Ништо поболно од предвреме загубен родител,сакаш да се сеќаваш на сите моменти и слики,а неможеш,боли секоја слика,боли секој момент,боли дишењето без нив,боли љубовта која ја нема родителска,боли секој празник без нив,боли секој роденден без нив,боли секоја среќа без нив,боли се,целиот еб*н свет боли.
Убедена сум дека со години нема да најдам работа. Кај за пола година праам 30 и планирам фамилија да создавам, него позициите и условите што ги нудат низ градов, oh dear jesus. Морам по секоја цена да си напраам нешто мое!
Пред неколку дена бев во Кино,да го гледам Врба,обожавам Македонски филмови,искрено доста болен филм,поготово за оние Девојки,Жени,кој неможат да забременат,уффф јас како маШ срце ме заболе,доста болни слики,и доста тежок филм.Не го препорачувам на оние,кој тешко им иде забременувањето,доста болна тема извинете.
Честитки! Родителите ми се живи,но пред една година почина вујко ми,така што те разбирам. Секој петок ми е најтешко оти тој секој петок доаѓаше кај мене на гости.Го нема веќе човекот кај кој идев кога сакав и на кој му се жалев по цели денови,ги нема веќе неговите совети и прегратки,а дури и Турските серии не ми се веќе многу интересни без неговите смешни имитации на ликови и коментари. Овој декември е втор декември без него,а за неколку дена му е роденденот... Таа болка не поминува и ние живите можеме само да се трудиме да бидеме силни оти починатите не би сакале да се уништиме од тага.