Сакам да кажам дека иако со една рака куцам, се заморив од пишување и пак не разбираат. Толку да се имало ограниченост и заблуда. Не можам да верувам. На човек можеш да му земеш, ама не и да му дадеш. За памет зборувам.
Хуманитарци на социјалните мрежи.... Има една група и некогаш некоја со бутик, со дуќан некаков, обична жена, ќе напише некој пост како имала нови алишта па сакала да ги подари на некој што му е потребно, па гратис за тие што немаат да си дозволат масажа, нокти, фризер, училишен прибор, постелнини, бела техника, мебел...И под постот лајкови срциња, восхит и кревање на пиестал жената, коментари од типот ангел си, вакви да се сите, браво луѓе сеуште постојат. И јас мислам дека имам кажано имам едно семејство три сестри и слепа мајка што им помагам и секаде, ама секаде кога ќе видам вакво нешто пишувам да им дадат нив или да се договориме за нив да биде тоа. Ни еднаш во животов не добив одговор од никоја. Ни еднаш. Видено и толку. Само еднаш една што правела нокти и сакала да направи за новогодишните празници мислам лани беше на некоја ранлива група девојчиња ми врати и ме прашуваше од кај се како се колкави се. И и кажувам, девојчиња, во социјалните згради живеат и по некој саат ми враќа абе маче знаеш какви луѓе живеат таму, ако дојдат што ќе каже клиентелата моја ќе се згадат нема да доаѓаат веќе, ќе ме зборат. Е ок и викам ваљда кога се понуди не очекуваше дека принцезата Меган ќе се пријави за нокти бесплатни. Извини маче сфати ме позз. И постот си стоеше со месеци беше топ тема, фалби, пофалби, наклон до земја за неа, таа па фала фала на секоја пофалба. Којзнае дали некој нокти виде од неа или некој доби нешто од другите што даваа а никаде не ги најдов. Нема смисла, и да сте дале вратете кажете, вака делува како само да сакате лајкови, а победно од тоа нема.
Ле-ле. Десет години, дечки. Цела декада помината тука. Кога кликнав пред десет години на зачлени се не можев ни да замислам дека толку долг период форумов ќе ми биде дел од животот. Ама, мило ми е за тоа, многу, мило ми е што толку години ми се запишани тука низ страниците, што кога ќе ме фати меланхолија можам да се навратам на некои минати мигови. Десет години... На здравје. За наредните десет. Cheers.
Сакам да кажам Гарфилд денес ми мјаукаше за внимание, јас испраена работам нешто и му мјаукам назад. Мјаукам назад на сите мои мачки. Е сега Гарфилд ова изгледа го виде како покана, не беше блиску до мене. Се стрча и ми скокна на грб и се качи на врат. Болна љубов. Само то имам да речам. Секој ден со Гарфилд е полн со изненадувања, никогаш не знам како ќе ме повреди. Пред некој ден кога се преслеквав се чудев зошто имам толку гребаници и лузни, кога ни една мачка не ме греби и се чудев како имаат луѓе такви мачки. И после ми текна дека сега го имам Гарфилд.
Пред некое време мојот Џејми се рчна со помалите за да ми пријде прв за галење. И тие знаат што е љубов.
Од кога почна Гарфилд да се поврзва со мене многу тешко ми е да се приближам кон другите мачки. Пошто а земам некоја и се галиме, ќе сети и одма скока в раце и си прај место. Идеално ја турка другата мачка за сам да остани. И на кучето љубомори.
СДК Се скршив. Сам. Морам да се составам заради малиот. Штетата е голема толку, колку што никој не може да помогне. Еднаш си помислив дека го поминав најтешкиот дел од животот, ама од лошо имало и полошо. И од ова има полошо, само не дај боже. СДК под бр. 2 Учиме од сопствените грешки.
Се што сакам во моментов, е да бев едно детенце мало кое има скромни желби и толку невино му пишува писмо на Дедо Мраз и е во исчекување на неговите подароци
Сакам да кажам дека јас нервна е еднакво на моите дома на раб на дијабет и високи сметки за струја. Нервата ме тера да прам благо. Денес цел ден печам, имам два плеха печено сезонско овошје со шеќер и орев и две тикви испеков (една за јадење, една во план ми е во мафини да ја напрам). Сега ми се лади пандишпанот па ќе го филовам во мини десерти. Се думам дали тиквата да ја прам во мафини денес ама знаејќи дека немам толку време то ќе биди утре. Штета мојов не е фан на благо, нема кој да ми јади благите во иднина ќе треба гости да викам. Ама можда до тогаш ќе си најди тој начин како да ме смирва ко ќе се нервирам за глупости. Не можам да знам.
Среќна сум. Убаво ми е деновиве. Топло ми е на срцево и покрај студот надвор. Не сум суеверна, но не знам зошто секогаш ми е страв да ја споделувам среќата со другите. Не ми е страв дека другите ќе ми наштетат, страв ми е од тркалото на лоши и убави нешта, ако денеска ти е добро утре не и обратно. Со мојов карактер, тешко е да бидам оптимист. Форумов ми е безбедно место каде што можам да искажам како се чувствувам, и ете така ми е деновиве. Убаво. Вљубена сум. Се обидувам да не мислам на лоши денови. Само се надевам да потрае ова. Не знам колку, не знам како, само нека потрае. Ми требаше вакво нешто. Сметам дека на сите ни треба, сите заслужуваме љубов и посакувам сите да се почувствуваат вака некогаш. Од срце го посакувам тоа
Има песни кои ни враќаат спомени. Има спомени кои ни враќаат слики. Има слики кои не потсетуваат што ни направиле. Има песни кои не враќаат назад, за да потсетат колку не повредиле. Затоа денес не сме исти. Затоа денес сме посилни и похрабри. Ама сеуште празни, со желба за љубов и внимание кое ни го украдоа.