Храната не треба да биде добра само за телото туку и за душата Едно од најголемите задоволства. Човек може да јаде се' ако се научи да ужива умерено, а не како да јаде за последен пат. Животот без омилената храна би бил, едноставно кажано, мизерен. Барем за мене е така. Лебот нема да ве убие и нема да видите плус десет кила на вага ако изедете две парчиња деб на ручек, чоколадото не е извор на секое зло ниту па некој е подобра личност ако ајде интегрални тестенини наместо бели.
А треба на 3 и пол да се прајме и некој да се излаже дека 'влагата' во лебот дебелее!? Ако нешто ти е вишок, скролни, ко секој нормален човек. Муабетот беше на место и во рамки на темата. Не зборевме за мењање акумулатор.
Кога некој се прави отмен и важен, а уствари се утепува од работа, дур другите си шетаат. Плус го зезаат за се нешто, а он мисли дека моќ има оти најмногу работи. Никако да му текне дека он е секогаш елфот на забавата, башка најмалку платен.
Кога некоИ се прават дека работат а всушност ниту знаат да работат нешто ниту сакаат да научат а притоа се платени далеку повеќе од одие према кои се понашаат супериорно. Зезаат и се им е на зезанција, затоа што веројатно им се може, ама тоа што им се може е моментална ситуација.Когс нема да им се може , за час ќе се најдат од другата страна на приказната и колку повеќе биле шемаџии и зезатори толку повеќе им се одразува на и онака на поклон дадената кариера
Неделава имав можност за 3 дејта. Првиот ми откажа, на вториот јас му откажав, со третиот излегов ама тапа беше, едвај чекав дома да се вратам а овој ме уби со пораки. И така
Треба мислењето за влага да биде избришено, јер е апсурдно. И секој со повеќе од 2 грама мозок може да размисли и да донесе заклучок што е точно, а што не. Тоа беше она што сакав да го кажам. Не знам зошто некој ме цитира кога не кажува апсолутно ништо од значење. И ако сакате и на 9 и пол правете. Ваше е, ама некаде има правила што треба да се почитуваат, се знае кои теми за што се наменети.
СДК Чувството кога другарка ти има нова пријателка, и веднаш се залетува да ја "величи" и да ја прави најсовршена и безгрешна, а ти се трудиш да и докажиш дека такви луѓе не постојат, а таа те напаѓа дека тебе ништо не ти се погодувало во животот Како прво, не сум љубоморна ама ич. Како второ, пријател може да ти биде секој, ама другар е малку поблиска форма на човек кој со тебе е од детството и сте поминале буквално низ се заедно. Како трето, нема да кажам, оти ќе ми го избришат мислењето, а под точка три ќе стоеше јако пцуење
Два часа размислувам дали да го напишам постот. Конечно собрав храброст. Знаев дека староста со себе повлекува некои психолошки реперкусии, ама не знаев дека може да оди до оваа мера. Шок! Морам да предупредам да не го слушате ова видео никако ако имате родители кои ја надминале својата 45-та година за да не ви отвори некои дополнителни прашања и трауми во врска со нивниот однос. Исто така ве замолувам уште еднаш, да не го отварате видеото ако лесно се вознемирувате на шовинизам. Важи и за момци и за девојки подеднакво. Не правам драма кога велам дека е премногу гадно. Во негативен контекст - брутално реално но, и преодвратно. Мислев дека мажите после педесеттите губат ерекција бидејќи природата наложила така, кога оно..ете што била можната причина. Немам зборови..На какви гадости се заснова човековиот однос. Само ќе ви го оставам видеото во спојлер и замолам да го изгледате до крај ако можете секако. После видеово мојата душа е оскврнавена за сите времиња, во крајни граници. Посакувам да имав кутија хелекс и да бев родена лезбејка. Многу ми е жал што не сум. Жената е тотална контролна алатка во машките раце, без парафраза. Се обликува и моделира за нечии потреби. Болесно. Ич нема потреба од феминизам. Спојлер Спојлер
А ако имаме партнер кој ја надминал 45-ката, да гледаме или да се сокриеме под кревет? Забораваш дека и баби овде читаат?
Неможам уште да поверувам,како може за еден ден,животот да се промени.Конечно мир,спокој,тишина,се молев и добив тоа што најмногу ми требаше во животот,фала ти Господе фала ти.Конечно живеење сам,во мир,ке ми треба време да се навикнам,ама ако само нека трае ЗАСЕКОГАШ.
А ако си и сама блиску до 45? Кај наоѓате вакви работи , е значи не треба да има секој пристап до мобилен камера и интернет