Кога врне дожд, освен читање книга, следна терапија ми е месење леб. Мешано брашно и бескрајно многу сусам и путер. Ќерка ми се мота околу мене, а јас разговарам со прабаби во потсвест. Неизвесно е сѐ што сме си го измислиле дека е некаква крајна цел. Одам да го мачкам со двојна доза путер, или лутеница. Или да го јадам така, ко после свадба или погреб. Леб. Коренот на сето мое (не)постоење.
@Shelea, па ова е директно за во темата Food porn Мислам дека од сликата можам да почувствувам и мирис и вкус И мене готвењето ми е еден вид терапија, повеќе ми станува секојдневно хоби. Само што уште не знам да месам ништо... ама затоа знам да јадам
Ми излегува на фб видео како татко во торба си го остава синот тригодишен на улица.Неможел да го чува.И мајката го напуштила.И со целиот здрав разум пробуваш да сфатиш како е возможно??? Влегуваш во главата на тоа мало детенце и си мислиш како ли се чувствувало.Само,затворено,исплашено.Има само 3 годинки а веќе ја осетил суровоста на животот.Тогаш кога треба да биде најбезгрижен на светот. Нели го болеше душата кога го остави така????За ваквиве работи си имам само едно објаснување,а тоа е дека не се арни во мозокот,друго нема. И да,животе суров си,или пак ние луѓето сме премногу сурови.А тебе мало,и мал милион други вакви дечиња напуштени ви ја посакувам целата среќа на овој свет.
Затоа што е comfy Секој може само треба доволно добра и голема причина и правилен mindset и расчистување сам со себе дека нема да дозволиш никој и ништо поготово ти самиот да ти/си стои/ш на патот кон подобра/ најдобрата верзија на себе и твојот живот.
Само што ќе пишев.. Епицентарот бил во Тирана, мене интересно ми беше да се љуљам пошто се разбудив пред тоа (за жал) ама кога сфатив дека сум на 6ти и дека не треба да се опуштам.. Ај гн не гледам
Одев денес накај работа а пред мене одат баба и мало дете, нејзина внука. Пошто бев позади нив, можев да слушнам дел од разговорот. На истата страна од улицата едно девојче вработено во бутик го чистеше излогот, на почеток од смената нели. Бабата ја здогледува девојкава и и вика на внуката: - Мора да учиш мила, за да еден ден не чистиш како онаа таму и да се мачиш. Сплет на околности, девојката ја знам, дипломира на Јустинијан како една од најдобрите во класата. Трагедијата на младоста во Македонија, срочена во една случка...
јас имав такви во пријатели што е најтрагично...кога ке видам такво нешто одма бришам...ти е*бам гнасите, па уште кога ке ми искочи што лајкнале такви слики на друг...па уште моја генерација.. да треба да преживее да е од оние во пештера што живееле да разберам ама од спорт неее бајо..
Мажите:Ќе пишеш на некоја и веднаш ти враќа- Имам дечко...Мислиш не смееш да и пишеш Исто така мажите:И пишал некој и таа не му кажала дека има дечко
Конечно решив да ставам крај на една врска во којашто не бев ниту сакана ниту среќна а и знаев дека не е вљубен во мене за сега да го фатам со друга ... Ставив крај знам дека годините ми се тие и ме газат но што да правам требаше да изберам помеѓу човек што не ме сака и ме вара и помеѓу да бидам сама а да не бидам глупава ... Мн сум разочарана но ќе преживеам ....све ќе помине ...
Дали ви се случило во автобус кога отварате Фемина да гасите брајтнес, да го криете телефонот како да чувате тајни од NASA?Мене нон стоп ми се случува и се чувствувам како special agent F22
Моментално на работа седам на Фемина и го кријам телефонот затоа што видов една колешка дека има Фемина да не ме познае дека сум јас
Секако, и тоа не само во автобус. Каде и да сум. Да ви кажам една тајна? Никој, ама баш никој не знае дека сум зачленета, па уште и волку активна Фемина форум ми е мала слатка тајна Не дека кријам нешто посебно, ама си го доживувам форумот како еден вид дневник и не сакам да чепка никој
Не те газат годините и времето. Тука си каде што треба да бидеш. Живеј ја сегашноста и прави работи што те исполнуваат. Не се разочарувај. Сè се случува во свое време. А дотогаш, имај верба и оптимизам. Можеби ти звучи клише, но исфорсирани работи не водат никаде. Изборот сами го правиме, а ти си постапила правилно што си се ставила на прво место.
Мене скоро во автобус, ама меѓуградски, една девојка од задното седиште ме приметила на стаклото од прозорецот дека читам фемина и ни две ни три ме праша дали имам профил, викам ааа не, не само читам... После испадна дека не знаела да си направи профил, а мене не ми се замараше кога веќе ја "откачив", па само теоретски набрзина и објаснив...битно телефонот одма гасам, мислиш кој знае шо правам