Утро Како е? Јас сеуште се излежавам во кревет, па и недела е,нели? Вчера, си направив, шопинг во Спорт Вижн, до денес имало базар, па си се подновив. Кој е за, сала Расадник. Имаше избор, но веќе се е раземено. Појдете, можеби ќе имате среќа Друго... Тука доста членови ме убедуваа дека маж на 40 години, не морал да се обврзува, па се посомневав во моите ставови во врска со мажите на 40 години, овој мојот 38 има, ама исто ти се фаќа. Моето мислење беше дека веќе на 40 години мажот треба да биде семеен човек. Но, според модерните стандарди сум се лажела. Сум живеела во илузија. Мажот на 40 сака да е слободен, без обврски, жена, деца, живее за себе. Трето, самокритика. Се нервирам со мојот карактер. Емотивна плачка, брзоплета на зборови ко ќе сум нервозна, можам за една милисекунда да ти изнакажам се в лице, се она што ми лежело на душа, се што мислам за тебе. Жта минута. Не сум цвеќе. Знам да барам вина во друг, да не си ја ставам на мене, полесно ми е. Четврто, уживајте во неделата, не заборавајте дека се стемнува во 4 па излезете на природа додека не се стемнило. Peace.
Трагикомедии кој се се нарекува научник и со што се бави во денешно време Што е најтрагично има будали што слепо се пецаат на вакви (самопрогласени) ''авторитети'' и глупости, кое чудо сите се американки јер ова е свет на холивуд и америка ние останатите смртници само постоиме во него. https://plusinfo.mk/научниците-потврдија-бела-хадид-е-нај/
Толку сум упорна, самоуверена и цврста што сум на два чекори од остварување на сонот. Буквално за 10минути ќе ми се оствари сонот
Значи се нанервирав. Зошто кога ќе дојдете во странство да живеете се понашате невоспитано?! Јас чистам, ставив шпагети да се варат, тамн исчистив и го гледам другиот цимер со патики ги тресе во кујна и ги шара со маркет. Му велам: "Што правиш бе, варам храна, тука јадеме а и само што исчистив", тикварот ме изгнорира и си продолжи. Епа затоа на 1ви и ќе си одиш идиоте. Срамота за твоите ги брукаш со твоето примитивско воспитание. Твоите гости сега нека дојдат во прљаво, јас немам намера да ти чистам. Кретен!
Се однесуваат како да заборавиле што се случи пред неколку месеци. Не разбираат како ми е. Не осетиле такво нешто. Но,знаат да повредат со преостри зборови.За тоа секогаш ги бива.
Добро утро, можда поминало веќе утрото, но за мене е сеуште бидејки само што станав се излежавам уште у кревет со моето најдраго пријателче кое едвај чекаше да станам и да ми се мавне у скут. Имајте пријатен ден
Не знам кај си барала совет за сериозно, ама еве мој совет. Маж и на 20 може да биде "зрел" и на 40 "не-зрел". Ако тој моменталниот ти го троши времето, да си бараш друг. Нема да го смениш, и нема да "созрее" оти му биле годините за зрелост. Не е љубовта плави очи и јака кола, љубовта е заедничко чекорење кон иста цел. И не, ниту сите мажи, ниту сите жени, се стремат кон цели исти како твоите или како на мнозинството. Не секој сака семејство, некому е подобро да биде сам со себе.
Леле што е со денов. Убаво си се наспав и рано се разбудив, си реков денес денот иако недела ќе направам да е продуктивен ама сега се чувствувам ко камион да ме згазил. Немам сила ни да се поместам додека лежам.
Кога ќе се разделиш од некој што си го сакал, многу боли , ама поминува. Се тешиш дека тој што си го изгубил не бил за тебе, дека некој друг ќе сретнеш, некој друг ќе засакаш...
Синот на Цеца се жени а вие ќутите? Тупите со теми за нашамарани деца и слично? Значииии.... Еден поглед удрив на невестата како што е редот, паткини усни -checked, веѓи црно исцртани -checked, коса црна долга ко пластична -checked, шминка доволно да и ги прекрие сите црти да не знаеш машко ли е женско ли е -checked, во ноктите не ја видов но сигурно во комплет со стајлингот се -орловски и вештачки. Уште да прогуглам од што фамилија е и мислам дека може слободно Амин да дадам. Леле дали тоа свекрвата со кошулка во леопардов принт е? Цецооооо....на таа пара да не знае да се облече. Ако дознае некој што ќе има за вечера нека пише.
Камо слика од Цеца? Се надевам дека ќе се пресоблечи во нешто погламурозно, не ја личи во панталони и кошулка. Чекам. Ајмооо....
Која е потребата упорно да се правите мили и фини? Сите деца ви се мили и слатки душиња, а до вчера не сакавте деца
Ја читав темата за дадилката и не знам што ме натера да ја отворам темата за ќотекот како воспитна мерка на попочетни страни. Имаше што да прочитам Како помала/тинејџерка какви здрави убави ќотеци јадев, ме помодруваа со каиш Јадев шамари од моите ако се вратев доцна или не одговорев на повик Мајка ми сукала кршеше од грбот мој Еднаш се вратив доцна и како убаво ме истепаа уф, ама ако, си го барав. И тие родители слободно ќе речам не се разликуваат по ништо од онаа дадилкана. Од сето напишано, најжално ми е она си го барав или Да не ме тепаа, немаше да бидам ова што сум денес. Колку само не се во право, не се свесни. Тоа што сметаат дека ќотекот добро им дошол покажува што тргнало на лошо кај нив. Некои беа постари мислења. Навистина, ама навистина се надевам дека мислењата им се смениле и не би ги воспитувале своите деца на истиот начин. Нема ниедна причина да се оправда ќотек врз дете, свое или туѓо, мало или постаро, машко или женско. Ама ниедна...
Ако нешо мрзам кај себе, и секој еден ебан ден се јадам и нервирам за тоа е шо ја коа одам на работа, да си ибам мајката, работам бе!
Зошто е толку многу тешко да се напушти комфорт зоната? Да ми је знати како некои без око да им трепне, излегле од стегите на комфортот и газат напред со полна пареа Што, да не тие имаат два мозока? Не, само успешно го калкулираат проклетиот страв од непознатото