Сакаш да ти кажам нешто полошо од тоа дека ти се јаде руска? Татко ми направи вчера и му се превте тенџерето се заврши на земја и секако тука беа моето куче и маче со брзина на светлината да си џвакаат руска од земјата
Денес повторно ми се докажа колку сме говна од луѓе. Сред раздвижен мол, жена со видлива попреченост клечеше на земја и си ги собираше работите кои и испаднале од раце. Јас веднаш и се приближив и ме замоли да и подадам нешто од земја што не можеше да го дофати. И останав во нејзина близина додека да стане и повторно да ја прашам дали е се во ред. Позади неа го видов обезбедувањето на молот и уште една жена како гледаат во наш правец и се кикотат. Ми се гади од сите вас.
Би сакал да постои скала до небото,да се качам и да ја гушнам мојата Мајка,и да и кажам дека празниците повеќе не се исти без нејзе,и дека премногу ми фали..
Со цел памет у 1 по полноќ, со проблеми со желудников што ми праат да не можам да јадам ништо освен супи и двопек, отварам food porn и Фемина Инстаграм. А неописливо сум гладна. А желудникот ме боли што и да изедам. А гледам фуд порн. Леле, мислам дека можам да го осетам мирисот на некои слики веќе. Леле, помфрит со зачини и сосови. Кифли. Чоколадна торта. Пица со кашкавал шо се тегне.
Се враќам после скиро година дена на фемина, или помалку или повеќе... не ни памтам ... Отварам скриено катче, ми се стопли душава, дечињата ви се пораснати, души убави - нека се живи и здрави, неколку членки останале бремени, други се породиле,ептен ме израдувавте - се најдобро, сте подостареле и сте се разубавеле сите Убав ден ви посакувам
Кај нас има таксисти што по цена на автобуска карта ќе те однесат секаде низ градот. Собираат четворица и кој кај има потреба носат секаде по автобуски станици низ град. И јас и 3 колешки што живееме во иста населба секое сабајле си имаме договорено еден таков таксист и еве 5 години со него одиме на работа. Човеков во 5 години ни еднаш не закаснил, не рекол некој збор на страна, а рака на срце и сме каснеле многу пати. Човек душа. За 20 денари за 10 мин сум на раб место да се дрнкам пола сат во бус дур да стигнам. (да, поддржувам сива економија, да, им го земам парчето леб од уста на легалните таксисти, немам пари да плаќам 130 денари секое сабајле, и да себична сум сакам да поспијам уште 10 минути плус место пола саат да патувам со бус.) Минатата и оваа недела една од колешките има земено одмор и после мене на таа автобуска привремено се качува еден полицаец. 8 дена се возиме заедно со него. 8 дена денар му нема платено на таксистов. 4 финти си ги тера со ред. - Леле закаснив денес се успав едвај стигнав си заборавив и картичка и новчаник и се у пм, ај ако не почекај ме ти па да тркнам јас до дома да земам 20 денари да ти платам. И нормално дека нема таксистов со уште тројца други што треба на време да стигнат на работа да земе да чека да оди овој којзнае каде до дома и кога е време на оваа финта му вели ајде нема гајле остај. Следен ден (ова два пати го направи ѓубре едно смрдено) му дава цели 50 евра и будала се прави демек еве наплати си и таксистов пак ок ај друг пат ќе ми платиш. Следно; - Леле брат ми имаат паднато ситните кога трчав да не ти закаснам, кај можат да се у пм, и зема се треска од земја демек бара по џепови се тегне се превртува во кола, им смета на другите до него и таксистот му вели остај (аман) не барај не мора. Денес скржавото ѓубре му вели пак јас изгубен колку сум, ај Аце ќе ми даде да ти платам па ќе му вратам после. И се качува, се вози и застанува на локацијата таксистов за да се симне тенџерево и нервозен демек се симнува и - АХ бе Ацо Ацо кај си да те ебам... И нормално стандард ајде терај остај не мора... - Абе ќе ми донесеше Ацо пари почекајте... Да,ќе чекаме измислен Ацо да донесе пари и пола сат покасно ќе одиме на работа, Ацо го чекав директорке пари да донесе.... И така 8 дена, појео ме туџи срам, се нервирам цели денови, ќе седне цел наконтан намирисан, среден, пицнат, имал време за тоа, а за пари немал време да земе се брзал. 20 денари. Ебани 20 денари. Две смоки само можеш да си купиш со нив, ни кафе ќе се напиеш ни цигари ќе си купиш, бедни мали 20 денари само треба да му дадеш што те вози од едниот до другиот крај. Со колешкава на два пати му плаќавме за цела тура пошто нема смисла, никако неќе да прифати таксистов, се расправа, се кара, бега,вика како не нема шанса ми плаќа после тоа тој (аха да секако) се тепаме, се расправаме да земе пари никако не сака, фрла и бега буквално еднаш пред да излезам му оставив 100 денари и заминав одма затворив врата, ми наплати само 20 и ми фрли кусур собирав од земја, до толку тврдоглаво не сака да земе плус од она што за себе треба да платиме. А ова наконтаниов дебил... Кога луѓето ќе седнат на некоја државна функција каде треба да им служат на граѓаните, по секоја цена на секој можен начин гледаат да искористат колку што можат повеќе, забораваат дека тука се да служат не да им служат, ама за жал и ние така ги третираме и затоа и си можат. Абе земи фрли го како вреќа со гомна ако не плаќа. Ама па после ќе те начека на улица, ќе ти пише казна за инает и за 20 денари што нема да ги добиеш ќе платиш плус 500 евра. И после од каде стрес и нервози...
Ако сакаш да се казниш себе, отвори Фемина Инстаграм и гледај прекраснотии од слики а во меѓувреме да ти течат лиги и не сакаш да готвиш јер си на диета.
Имам потреба некаде да си ги истресам мисливе од глава. Годинава ќе ја паметам по загубата на татко ми... Сè друго ми е бледо. Седам овде и уште не ми е верно. Само еден ден по празниците отиде на лекар бидејќи не му беше добро, откривме дека е болен и во многу напредна фаза. Од ден на ден му беше полошо и за месец и пол не напушти. Не знам за што попрво не можам да си простам. Што не поминував доволно време со него додека беше здрав, што не се обидував да извлечам повеќе од него бидејќи беше човек што си тера по негово па не остави со огромни прашалници за многу работи, што во тој последен месец навечер ме немаше за да избегнам од реалноста малку и да си ја зачувам психата колку толку. Или што сега доколку би ме гледал од некаде не би бил горд на мене, исто поради тоа што правам работи за да не мислам на него. Извини тато, ми треба некое време да се стабилизирам бидејќи ме боли многу твојата загуба и вака ми е полесно. Не знам дали ќе се помирам со ова некогаш, премногу е нереално ова за мене. Очекувам да си тука меѓу нас, да те слушам како дишеш, да ми го пофалиш секое јадење што ќе го зготвам, да се зафркаваме и смееме, да седиме на тераса или во двор, да ти свикам кога секое утро ме будиш обидувајќи се да ме покриеш за да не ми е ладно. Очекувам да украсам со новогодишни украси и да дојдеш со жолти сијалички бидејќи такви сум сакала да имаме. Не очекував да украсувам со кнедла во грло и солзи во очи. Престојниов период ја изгуби магијата со твоето заминување тато, мислев дека барем малку ќе се радувам на ова ама се излажав. Ми фалиш... Сакам само да ги избришам сите лоши слики во глава од лошиот период, кога те гледав болен и изнемоштен, кога те гледав скршен и со солзи, кога те слушав како викаш дека на лето ќе правиме нешто а во себе знаев дека нема да дочекаме колку и да се надевав на чудо, кога те хранев со лажичка бидејќи немаше сила ни да станеш, со една рака те хранев со друга те држев тебе за рака, кога те држев за рака на последниот здив и последното откуцување на твоето срце. И колку и да е ова емотивно, сепак сакам да го заборавам бидејќи ти за мене беше горд борец, силен и здрав, а не бледа скица и едвај препознатлив лик. Знам колку те болеше и тебе што те гледам таков и се вознемируваше дури и кога не беше свесен на моменти, ама сепак јас и ти си бевме јас и ти. Посебно поврзани отсекогаш иако многу често имавме недоразбирања. Ти ми кажа да се чувам, бидејќи јас тебе сум ти посебна. И се чувам гледаш? Се облекувам, се покривам, не ми е ладно, си купив долга јакна за првпат во живот. Немој да се грижиш, сега сама ќе се чувам. Ти само појави ми се на сон среќен и насмеан, душа ме боли веќе кога те сонувам толку често несреќен, тажен, вознемирен, лут, како да си тука на кратко и да треба да те испратам таму за брзо. Пола душа ми отиде со тебе. Само појави ми се среќен и гушни ме, да знам дека ти е убаво таму и конечно си без болки и спокоен.
Уффф како јас сето ова да сум го пишувал.Таа проклета болест,чума,ми ја зеде и мојата Мајка,аххх . Едит : уффф за преголема жал,и Јана ја загуби битката https://kurir.mk/makedonija/vesti/t...ija-da-pomognat-no-site-ja-zagubivme-bitkata/ ТРАГЕДИЈА: Почина Јана Арсовска, Македонците се сплотија да помогнат, но сите ја загубивме битката
Денеска сѐ што можеше да тргне наопаку, тргна, но добрата вест е дека сето тоа јас самата го исправив. На крајот од денот, едно нешто не ми е јасно. Зошто луѓето ќе се потепаат да излезат во пресрет побрзо да ти средат услуга што не ја бараш, кога само ќе те развлечкаат да ти помине времето бадијала. Да им останам должна демек за неекспедитивноста.
Здраво право краво, не толку права крава де. Здраво фемина. Здраво СДК. Здраво јас, што требаше да пишуваш годинава на фемина и да добиеш таблет, ама ништоооо. Шмрк. Здраво бе дечки. Здрави да сте. Јас нат соу мач. Ништо ново. Одмерувам колку не сум заљубена, колку сакам, а сепак не љубам. И можеби е време повторно да ставам крај. Пред крајот на годинава. Многу разумно е љубењево во триесети. Не иде. Нема залет, нема слепило, нема драма. Таман, а сепак... некако разочарувачки. Што би рекла мојата докторка, треба да се сакаш себеси. Јас само физички се зголемив, белки повеќе за сакање да има. И ќе се гушнеш сам, и ќе те гушне некој друг, ама не е тоа тоа. 2019 ми беше како година на поправки, преболувања, болки, обиди... Толку едвај чекам да замине што пред една недела ја накитив елката. Ништо не менуваат датумите, освен што не стареат. Па, можеби у следната, помудри. Ајде... да не го дрвам многу, што би рекле фраери. Поздрав и бацки