Те разбирам.Но, колку сакаме можеме да се лажеме дека ќе бидеме numb во однос на нив. И јас имам проблеми со некои блиски членови.Ама, кога се болни или им е тешко им помагам. Ете, можеби е наивно, но ме боли за нив. Не можам да глумам ладнокрвност како нив, а не заслужуваат ништо од мене...
И јас не сум ладнокрвна.И на непријателот би му помогнала ако е во животна опасност,но игнорирам негативности од типот „ти мораш ова сега да го завршиш оти можеби ќе нема утре“ или „направи како што ти велам или нема ништо да постигнеш во животот“, или пак „ќе видиш како е кога ќе бидеш на мое место“,затоа што сфатив дека ако земам сè при срце,си штетам на себе.
8 од 10 родители психички и физички ги малтретираат своите деца. Не ни требаат вести за да се докаже нешто вакво, свесни сме и сами што се случува во околината. Колку ли деца израснуваат во личности со еден куп лузни и последици од периодот што требало да им биде најубав и безгрижен... Немале таков луксуз наречен детство. Дел ќе станат искомплексирани личности и сиот тој гнев што ќе исплива на површина подоцна, ќе го истурат врз погрешна личност што се нашла во погрешно време во присуство на оваа жртва. Дел молчејќи ќе туркаат низ животот, ќе страдаат од анксиозност, депресија, поради срам и страв нема да бараат помош и ќе тонат сѐ повеќе. Не живеат, само постојат. Психичките проблеми и тешкотии им се како кафез од кој не можат да излезат. Не сакам ни да ја почнам темата околу сексуално малтретирање на деца, мислам дека никој од нас нема зборови за ова, како им е на жртвите по овој настан. Упорно трубиме дека не е секој за родител, дека дефинитивно треба некакво психолошко тестирање и проценка дали воопшто некој е способен за да израсне дете и да биде одговорен за неговото психичко и физичко здравје. Само камо да беа поригозорни и казните за ваквите монструми што направиле нечиј живот да заврши уште пред да почне.
Oди изневерувај го дечкото со девојката и барај врз миничот да ти стави јакна. Подвоен либерал, предавничка.
Иако уште не е тука, ама Декември е месецот што највеќе го сакам. 5 родендени на луѓе што ги сакам најмногу. Обожавам да купувам подароци, сама да ги украсам да ги средам и да ги поклонам, па кога ќе им видам среќа во очите-priceless. Предновогодишна атмосфера, обожавам! Украси, светилки, цел град ми е повесел и пожив тогаш, сите ги сакам. Посебно тие малите бебиња што скоро прооделе па завиткани во шалови, капи и скафандери како мали слатки мечиња се тетерават низ украсената улица, а мене ми доаѓа да одам и сите да ги избацам. Па Џамбо... Мојата терапија. Пред нова година па... Се топам додека разгледувам и купувам. Со саати не можат да ме изнесат надвор. Магија. Забавите... Си пиеш винце со саканите во бар, под накитена елка и ти светат сијалички насекаде, се топам од љубов и среќа. А дома, цела година се спремам за украсување. Обично гледам да е недела, го собирам дечко ми и кучето, им давам задача и почнуваме. Прво елката, со саати ја местам зошто сакам да е совршена. Совршена како месец декември. Па прозорците, балконот, сијалички насекаде, сечење снегулки... И на крај станот ни е бајка. Едвај чекам. Декември, те сакам!
Не ми се верува кај живеам. 16 невини животи ќе згаснат, а виновникот ќе шета на слобода. Ми се вриска од неправдава и револтот кон истата. Луѓе биле. ФУЈ!!! ФУЈ од ваквите!!! https://www.slobodenpecat.mk/domashen-pritvor-za-gazdata-na-durmo-turs/
Ме фати пмс и плачам неконтролирано јадејќи се што ми се наоѓа при рака а во позадина Прљаво Казалиште. Само јас правам од игла слон во тие периоди или не има повеќе?
Да се трудев ко шо се трудам да иам сладолед секој ден дома, до сеа ќе си најдев спонзор и ќе си ги купев чизмите и капутите шо ми се свиѓаат...
Ааа не, си се зезнала. Спонзор не се фаќа лесно, и за тоа мора да се биде опичен и итар. Не сме ние тој калибар. Лизни мазни треба да правиш. Да глумиш умерена нежна и наивна, демек не знаеш да испушиш па после ќе му напраиш филм демек си се увежбала на него па научила. Jeби га.
Значи ај што не може да помине ниту една слава, без упорно тетките и вујните да те мажат / женат. туку и на квиз или во кулинарско шоу да не може да отиде раат сингл човек Денес гледав Брза кујна, и водителката што му се запна на еден ерген, цела емисија го прашуваше какви жени сакал, кај излегувал, тој и вели секаде по малку, леле таа упорна та упорна, кај било тоа секаде бетер беше од тетките мене кога ќе ми се запнат