Порано мислев дека треба да си како моделиве, да се расфрлаш со надворешна убавина и дека така ќе плениш. Колку само не. Ама ич нема врска. Биди каков сакаш. Ќе плениш кога внатрешно ќе продреш до оние места затрупани под слојот на комплекси и омраза, ќе ја дувнеш таа прашина и ќе се прифатиш онаков каков што си без да се трудиш да се смениш. Тоа е таа магнетски привлечна енергија и убавина. И одма се препознава и чувствува истата. Сакам да верувам дека не сме за џабе такви какви што сме. Освен ако си психо, нели...
И после толку години болката не се намали... ни фалиш секој ден се повеќе и повеќе... демек ќе се научиме да живееме со болката од твојата загуба ама тешко е многу е тешко...
Кога некој ке ви рече: Многу е суров живтотот, ке видиш ти понатака во животот... Што сака да каже со тоа? Лошо ти мисли? Се осеќам како со многу лоши мисли да ми го кажува ова, иако ми е мајка.
Реален е. Најискрено ти кажува животот е тежок и дека допрва ќе го осетиш тоа. Мајка поготово чим го рекла, не е со лошо сигурно
Исто би се чуствувала ако ми ја отрујат мачката но тоа да се прости најпрвин се мисли на себеси затоа што ти ако држиш лутина кон некој тебе ќе ти е мака не нему, holding on to anger is like drinking poison and expect the other person to die. Многу демотивирачки звучи.
Не мора да значи има негативни родители а мене уопште не ми се свиѓа ставот ја никогаш ова на мое дете не би му го рекла мислам нормално не би го лажела за некој нереален свет кај што цветаат рози но наместо ова пре би рекла дека за секоја ситуација има решение или пак во секоја тешка ситуација да ја бара светлата страна отколку ова.
Мене едната баба ме учеше дека секогаш може да се најде светлина,дури и во најголемиот мрак. Кога има различни луѓе,нормално е и да има различни гледишта.
Мене не ми иде во негативна конотација. Може да биде кажано и со намера да го утешиш некого, демек не треба да се придава големо значење на нешто што е толку ситно и небитно, а ти влијае на расположението.
Сеев надеж. И кога почина татко ми. И кога бев со години под ужасна психичка тортура. И кога молев на колена за доста! И кога гризев усни од душевна болка само за да не се развикам колку што ме држи глас. И додека неброени ноќи заспивав во солзи. И кога се кршев и распаѓав на милион делови сеев надеж. Сеев надеж и додека љубев, додека се смеев дур стомак заболи и додека сонував будна. Знам дека по дел од мене остана во убавото исто толку колку што остана и во неубавото, а знам дека и нивни делови сеуште како сенка ме следат во чекор. Ги собирам плодовите денеска. Ги заслужив оти бев добра девојка. Оти си ветив на себе си дека ќе преживеам и дека ќе успеам. Оти го положив секој тест пред кој животов ме турна. Денес живеам помеѓу две среќи. Едната ја најдов некаде на тој пат, а другата ја родив. Себично ги чувам од светот. Не ги посакав, а ги добив. Баш нив! Некој морал многу да ме сака за да ми ги даде најпрекрасните и најљубените битија!!
Она ми го кажува ова кога е љута на сите околу неа (зашто има проблем) и кога ми го кажува ова се осеќам како да ми посакува лошо само да дочекувам понатака во животот. А полошо и потешко да ме снајде од тоа што имам доживеано, нема.
Ова воопшто нема такво значење. Она лошо мисли на сите околу неа. А не е лошо да станеш родител и да се грижиш за децата, иако не е лесно.
Ме нервираат луѓе шо вака викаат. Ти си ја познаваш шо карактер е, можеби е од оние ептен "реалните" па у секоја прилика вака у негативна конотација за се зборат...
Не мора навистина лошо да мисли, зависи општо како се однесува личноста, но секако ништо добро не побудуваат вакви клишеа од постарите и воопшто не го поштувам муабетов. Иритантно, негативно и демотивирачки звучи. Затоа сите како што растеме и старееме, треба да гледаме да бидеме подобри од тоа во разговор со помладите
Ама ист ефект има. На личност која не е родител да и кажеш нешто такво, звучи како закана. Демек, ке родиш и ке видиш колку е тешко. Не звучи убаво, тоа сакавме да ти посочиме во темата.
Она најлошото ми го направила до сега, ме оставила кога највеќе ми требала, а ме повредувала кога највеќе не ми требало. Што полошо да очекувам од ова. Мене ми е убаво сега, убаво и среќно живеам, а она тоне и се уништува, помош не прифаќа, а сака и јас со неа да тонам и само ми кажува дека лошо може ќе ме чека, ке видиш ти, суров е животот. За убаво не ми направила муабет.