Честитки преку фб за ,родендени,свадби веридби ,слави,прво запче,прво чекорче .Па и изразување сочувство.Па среќен пат ,убав помин,добре ни дојдовте... Уште она" рацете да ти се позлатат "фали
...кога нашинци отидени во странство ќе се обратат со : "...таква ви е државата.." Уште калта им е на опинците, бугарскиот пасош во рамка го држат, ама важно застануваат од другата страна на приказната
Сакам мир Сакам еднаш да заспијам и да се наспијам како човек Сакам еден ден да поминам без прашалници
ВаРРРум мори Хереро? Разбирам да не можеш падежи да погодиш (јас ќе умрам и пак ќе ги грешам), ама за едно Р. Па и не е некое француско Р во германскиот. Вади тоа крајниците, да видиш шо е убав животот без нив. Може и поубаво Р ќе кажуваш
СДК од сите што си заминавме од форумов, само Баба Рада не се врати. #човекодзбор Спојлер: П.С. Знам дека е банирана.
Нормално било на 17 години да се мажи, на 13 да има дечко и јас да го уклучам мозокот на крај пред да отворам уста. Нека сесре имаш време за памет не е касно. Уште бременост фали.
Не верувам во таква позитивност и добронамерност која во една секунда може да се претвори во спротивното.
Сакам да кажам дека имам исповед до Доктор Мајк. Денес спиев пет сати ради кучето. За други денови немам оправдување. Те сакам. Ова, чао.
Крвава револуција кај мене денес ---- прв ден ПМС --- Другарка ми : шо прајш ма ? не си на работа ? Јас : не, на боловање сум Другарка ми : да не имаш обврски за денес? Јас : јок, ќе се легачам Другарка ми : а да ти дадам занимација ? Јас : ?? Другарка ми : а да го научиш орово ? како што знаеш, се ближи свадбата па не сакам да седиш на страна Јас: мрш ма, не ме бива мене за ора , не сум играорец, јас камерман ќе ти бидам. Другарка ми : не изведувај, да не седиш за џабе на нет, научи ги чекорите Јас : добро , ај чао, морам да одам до нужникот, крварам. Другарка ми : не ми менувај тема !!!! Јас : seen Тие што ме читаат знаат дека имам коментирано за другарка ми, ќе се мажи со швајцарец, па се спрема за свадба. Многу блиска другарка ми е , се знаеме скоро 20 години Арно ама јас сум антиталент за ора , слабо одам по свадби, а стварно нема смисла да не и отидам на нејзината. Ништо, ќе седнам сега да барам каде да ги научам тие брзи чекори за да го играм нејзиното омилено оро. Уште да знам од кај да почнам , ич бе, ама ич не ме бива Ај да станам прво да одам до нужникот да мочам и да видам кај сум шо сум
Убаво е кога можеш да му се радуваш на денешниот ден, но и на иднината. Убаво е кога имаш со кого да правиш планови. И да знаеш дека што и да те очекува, имаш поддршка, топла и сигурна прегратка, личност што те поддржува и охрабрува.
Сдк дека Мари од Роксет ми беше идол кога бев мала и многу сакав да бидам како неа кога ќе пораснам- висока, слаба, згодна, со кратка плава коса и облечена во црно и кожно. Обично не се потресувам многу кога некој познат ќе почине ама еве ме, ко мрдната седам и ги слушам песните на Роксет, на раб на плачење.
Кај вака те осеќам слична ко мене у карактер, и по тоа шо сме и двете у Дојчландија, па уште и у исти ден иаме добиено... И ти си едина особа шо сум посакала да ја запознаам од форумов пљус. Судбина...