1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    Мислев дека постојат само лажни пријателства и лажни врски. Не мислев дека постоеле и лажни родители...
     
    На Billy Idol, FallenAngell, Rama и 18 други им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Другарка има многу фин пријател којшто ја сака како нешто повеќе.
    Дечково е срце. Понашање, нереално полно почит, озбилни намери, ненормално начитан,убава професија, државна работа, пари, ама има малку посериозна говорна маана (повеќе од една буква) и тоа на девојкава ѝ пречи. Нему не му го кажува ова директно, ама нам да. Не ѝ е проблем попреченоста како таква, туку каков му е гласот како последица од истата.

    И сите у друштво сем мене ја осудија.
    Де дискриминирала, де не заслужува некој којшто ја почитува. Значи не е дискриминација, некомпатибилност е.

    Ако неговиот глас ѝ звучел привлечно и покрај попреченост, друг муабет ќе било.

    Врска е игра на компатибилност, не е хуманитарна акција.

    Никад немојте да бидете со некого од жал. Што е таа личност виновна што не си одговарате за да трпи такво психолошко насилство. Па уште и ако се зачини со гледање на страна онака како додатно нагласување на незадоволство...смрт.
     
    На Billy Idol, FallenAngell, Rama и 29 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Ај ај тие другарки па да не случајно во машките гледаат само карактер. Исто е кога некој не ти е физички привлечен, исто е. Нека не глумат светици многу.
     
    На Nausicaa, tessie и Alisa22 им се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Точно ова ми требаше да го прочитам денес, и да го споделам наоколу по другарки :inlove:
     
    На faye, Rama, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    34.124
    Порано гастрабајтериве шверцаа после одмор чушки, френки, ајвари и зелки за сарма, али у последно време како шо тргнало ние тазето ќе шверцаме Кока Кола, Фанта и ШВЕПС (забораив!) , и чипс од тој дебелиот со сол...
     
    На Herrera, TutiFuti, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Само јас ли не се интересирам кој е дечкото на @Herrera :?:
    Не си го пикам носот кај што не треба. 8)
     
    На Billy Idol, Rama, Dadusicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира но не премногу.Почитувам ако не сака да каже.А ме интересира бидејќи сакам да видам дали било очигледно а не сме приметиле. @buba4e89
     
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    34.124
    А ја мислев оти се зезаме, и оти не очекуваме стварно да ни каже... :|
     
    На Herrera, Harper, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Имаше пишувано во повеќе наврати во темава, ја следам интересна личност е. Држи добар став, ама ете не ме занима кој е тој. Понекогаш е подобро и така.
    Го почитувам и твоето мислење што сакаш да дознаеш, може си го крие ко мачка очите.
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Животот не треба да боли. Не смее да боли.

    Во оваа градска џунгла навикнавме да сме хаотични, несмасни, секој ден чекор по чекор да се одалечуваме од изворот и потеклото на среќата - себе сѝ.

    Заборавивме да го слушаме шепотот на шумата, да тонеме во боите и топлината на реката..навикнавме на заробеност во фасадното тло полно мраз, каде го сведочиме единствено контрастот. Со мака, со тешко, статично ,,заледени" во (не)времето.

    Попатно исчезна креативноста во одморалиштето извајано портрети кое го пеплосавме и заборавивме. А животот врви и може за некој од нас да нема утре...

    Некои таму заборавија да не потсетат да се сплотиме со единствениот извор надвор од оваа динамика, макар на еден ден. Окупирани и магнетизирани од лагата на екраните ја угнетивме имагинациона градација на сопствениот ум. Наместо бомбони и шарени панделки си даруваме задачи и бројки. А зошто?

    За последните атоми енергија да ги трошиме во хартиено олово секој ден.. Во трчаницата по автобусот, по клиентите на работа, проблемите во домот, со партнерот. Така заборавиме да прославиме со ентузијазам и возбуда - да вдишеме. Зад сиот овој наводен фасаден мраз под Антартикот кој сами го создадовме.

    Го пишувам постот затоа што ве читам речиси сите, секако онолку колку што ми дозволува времето. Доволно за да увидам дека минувате низ кризни периоди. Лутате, се барате, независно од староста. Во потрага по подобри кариери, постабилни финансии, компатибилен сопатник. Секоја секунда подалеку од реалноста, изворот и нашата природа.

    Често посакувам во текот на едукацијата во институциите да не учеа за среќа. Да не учеа дека и без сите овие модерни квалитети сме доволно добри. Заедно со сите избори, предизвици, здраствени проблеми, емотивни рани и расположенија. Дека секој наш дел е пропорционален, естетски и внатрешно. Дека нашите умствени квалитети живеат единствено во кулминацијата на моментот - сега.
    И последно но, не и помалку вредно дека сите сме едно. Делиме днк, чувства, емоции, предизвици, амбиции...

    И сето ова нема врска со поезија или new age bullshit религија, ниту со уметност, туку тоа е реалноста на универзалната љубов. Нашите идентитети заробено и статично престанаа да живеат и време е да ги разбудиме. Да ги симнеме лажните маски на мизантропи, и згазнеме планините на егата. Да почнеме да бидеме искрени за почеток, така што ќе признаеме дека не сме добро!

    Зошто создадовме шаблони и структури кои не ни служат, и сме свесни дека е време да ги урнеме. А ќе ги урнеме единствено менувајќи се себе. Светот единствено ќе се смени ако се пронајдеме во нашата ера, и се сетиме кои сакавме да бидеме еднаш, некогаш. Само тогаш ќе се реконектираме со природата и ќе престане да боли.
     
    Последна измена: 8 декември 2019
    На Herrera, M.B., FallenAngell и 16 други им се допаѓа ова.
  11. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.227
    На форумов сум само заради два-три члена :toivo:
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Не е точно. Ако е така ќе си ги најдеш на фб и ќе баталиш фемина. Ова е типично атеншн хор драматизирање.
     
    На Purplelilac, Harper, Bubce38 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.125
    Допаѓања:
    43.681
    Пол:
    Женски
    Утре (понеделник) со форумчево славиме 5та годишнина јејј.
    Ќе се исфлексам утре обавезно :$ :rofl: :emo:
     
    На Rama и piksooki им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    @crimson @Mantub
    Глас и мирис се многу важни работи. Полова компатибилност исто така. Знам пар којшто не можеше да зачне никако. По доктори идат, нема проблеми ни кај едниот ни кај другиот. Сега и двајцата со нови партнери имаат деца (и двајцата по природен пат). Не биле компатибилни ете. Инаку деца не им беа директна причина за разделба. Не викам мора да е физички убав, тебе лично, на твоите сетила да одговара.

    На тие работи не гледаат, гледаат дали е разведена (санкир неотпаковани се пред брак, ко бебиња пред 40 дена што не им се убаво отворени очите), дали е од друга вера, дали е од друга партија, после шарање на страна, самци у браку, ти реков ми рече...
     
    На Purplelilac, FallenAngell, faye и 8 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    The planet is fiiinee.... The people are Fucked!

     
    На FallenAngell и M&M им се допаѓа ова.
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.520
    Реално, во темата не е прецизирано дека треба да се пишува исклучиво за водење на режим, односно исклучиво само што и колку си јадел во оброците. Всушност, насловот е "(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат". Поддршката доаѓа во разни форми. Можеби подобро е да се отвори тема со наслов "Оброците кои ги конзумираме во текот на денот".

    Исто така, воведот вели:

    Ниту во воведот не е споменато дека темата е исклучиво за споделување на режим. А и искрена да бидам, јас започнав да ја читам темата за да се мотивирам и евентуално да добијам некоја идеја која ќе ја искористам во мој бенефит, но претежно беа споделувани сосема утнати режими и можам да замислам како некој кој само што започнува да се информира околу оваа тематика би започнел да мисли. Би стекнал сосема грешна претстава. Затоа потребно е да се разглабуваат нештата подетално, за доброто на сите. :D
     
  17. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Твоето мислење не го сметав за офф-топик, туку полседните со лебот, што и како за него. Не означив бидејќи не читав кој и што има да се изјасни за "влагата" во лебот.

    Не е напишано дека се пишува за режим, ама ако го прочитеш воведното мислење, ќе сфатиш дека е во таа насока. А режим подарзбира некаков начин за нешто, во овој случај искрана т.е. оброци. Соууу...
    И напишав за мотивација, во сите најразлични облици да.

    Не знам зошто ме цитираш тука, али ОК.
     
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.520
    На место си е и мислењето за лебот, бидејќи луѓето споделуваат чудни нешта како совет за слабеење, а немаат никаква поврзаност со слабеење. Буквално ги збунуваат луѓето кои се обидуваат да ослабат. Затоа, важни се тие дебати и аргументирања, секако помеѓу споделувањата за режими, оброци, намирници, итн.

    Тука те цитирам, за да не бидам офф-топик во темата за поддршка за слабеење.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е проблемот, кога немаат допирна точка со слабеење како гол и не пишуваат во темата, нема потреба да даваат ЧУДНИ совети.
    Тоа е она што сакав да го кажам.
     
  20. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.123
    Допаѓања:
    14.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да најдам работа каде што ќе немам многу обврски и притисоци како што имам сега.
    Сакам да најдам работа каде што ќе се ослободам самата себе.
    Сакам да најдам работа која одговара токму за мене.
    Сакам, сакам љубов.
    Сакам добри луѓе.
    Сакам човечност.
    Сакам топлина, семејство.
    Сакам другарство.
    Сакам мир.
     
    На Zimone, eliesaab, FallenAngell и 6 други им се допаѓа ова.