Дечки, споделете кај има пинг понг за играње? Уште подобро ако има некое местенце со пикадо, мини-фудбалче, итн. Ко на времето во 90-тите.
Калимера - со овие зборови ми почна денов Ај да се објаснам сега...... Станав уште од 7 со затнат нос, црвени крајници - значи традиционално секоја година ме фаќаат крајници и веќе ми е скурчено да се дрогирам со антибиотици. Фино лепо отидов на доктор без термин, ми дадоа 4 дена боловање и појдов во аптека да ги земам лековите. Влегувам во аптека и поима немав дека аптекарката била гркинка. Аптекарката : Калимера Јас : Гутен Морген , веднаш и ги давам листовите со препишани лекови Аптекарката ; ...... проверува на компјутерот , ми кажува за едни апчиња ги имале истите ама производство од друга фирма ,па и реков да ми ги даде и тие. Аптекарката : Вие од Русија сте ? (бидејќи ко зборам било кој странски јазик го зборам со тврдо Р, па најчесто мислат луѓето дека сум од Русија ) Јас : Не, од Македонија сум. Аптекарката : Ааааа Скопје Јас : Не сум од Скопје, од Штип сум. Аптекарката ....... онака ко посрана ме гледа ,ми ги даде лековите Јас : Чус Аптекарката ........... И еве си дојдов дома, се напив се што треба и сега пијам чај. Стварно се осеќам мизерно, а треба и да ми дојде ПМС , да не се чудите ако почнам да откачувам. Ај доста замарав со глупостите мои
Аии, избрале Мис Јуниверс 2019 - Zozibini Tunzi од Јужна Африка Имаше поубави, ама нели сега не е само убавината пресудна, туку треба да си и супер интелигентна, со топ дипломи, да волонтираш,помагаш и работиш... бла.. бла
Се разбудив со намера да го освојам светот. Планирав да одам на планина. Спаѓајќи по скалите, се случи нешто што се случуваше и секој претходен ден, се клизнав, се утепав и ја скршив ногата овој пат. Убав почеток на неделата. И на сета мака се смеам, пак. Уживајте во продужениов викенд, надвор времето сексоча било, така ми кажаа.
Станувам метеопат, полека но сигурно. Ужасно ми пречи тоа што уште на пладне морам да уклучувам светло. А многу ја сакам дневната светлина што ми доаѓа низ прозорецот, маглава и облациве се ужасни. И сето тоа комбинирано со тензична главоболка, која за среќа може да се реши со едно обично апче Да можам, би бирала да живеам некаде каде што има две годишни времиња, пролет и лето
@Bratot @WildMk Напротив. Погоре сме рангирани на светската листа, полошо е. https://www.heritage.org/index/country/macedonia
Во прнцип сум многу послушна ќерка и никогаш не сум се покајала за тоа, освен еднаш. Пред да одиме на 7-дневен одмор, сами со тогашниот дечко, мајка ми само ми кажа: Памет во глава и пази што правиш. И јас не еден, три памета во глава набив и преубаво си поминав со другар ми на одмор .