Не ни оспорив дека не е во право. Таа се к**чи дека јас нема да одвојам 1000 денари за да дадам. Сега сфаќаш?
Јас не би додала ни 1000 ни 100 денари ,зошто да глумам мајка Тереза ? Глупости како да си немаат доволно грижи па им дошло да се замараат дали за ромката се собрале повеќе или помалце пари . Нека биде среќна што добила поклон и што воопшто некој се потрудил. За драматизирање на форумов први сте сите глумат доброќа а во вистински живот малце поинаку е. Да беа грижливи и добри сите ко што се прават на форумов светот ќе беше поинаков.
Сдк 1: Јас сум личност што не дава воопшто, да работев со многу луѓе можеби, но некогаш прво си мислам “па чекај малку и јас сум за грев”. Давам само на тие што ми се при срце ( безразлика на вера и нација). Сдк 2: Домашниве веќе сериозно почнаа да ме нервираат, мора да си земам сопствен стан, некаде каде што нема да сакаат да дојдат. Ме нервира кога човек зема за право да ми чепка по соба, да си присвојува патики, да ми краде од бижутерија(демек нема да приметам), да се услужува со мои хигиенски средства. Значи и да имам милиони во резерва мразам да ми чепкаат и земаат без прашање.
Убаво запомнете ги тие имиња, ако ви се пријатели избришете ги, потенцијални силувачи се. Штом јавно не се срамат да бранат силувач, од истиот сој се и гореспоменатите господа. Е сега јас имам идеја сите колективно овде да им удриме по еден report на фејс, со posting inappropriate things ознака, доколку добијаат повеќе reports можно е да му се избришат профилите. Знам дека нема многу да смени, знам дека уште ќе си бидат оправдувачи на силување, ама барем 1% полесно на душава ќе ми биде. Не можам веќе само да седам и да ги читам, ми се гади и повраќа. Ама барем кога полицијата е глува на вакви работи и кога страниците кои ги објавиле работите не ги бришат, ние да превземеме нешто. Не дека е правда, ама барем ќе мрднеме од точка кај што само читаме и се нервираме. Јас веќе стегнав report, очекувам и вие.
Ако можиш да ми пратиш приватно порака со линк да можам да ги репортнам. Или бар од која страна е веста.
Лавстоунд ги објави со име и презиме страница поназад. Искачаат сите на фејс, јас веќе им удрив репорт. Секојпат објавувајте ги со име и со презиме, да ги знаеме кои се. Кога тие знаат да бранат силувачи и јас знам да ги прекажам на секое девојче што го знам и да ги пријавам. Гној од луѓе, пу.
Самата сакала,што барала во војска... Гнасни гадови... А,што ќе речеа да беа нивните ќерки,сестри или братучетки на нејзино место?
Колку простотилук, малограѓанштина, злоба, искомплексираност и психопатски вибрации извираат од коментариве, страшно. И мене ме тригернуваат коментариве, ми се гади, ми се плаче кога ги читам. Како што кажавте и погоре, можеби имаме вакви соседи, роднини, пријатели. Овие нелуѓе се социјализираат, контактираат со луѓе, имаат семејства и работа. Социјалните мрежи, за жал ете, можат да ги користат сите и овие шлајмови од луѓе имаат привилегија да си ги искажат малоумните ставови. Искрено, не само да се банираат од Фејсбук, јас би рекла дека треба да се казнат, навистина да се казнат. Иако не знам колку и како тоа ќе им го смени менталниот склоп.
И удрив по еден репорт на дечкиве па нека се чудат после шо ги огрејало.Дали сонце дали месечина. Гнаси од луѓе.
СДК дека многу се нервирам кога некој ќе ми забележи Ама ти си женско, како така јадеш повеќе од машките А од друга страна добивам коментари Леле колку си слаба, ама ти јадеш ли нешто воопшто? Каде ти оди храната? Не знам луѓе ама ме служи апетитот ама и метаболизмот Не мора и на сред ручек да се даваат сексистички коментари. Ми се јаде и тоа е Ако сте нервозни што сте на диета, не ја истурајте нервозата врз мене.
Запалив цигара после неколку месеци и добив коментар дека не ми стои. Ултимативно запалив уште една, па имав две, и прашав а сеа ми стојат? Личноста запрепастена од мојата постапка ме одмина. Не сакам да бидам безобразна, ама кога си шовинист и одиш со агенда ,,женско си, не ти стои зависност" очекувај радикален гест. Сончеви зраци денес, у-ра! Конечно доаѓа пролет. Ептен се радувам, и во тоа име сега ќе запалам еден џоинт. Алоха фром спејс. Спојлер Лажам..немам.
И јас им акнав по еден репорт на гнасите од погоре. Ајде сите. Ау колку ми се згади. И после овие можат да користат социјални мрежи и имаат право на глас да одлучуваат за иднината. Безвредни општествени отпадоци, џабе го трошите воздухот за да го живее животот што не го заслужувате.
^ Еден од дотичниве е машински техничар, Дејан Арсов, дали тоа сите негови колешки се пачаври исто? Безрбетници. Безрбетници насекаде. И пак се навреда за амебите.
И секако, пола тајмлајн полн со икони. Прав рисјанин, на слава се крсти и бакнува икони, откако ќе се наљока седнува на компјутер и пишува дека жените се пачаври кои заслужиле да се силувани.
Да сум еден ден на власт и да ми дадат да менувам закони, ќе се преполнеа затворите со целиот овој шлајм. Некој месец затвор, општокорисна работа, а право на интернет за да си ги искажуваат повраќанициве од опасни конзервативно-шовинистички „мислења“ ќе сонуваат до крајот на животот. Да, само за коментари вакви на социјални мрежи. Идејата за апсолутна слобода на говор вклучувајќи и вакви дна, може да си ја напикаат каде што сонцето не свети тие што ја имаат.
Колку е благослов да си жена, толку е и дополнителна тежина. Дали мажите одат на работа со страв дека некој ќе ги гледа како сексуален објект? Дали мажите одат забрзано доцна во ноќта по улица чувствувајќи опасност од секој втор минувач? Ми се гади!!! На темата, без оглед дали било обид за силување или не, СЕКАКОВ физички контакт врз жена е за пријавување.
Еј еј, зошто е затворена трета смена темата, некој некакви сознанија? Тргнав со намера да повикам луѓе кои не се излезени преку викенд за муабет на чет, кога оно наидов на клуч. Тапа.