Чекање... Колку и да е слатко исчекувањето, секогаш, без исклучок е тешко. Нека помине денов побрзо, зашто секоја секунда ми е како еден час, еден час како година. Во исчекувањето на една прегратка
Сега сваќам колкаво само влијание врз нас има нашата најблиска околина, нашите најблиски... Сум забележала дека е речиси невозможно да бидам тажна, намуртена или депресивна ако околу мене има насмевки, позитивна енергија и мир. Жално е што најчесто не можеме да ги одбереме луѓето со кои мора да го делиме истиот воздух, особено ако тие се нашето семејство, колеги, соработници, соседи... Едноставно ја примаме таа негативна темна енергија и стануваме такви какви што сме, тмурни и потиштени.
И се пушта на девојка цела вечер, таа од култура му прави муабет и кога конечно реши да се тргне од типот, тој и се развика и почна да ја вреѓа. Ај тој што е сељак, туку девојкава лезбејка.
Сакам да кажам дека ве канам сите на Фемина Чат. Гледате и линк обезбедив. Мислам, @brazilia е онлајн и сите знајме дека тој комуницира само со емоџис, дојдете да си збораме. Осамена сум. Бразилија, кога ќе го видиш мислењево, пиши ми во чат -
Денеска доживеав шок,влагам во такси и му кажувам на таксистот релација,и ми вика аха да знам каде е местото,името си остана по тоа место али колонијалот е затворен пред 15 години,и му кажувам и дека често се возам со нивната компанија,и ми вика те познавам Дечко,те паметам,ја паметам и твојата Мајка кога ја носевте скоро секој ден на Онкологија во Државна Болница,се секавам и Татко ти кога го носев до Албанија,купуваше лек за таа болест,ве паметам добро,паметам и кога ве носев секој ден до гробиштата.Кога добив повик од вашата зграда до Гробишта Х,и кога ве видов многу ми дојде тешко,затоа што ве гледав како се борите секој ден,јас останав шокиран,луѓе незнаете каков блок ми се случи,човекот ме ПАМЕТИ 10 ГОДИНИ ако не и повише,сакав да го почастам кафе,ама не ми дозволи.не ми дозволи затоа што му е жал за мене,и мојата фамилија за загубата,ми рече момче не треба ништо да ме почастиш,само држи се,и биди силен,жал ми е за се.Господ здравје да му даде на таксистот,ми врати спомени од пред 10 години.
Што се не трпи едно ливче хартија. Толку ми е полесно ко ќе си пишувам дневник. Душата ми олеснува. Скоро саат време,еве.
Веќе е кажано ама... пак ќе кажам. Она кога возрасни луѓе на форум си посветуваат мислења на очигледно кој, ама не го тагнуваат, а и мислењето е напишано во скроз друга тема. Како у 2011 на Фејзбук кога се пишуваше.
Колку некои луѓе си ги заштитувал и почитувал толку гледаш дека станале лицемерни и подли. Многу си наива Одор, премногу! Али oкеј, ова нека биде лекција за друг пат да не споделуваш инфо. со тотални форумски странци и да пробаш да ги споиш за дружба. Сешто сакав е пријателство а добив пасивно агресивно ривалство. Life goals бе. После во прашалници зошто половина и повеќе од форумот заминале. Егоцентрични и ниски створења, ете тоа сте повеќето - Јагниња во волчја кожа. Мојата директност и искреност ме кошташе дописка која не ми се верува од кого до кого се случила. Какво разочарување. Разочарување во секој поглед, дебакл! Но, дебакл за вас самите, не за мене. Mислевте нема да скопчам? Oh, well. Друг пат лизни мазни игра. Само тоа проаѓа. И лажен хумор уз тоа секако. Кое срање од менталитет владее, а форумот е типична проекција на тој ментален склоп. Подлост до бескрај, увертира! Ама расклопена е сега енигмата, во ред. Guard on, паднаа маските. Не ми пишувајте ЛП, знам дека не ви е гајле. Гајле ви е само за вашите ебени животни предизвици. Лажна култура и душебрижништво не ми се потребни, чувајте ги за себе. После зошто треба да останеш анонимен на форум? Oh Odor, you'll never learn honey. Eбете се.
Легендата вели дека ако мислењето го пишете целосно на англиски, не само што ќе звучите покул туку истото ќе стане и вистинито.
Во последно време сум многу горда на себе и сум среќна што родителите се горди на мене. Полека но сигурно ги остварувам своите цели во животот.
Ни дојде и најубавиот месец Си правам ретроспектива и средувам биланс на лански поставени цели и тековни достигнувања, и со оглед на се што проживеав, задоволна сум, живи сме, здрави сме, децата се среќни. Како стареам, се повеќе си се ценам себе, си ги штедам нервите, се оградувам од потенцијална болка, играм на сигурно. Малку е доволно за среќа, се радувам на секоја минута добро искористено време, прочитана книга, кафе испиено во тишина, изгледан филм со истрошени три пакетчиња паломи. Минативе 10 години, најубавите 20ти години од животот, ми поминаа во хаос, во постојано планирање на иднината, бркање на соништа, гледање на нешто што евентуално би дошло, а притоа ми мина тековната сегашност без да ја проживеам. Се каам. И колку е чуден човечкиот ментален склоп, си има механизми да ги избрише лошите дешавки, или да ги потисне некаде длабоко,се сеќавам онака бледо само како сум се чувствувала во некое време. И колку и да бил поголем процентот на негативното и лошото, се сеќавам само на она малкучка добро што било. Убавите спомени. Само тие се значајни. Да правиме само такви. Почесто. Секој ден.
Koлку и да мислиш за нешто дека си сам и си единствена особа на свет која минува низ исто, негде под небото од милиони/билиони луѓе некој до задњи детаљ го поминува истото и исто мисли, колку е убаво кога ќе ви се вкрстат патиштата и сфаќаш дека тоа било само уште еден трик и илузија на умот зошто не си сам, никогаш не си сам
Животот знае да биде суров,поготово кога ке дојде момент,да ни го одземе она најмилото,најдоброто,најсаканото,е тогаш се надеваш само на звездите,го гледаш само небото.Тогаш стануваш суров кон светот,стануваш кршлив и мек како памук,тогаш душата врсика со целата снага,секој ден,секоја вечер,секоја недела,секој месец,секоја година.