доаѓа сестра ми дома, со две ќеси во рацете. Она влегува у веце, ја скришно гледам во ќесите. Чоколокум, благо, воа ноа, преполни ќеси. Очите... пет банки ми се отворија. Си викам: Што се случува? Дали сонувам? И само ja слушам: Не глеј за џабе, не е тоа за дома. пФ!
Ами ко го измислија блашкото, што ќе прајш и банки ќе му се сторат очите на човек, ќе му бидат како она на Ice Age Нема спас од благо
Не е шала,летото дојде, а јас ни грам да симнам од мене. Колку понеделници дојдоа и пројдоа, а јас никако да ја започнам таа фамозна диета. Од почетокот на летото таман решив да трчам,цел месец не престана да врне и цело време само лежам и јадам. Од утре ветувам дека ќе внимавам на исхраната и ќе почнам да трчам,пешачам,што било,само да не лежам цеел ден.