Зошто немате свои животи, зошто берете туѓо гајле? За вас заостанати умови ако некои сосем нормални работи се срамота, ве молам задржете си го мислењето за себе, доста ми е од вас, не треба да ме учите што е правилно, знам и сама
Луѓе шо биле идиоти спрема мене, не ме почитувале, ме исмевале, ме потценувале, праеле будала од мене, сега трчкаат по мене како загарчиња. Абре ич не ми се враќајте у животов, цветам без вас.
Нормално е да се фрустрирате ако гледате на Инстаграм или други социјални медиуми како некој со парите на мама и тато оди на одмори и зимовања и не знам шо и каде и колку има... не треба да е така ама јебига, луѓе сме, така ни работи мозокот. Така да, отследете ги сите што ви прават негативна енергија со нивните многу позитивни постови. “The world is a book and thise who do not travel have only read a page” - мхм да океј, еве не знаев дека постојат различни култури и тоооолку многу места за посетување и по свој избор живеам тука и на патување одам само ако си скратам од други работи и тоа е со скромен буџет. “Body positivity ” и “Love your body as it is and accept yourself” али салото од стомак со инјекција извлечено и ставено у задник. Од вакви што демек промовираат разноликост и прифаќање на телата, а тие самите се покориле на општествените стандарди ми се лоши. Барем нека со бидат искрени и нека не набиваат уште толку комплекси на луѓе што навистина страдаат со прифаќање на своите тела кога знаат дека објективно нивниот изглед не е добро прифатен од општеството. Секако, да не бидам погрешно сфатена - супер за ликовиве кои ги наведов погоре и мило ми е ако уживаат во животот, но вие имате апсолутно право да не ги сакате ако ви предизвикуваат негативни реакции кои се природни ако не сте на многу добар среќен стадиум во животот. И така. Многу контрапродуктивна позитивна енергија има по социјалните медиуми и ви праи да се осеќате полошо за себе. Напрајте си услуга и не следете такви ствари.
Cozy и comfy чувство имам за време на божиќните празници, ама истовремено срцево ме стега и ми се плаче од помислата дека додека некои се гостат, пијанчат, се топлат со своите сакани, надвор има луѓе и животинки кои не знаат како да преживеат. На ситни трошки се поклонуваат. Следно што сакам да кажам е тоа дека ги имам анализирано луѓето кои напаѓаат други луѓе во однос на мислење и став. Без разлика дали е со навреда, директно или индиректно потсмевање и понижување. Не е тоа дека стварно не се согласуваат, туку очигледно нешто ги допрело. Ако јас имам поинакви гледишта кон животот, а тоа допира до тебе ондак тоа е твој проблем. Не мој.
https://m.kajgana.com/osum-od-deset...hko-i-psihichko-nasilstvo-kako-vospitna-merka Фала богу тука пишуваат тие 20% што се прекрасни родители...
Тачен е народов? Пред Сити Мол човек не може да пројде не па кола, свират се буткаат пцујат ко мислиш без пари делат облека.Дај олабавете малце, шо е најтрагично пола и повеќе регистрации се од провинции, извинете од помалите градови. Значи не НЕМА ВИСТИНСКИ ПОПУСТИ и не делат на гага ствари.Ни правите гужва и проблеми на тие што живееме во околина.До школо не може човек да стигне од коли и гужва.
Потврдувам! Бев во Сити Мол,народ куп,коли куп,а попусти на демек 20% и 30% и тук-там 50% и тоа во некои дуќани само на одредени артикли. Џабе се буткаат.
Во контекст на ова погоре. Значи не грешам што на овој ден никогаш не одам на шопинг. Ај што попустите не се такви какви што луѓето мислат ама и такви гужви, не фала...
Не знам што толку гужви се прават кај нас на овој ден ко нема некои којзнае какви попусти. Не се толкави попустите колку што се крева прашина ама ајде. Попуст не признавам под 50% на ваков ден, бидејќи кај и онака тешко дека би излегла да пазарам. Едноставно многу гужви за ништо.
Коа мислиш дека си напраил многу јака и ((смешна)) фора ама другата страна нит ја сфаќа нит се смее и бонус: мисли дека е глупа.
Знаете дека мислам дека ние сме екстра тапа народ. Дрски, безобразни и тотално некултурни. Епа, денеска за прв пат маааалку ми се подобри сликата што ја имам за нас. Можеби знаете, во книжарницата Сакам Книги имаше предобар 50% попуст на сите нивни изданија па се нацртав и јас да си купам нешто. Верувале или не, чекав точно саат време од моментот додека застанав во редот до моментот кога си ја земав кесичката со книгите. Тоа што сакам да го кажам е, за време на тој саат, во таа хорор гужва, збутани како сардини никој не проба да се бута преку ред, никој не проба да прави финти за да шмугне кај што не му е местото. Ќе те замолат за малку место за да ѕирнат некоја книга, ќе влезат меѓу тебе и таа пред тебе, ќе си ја земат книгата и сами ќе се тргнат од редот. Еееееј во Македонија вакво однесување, да не ти се верува! Имаше ситуации девојки да излезат од редот за да видат некоја книга и без проблеми си се враќаа на своето место, без тие позади да крекаат дека, чим излегле, сега треба да одат на крајот од колоната. Мене ми се темни кога ќе видам гужва кај нас ама денес ептен бев пријатно изненадена. Не сакам да генерализирам, ама дали дека ова беа луѓе што читаат па културата им е на повисоко ниво...Како и да е, уште сум подзината што во таква гужва, во таков хаос сите беа нормални и ни една кавга не се случи. Напротив, сите фини и културни, уште и си разменуваат критики за книгите. Во ТераНова преку глава ми имаат фрлено облека за они први да дојдат на каса. Јеееј за луѓе што читаат.
Сакам да кажам многу ме заинтересира темава. Баш вака како што е на скриншотот Сите идеи се добредојдени
Коа сме кај Блек фрајдеј, да не ви се веруе али у Германијава едино нешо шо е на 50 посто попуст години по ред е последниот Самсунг, и тоа увек е 400 евра, и тоа само у Медиамаркт. Има и по некој бош лаптоп по 200 и нешо евра, некој телевизор, и секако има и нешо како Филипс Лумнеата шо е истата цена, само денес беше со црвено. Ја тргнав лани да ја купам, видов дека не е на попус, и пак ја земав. Тоа неиспунета желба од младоста ми беше. Е сеа шо уште у кутија стои, немит везе. По дуќаниве има по 20 до 50 посто попуст, и тоа е... Ваљда оти неколку недели и почнува се да се намалува на цена, и плус завршува сезоната па се е за џабе од алишта. Мислам, фала Џизс шо не се ко Америне да се убиваат за мочан телевизор. Мех.
Мислев дека мојата мајка не е совршен родител, ама што се прочитав во темана за токсични родители, јака ви душа девојки. Ме расплакавте. Тежок карактер е и мајка ми, ама никогаш низ нос ништо не ми извадила. Имам мислам негде пишувано дека ептен е тврдоглава, ама знае да омекне. Имала испади од типот си доаѓа нервозна од работа и да ми вика зошто на најјака центрифуга сум ги пуштила алиштата ќе се истуткале, ќе сум ги носела истуткани ко циганче, а сама не сум знаела да ги испеглам, или сум запекла тенџере, и слични ситуации, каде што ми укажувала колку сум смотана. Како што растев помалце ќутев, а кога ќе и вратам со ист тон обично заќутува оти и текнува на што личи и кратко трае тензијата. Некогаш криво ми е што на моменти и јас знам нервозно да ја нападнам, а после имам грижа на совест оти знам како се осеќа. Некогаш кога имаме "политички" конверзации, ако ни се косат ставовите (што е чест случај) кога ќе зажустри и очигледно води до кавга, јас попрва губам на воздржаност и полесно се лутам, а таа знае да ми се изнасмее и уште толку да ме налути. Како помала 14-15 години, дома во 11 требало да бидам, инаку кавги. "Во 11 дома или надвор со кучето ќе спиеш". Сатови дома сум враќала да бидам излезена уште пола сат. Еднаш ме сети, задоцнила на работа, сум заборавила да ги подесам назад. Во тие години најинтересно ми било, а сега и покрај можноста дома три дена да не се приберам, мене кран не ме влече за надвор. Супер одлична во школо никогаш не сум била, не и сметало. Ама ми се случило кец да добијам и да ми се подналути. Срамота било, не сум била дотолку глупа. За потешки предмети што ми одеа се гордееше, еднаш 5ка по физика извадив и ми купи парфем. Ама никогаш не ме форсирала ригорозно. На факултет, иако дипломирав со висок просек, според неа 6ка беше доволно колку да е положено да не се влечкам со години. Се некогаш не било ко што треба ама никогаш не ми рекла "Јас те ранам, мене ќе ме слушаш". Додека студирав, на цела сиромаштија, ако требаше од земја ќе ископа пари за да ми прати и никогаш не ми рекла дека нешто и должам. Не сум ја видела со месеци, сега како што ја читам темата сфатив колку сум благодарна. Почна да ми недостига, а касно е да и се јавам да и кажам. Среќна сум што ја имам. Далеку од идеална мајка, далеку и од токсична, ама ако од некого сум научила дека совршен човек не постои, тоа е таа. Една е мајка.
Жените се откажуваат од наследство за мир во куќа Сè уште се чести случаите кога жените во земјава се исклучени од имотното наследство под притисок на традицијата, покажуваат истражувањата. Третманот на жените е и еден од недостатоците на правосудниот систем во земјава, велат од ГИЗ - организација која работи на проекти поврзани со правосудството. Жените се рамноправни пред законот, но не се сите еднакви со мажите кога станува збор за наследување имот, бидејќи истражувањата на граѓанските организации покажуваат дека и натаму има значителен број случаи кога тие отстапуваат од семејното наследство под притисок на менталитетот и традиционалните норми во општеството.