Зошто бе ставате слики од деца а потоа во инбокс праќате безобразни слики на девојки?! Знаете каков впечаток оставате, мизерен, прост и сељачки. Ми се згади
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=114762399994528&id=100982184705883 *плаче на глас гушната со трите мачки, а они предат на најјакото*
Сабота претпладне, стануваш наспана, уживаш долго под туш а потоа без брзање следуваат кафе и обилен појадок по мерка Па и десерт потоа. Знаеш дека денеска не те чекаат никакви посебни обврски. Може, ако сакаш, да поработиш нешто од ќеф Убави се ваквите денови, не викам не Можеби ова за вас не е дефиниција за идеален викенд, затоа ви посакувам да си го поминете викендот баш онака како што сакате и замислувате
Не сакам да живеам и допринесувам за една така наречена држава во која правдата е мисловна именка и каде илјадата стапа се секогаш по грб на просечниот граѓанин. Проклети да сте сите и претходните и сегашните и идните!
Никад нема да ми станат јасни оние што успеале да дојдат до некоја пара што се вели, а претходно немале, па одма влагаат во филмови на социјалните мрежи демет се јаки фаци, а нивните родители, баби, дедовци сеуште сврзуваат крај со крај.
Ако не ти дава да излезеш со другарките, не е љубов. Ако ти даде, но постојано ти ѕвони и ти пишува за детално да му објасниш каде сте и што правите, не е љубов. Ако генерално не ти верува, постојано ти ѕвони, ти пишува и те испитува каде си и што правиш, а ти не правиш ништо надвор од вообичаеното, не е љубов. Ако бара да ти го провери телефонот, разговорите, пораките, не е љубов. Ако не ти дава да се запишеш на факултет во друг град, затоа што „ќе му избегаш, ќе го оставиш сам“, не е љубов. Ако не сакаш да имаш секс, а тој те принудува или те уценува, не е љубов. Ако не сакаш да имаш секс без кондом, а тој е нервозен, увреџен или демек тажен, не е љубов. Ако сака брак и/или деца, а ти не сакаш во моментот или воопшто, па тој те навредува, те притиска, те прави ненормална, не е љубов. Ако ги критикува сите твои другарки, родители, блиски, затоа што „сака да те заштити“, не е љубов. И најочигледното - ако ти вика, те омаловажува, ти се потсмева, ти удри шлаканица, дефинитивно не е љубов. Оти многумина овие завиени форми на манипулација ги нарекуваат љубов. И ве молам, особено вие млади девојчиња коишто сте во први врски, бидете внимателни. Ќе ви ја искриват перцепцијата за љубов за цел живот. Да се плашиш не е љубов. Некој друг да одлучува наместо тебе не е љубов. Љубовта е мирна и сигурна и треба да направи да се чувствуваш семоќно. Не да те пикне во ќош и да те замолчи.
Ја паркирала колата пред наш влез и уште ми вика,па улица е. Е,па да,госпоѓо,не е дозволено да паркираш кола на улица и не смееш пред приватен имот. Какви идиоти/идиотки добиваат дозволи,еј...
Слушајте убаво, ако некогаш дојдам на форумов и почнувам да пишувам како по долги години неверство, господ ме спасил и ми го покажал правиот пат, ви праќам тајни кодови дека сум киднапирана.
Кога на машко ќе му дадеш значење дека ти е важен, сакаш подобро да го запознаеш, му обрнуваш внимание, од др страна добиваш ОДБИВАЊЕ. Дека не сака да те повреди, не му се свиѓаш. Океј, ќе ме бараш, да знаеш. Еден ден.
Демек машко не смее да одбие, мора да биде со секоја макар и да не му се допаѓа? Дечкото бил искрен и си кажал како стојат работите, подобро така, отколку да ти глуми емоции за да добие секс па да те шутне.
Се соочив од проблемот од кој што бегав, и во добар момент фала му на Господ се соочив. Предобро испадна ЈЕСС
1ви декември - за некои од нас уште еден обичен ден, а за други ден кои ги потсетува кои се, колку вредат, колку може да имаат нормален живот. Ден кој исто така нe' потсетува дека тие кои кријат една тајна тајна која во еден момент им го променила целиот живот, се меѓу нас, шетаат секојдневно, се дружат, имаат партнер, дури и деца, имаат добро здравје благодарение на напредокот на науката. Ден кој пред сe' има намера да ја подигне свеста за СИДА-та и превенцијата од заразата со ХИВ И така додека науката денес оди до таму да лицата кои се ХИВ позитивни благодарение н терапијата живеат долг и квалитетен живот без да им се развие болеста, да можат да имаат здрави деца, која веќе има откриено и лекови кои можат со голема веројаност да ја спречат заразата пред и по изложувањето на вирусот, имаме и една сосем друга слика. Постојат и такви кои бегаат како од чума од овие луѓе, се плашат да се поздрават или гушнат, мислат дека вирусот ќе го фатат од квака во јавно веце, ги отфрлаат ХИВ+ лицата од своето опкружување. Се сеќавам читав за еден случај во друга земја каде што дете кое се заразило со ХИВ преку трансфузија на крв било исфрлено од училиштето со петиција која ја потпишале скоро сите родители на другите деца. Неговото семејство со денови добивало закани, а дури еден ден некој испукал куршум низ прозорот во куќата кој за среќа не повредил никого. Семејството морало да се пресели. И за жал имало и други вакви случаи. Случајот беше поодамнешен, а искрено се надевам дека денес едукацијата е на многу повисоко ниво, иако за жал некои се' уште имаат предрасуди и недоволно познавање околу болеста, превенцијата и покрај илјадниците информации на интернет, медицински лица и книги. Најбитното секако е превенцијата, или едниот начин - користењето кондом, особено со непознат парнер. И во случај да сте имале незаштитен однос и сте се заразиле со ХИВ, симптоми може многу долго време воопшто да не добиете и истите е невозможно да се јават по неколку дена како што имам читано прашања на форумов. Тестот за ХИВ се прави после најмалку три месеци кога веќе би можело тој да се детектира со тестирање. Но, не ги отфрлајте оние кои згрешиле или не по своја вина се заразиле. Тие можат да бидат прекрасни луѓе, ваши пријатели исто како сите останати.