Јавно барам темата Фемина Инстаграм да ми се забрани, да ја направите невидлива за мене. И да нема таква опција, да направите
На прашањето 'Абе коа у животот ке ми ја треба математика, има дигитрон?' следи одговор - Ако некад те сретнат на улица со камера и те прашаат да решиш нешто просто ко пасуљ. Глуп си ко 8÷2(2+2)=16
Ја гледам Северина во спотот 'Бред Пит' и толку ме потсеќа на Мадона. Спотов нема врска со стиховите, ама битно да има голотија.
СДК многу сум креативна ноќе. Се мислам да отворам тема: дијаспорски муабети. Супер муабет ќе си терам со @malerozna и уште некои други (да не ги редам). Проблем: во темата теоретски би праеле муабет @buba4e89 и @Bridget . По мое мислење и двете се ок, само на различни страни од спектарот. Проблем решен: ќе ми ја затворат темата, секако многу теми имало за четање СДК мислам дека треба да намалам со креативноста. Уметност ко уметност, нема поента
Во последниве два месеци, многу често се наоѓав во ситуација некој да ми зјапа во телефон и да гледа што пишувам, а во истата таа ситуација беа и тие со кои комуницирав, други гледале и читале кој што им пишува. Многу е мизерно, стварно. Пред нос ми биле туѓи телефони, ама не ме интересирале. Мислам, зошто воопшто толку да му се внесеш на некој? Кај нас културата во минус е отидена. Значи, немојте да бидете вакви. Ставете фокус на вашиот живот и терајте, другото не е ваша работа.
Ми фалат деновите кога Happy Meal oд МекДоналдс ме праеше неиронично среќна. И да, знам дека не сум нешто голема сега ниту пак имам искусено многу, и дека тек сега ме чекаат тешки работи. И тоа малце ме плаши.
СДК дека ужасно ми се јаде руска салата Мислам дека тоа е главната причина што ги чекам празнициве со душа. П.С. Не ми давајте совет да одам и да купувам, не е исто!