Сакам да кажам дека денес мачорот ме „освои“ и ме означи за своја. Пошто мавање по лице со опашката не е доволна, па си рече „оваа кога е релаксирана со дупот и јајцата по лице ќе ја поминам и дур се сети да е прекасно“. Фала Гарфилд. Ми требаше ова утрински.
Знам дека помина фамата со Блек фрајдеј, додуша во мое село сеуште стојат плакати со наводниот попуст Но, дојдов да го кажам следново, тој ден само во Скопје биле напишани околу 100 казни за погрешно паркирање (мај есс) околу трговските. И, ви се исплати пазарењето?!
Бев на доктор по рецепти од кои нема ниту еден излечен пациент и стандард двајца старци се скараа чекајќи ред. ,,Ти прчу стар, држиш ред а со една нога во гроб си" Му вели госпоѓата пациентка. Овој на тоа враќа: ,,Немој со таа една нога да те стигнам и бутнам, па гробот за тебе да бидне" Го плесна муабетот шерифски, под црна ака Саша Матич наочара. Опасни се стариве. Мудрост и досетки во сите форми и нијанси. Семе синапово е гола вода за нив. Лемон парти ин оул шејдс или како и да беше.. Битно, финален заклучок гледајки ги е дека неќам да дочекам старост. До 35 сакам живот и после може да се оди на рајските Бахами. Young and beautiful во Лана Дел Реј стил! Бел ковчег полн одозгора бели рози (може и по некоја црна, не се жалам, за јинг јанг ефект) и ''Angels Forever" во бавна верзија да ја пуштите. Ручек, шампањ и чоколади. Било какви, скромно, ама нека е за душа. Сакам да нарачате сонце да има тој ден, за посилен винтиж ефект. Скроз неповрзан муабет.. - Ептен убаво се осеќам откако деактивирав фејсбук. Прејак филинг кој ќе направам да потрае, се надевам доволно долго за на крај да го делитирам профилот во потполност. Никаква корист од тој свет, само зијан. Исто како и форумов. Евтини фејк фасадни фаци полни егоцентризам кои ми влијаат сугестивно да станам идентична како нив, а не сакам ни под разно. Се стремам да бидам од услуга и помош на светот. Сакам да бидам херој. Но, не херој или нечиј идол. Сакам преку убави квалитети да ја излечам сопствената ,,душа" ем да помогнам на оние кои вистински им е потребна помош. Најпрајслес филинг е кога си корисен, најбогати сте тогаш. Тоа е нашата мисија, зошто сите сме едно под ова небо извајано универзална љубов освен оние кои не се. Ве сакам сите кои вредите, за другите кр по чело. Чиао.
Скд @Nigredo Odor посакај си нешто добро, на пример снег за Божиќ или што и да е, што те прави среќна. За рајски Бахами има време, замисли и после 35 има живот. Па и после 40. Има живот и со и без виртуелни платформи за живеење. Бирај што ти прави мерак на душата и не се потресувај за сенешто. Немој сега да си рушиш репутација, да помислам дека имаш 13 години
У тој mood сум со ствариве што се исподешаваа неделава. Нов циклус на адолесценција ме дрма. Ама ајде, ќе ме истрпите претпразнично па после ќе ве наградам со нова доза драма откако ќе постирам nudes oд мене јавно на форумов за најбоља форумџика, со плус ова салце, и ќе речам демек некој ми хакнал профил да ме дискредитира. Шала, шала. Не ми се живее многу иначе, не сум love lifer и хумористична, Билјарка. Не се плашам од годините, само сум скромна. Еј, а кога сме кај драмата, мора да ви стаам уште нешто и не спамам веќе на темава ветувам.
Отсекогаш сум се прашувала како може некој толку да пати за внимание. Конкретно, колешкава. Барам, чаре, помагајте. Јас ова, јас она, јас вака, така. Дојди да видеш што ми е ова во сендвичот? Дојди да видеш не знам како да ова, да она. Најчесто ја игнорирам, и прам два три реда муабет, и обрнувам внимание, само проѕирно и млитав одговор. Lord, have mercy!
1, 2, 3, проба I'm back Ај да почнам да читам кој ме има мислено и дали ме има некаде спомнато низ темите. Баш да видам какви форумски пријателки имам или сепак лицемерие цвета Па да почнеме со читање по темиве .....
Ако некој сака да ве понижи, да ви прави лоши работи, да ве провоцира за да се издигне над вас,т.е.да се натпреварува со вас, изгубил многу. А што е тоа? Себеси. Ах, таа глад да некој биде над вас, со разно разни себичлотии. Гледам околу мене ваква енергија се шири, но колку можам останувам позитивната и насмеана. Имам помлада колешка, нашла нова работа, и ми се јавува и и честитам, нормално и велам да дојде да се видиме или надвор негде. Одам да и кажам на оваа што е со мене, се знаат, имаат работено заедно, и она ми вели : Знам јас, мене шефицата ми кажа. И ја гледам бледо, и си велам... Што толку важност ако ти кажала шефицата. Хахах. Таа гледа што поќе да не истопи од рсбота, па ќе и давам значење, море мрш. Арно, рекле стари, ако некој прави лоши работи зад вас, ги прави пред очите на Бог кој има право да суди.
Колку ли поубав ќе беше светот сите родители да знаеја како да пристапат кон своите деца и да разговараат со нив? Да можеше секое дете да чуе утешителни зборови и да добиваше поддршка и добронамерни несебични совети? А, замислете па единственото нешто за кое се грижеа родителите да беше среќата на нивните деца! Онака, без никакви нереални очекувања од нив, без вршење притисоци, давајќи им слобода на избор, давајќи им простор да згрешат и од тоа да научат... Уф! Ми се плаче кога пишувам на темава. Океј, признавам, се расплакав сама себе. Сто пати имам кажано, но пак ќе кажам - вие што имате прекрасни родители, имате многу добра основа за понатаму во животот. И многу сте среќни, како да сте добиле на лотарија. Сакајте си ги.
@GirlLove Најчовечки ти кажувам да престанеш да се замараш за секојдневието на колешките, за тоа дали некој дечко не сакал врска, па кој како те погледнал накриво и слично. Сосема те разбирам, ама само самата на себеси си штетиш со анализите, не дека и јас сум поарна, и јас на моменти се замарам кој како ме гледа, кој што ќе рече, кој и колку ме сака, и после си ја трескам главата од нервози, ама не вреди ич бе сестро златна. Не ти велам да ги отпишеш од живите, ни јас немам м*да до толку, ама барем гледај си го повеќе својот живот, а не што рекла Петра и како те погледнала денес. Си ја исцрпуваш само залудно и таа малку сила што ја имаш, чувај си ја, ќе ти треба во борбата со анксот
Гледај и тоа ме исцрпува што така се однесуваат со мене. Нмв, си ужива во DWTS и свеќички околу мене. Ти благодарам за советот слободно пиши ми како ти се избори со анкс пошто стварно е тешко.
Тешко е, ама не и невозможно. И нема сеуште конечна победа. Ама се научив да се носам со тоа, си повторувам постојано дека можам да го издржам секое влијание, секој "удар", секоја негативност која ме донесе до овде...бројам до 10, дишам и издишувам длабоко, постојано си повторувам дека не ми е ништо, дека ќе издржам, дека ќе помине, и навистина поминува... Гледај да поработиш на емотивноста, ние ионака сме сјебано емотивни сами по себе, не ни треба додатно и околината.
СДК сфатив дека е сосема во ред да се осеќаш несигурно, посебно кога ќе видиш какви идиоти пукаат од самодоверва.
Прајслес момент е да ти лежи дете на рамо и да си мезите крем банани дур куче ти лежи на нога. За ова се живее. Не за злобата од народ. Фак'ем