Демек модерни и современи сме, живееме во 21 век, напредни сме за се и сешто, ама свекрвата никако од ум да ја извадиме Дури ме загрижува таа опседнатост на снаата со свекрвата, и од примери во реал лајф, и овде и по вицкастите статуси од разните групи Од никогаш не ја разбирав таа опседнатост и нема ни да ја разберам, јес да има секакви стари караконџули, ама јас не знам што толку ви бодат очи. Преувеличувате да знаете, кој како сака нека ме сфати
Она кога после долго време групната работа нема да те истошти туку баш ќе ти помогне и ќе ти олесни помалку време да потрошиш на истата. Значи не било до групната работа, туку до тоа да ти се уклопат коцките со кој ќе работиш групно.
Од личности кои би ги избришала во оваа стара 2019, би биле оние што премногу зборуваат за себе, занемарувајќи го фактот дека не се центар на внимание.
Дали некој ги тужел Always зашто протекла влошката, а викаат 100% не протекува и слични прашања кои ме мачат...
Некои луѓе се мазохисти, немаат свое јас и уживаат во тоа да бидат навредувани. Некои од таквите одат дотаму што кога е некој лош со нив, се трудат да го придобијат, да му се допаднат, во меѓувреме не знаат како да препознаат и учтиво да прифатат коректен однос. Мислам дека се некакви трауми во прашање, така ги навикнале домашните од детството. Сешто. Јас така не би можела, мене малку нешто ми згрешиш и ме налутиш нефер, пиши си крст. Исто ме лути и кога гледам дека некој неправедно се однесува грубо општо кон луѓето. И да беа само ваквите. Штета што младоста ја живееме во доба на слабаци.
Противречна маса насекаде. Почнувајки од сосетката на втори која шири агенда за мир и хармонија, додека дома зад четири ѕида психички ги малтретира своите деца зошто љубовникот Борко заборавил да и прати бакнеж (читај дрк видео) за добра ноќ. Или дечкото од мочаниот сајт со кого сте на coffee date, a кој наводно за себе тврди дека е екстра ,,спиритуален" па ве убедува дека моногамната врска е awesome конекшн ствар, иако само неколку дена подоцна во локал го гледате како делирично врти јазик со рендом цуца. (Во стил бајо, дај да се плеснеме за уан стенд и речеме чао, не ме умарај муабет). Али битно дечкото е спиритуален. Потоа, културната ви познаничка (ака џаџментал рилејшншип дама) која е увек средена од глава до пети од тип права косица, штикла, став боли глава. Не пцуе она, туку е принцеза која чека рози од дечкото (упс, спонзорот), за гуд морнин' и има иљаду и една дефиниција и tip како треба жена да изледа и понаша. Модриците на раката се нужно зло, кои кхм, само попатно ги здобила затоа што се треснала од вратата на аудито. Yeah babe, повтори ја три пути лагата за да стане вистина. Другарот - ака тренерот кој ви дава навидум фини лекции за "хелти лајф" додека во ормарчето суптилно ѕирка паковче стероиди и бело праф4е за недај боже при натпревар да не му откаже снагата, јер он е горила. А на прав мачо маж не смее да му се случи fail, тоа е понижење. Фејловите се резервирани за пички (читај - жени). И не запира тука иронијата. Всушност ова е само увертира за она што следува и го продлабочува јазот. Зошто колку подлабоко нуркаш, толку повеќе рацете ги чувствуваш тешки. Другари со кои си го планирал врвот, заштитувал и сакал заради фактот што се ранлива категорија бидејки живееме во ,,богу иза леџа" вукојебина каде младината бива класифицирана како грст стонери, курви, спонзоруши, криминалци и олоши на крај увидуваш дека може заслужуваат да бидат наречени така зошто кон тебе биле такоџе зли без причина. Да ти ебам менталитетот и државата хоштаплерска. Значи како да ви кажам а да не ве увредам? Ме боли кур за семејните вредности, за религијата, за моногамните врски, ме боли кур за вашите перипетии и драми кои сами ги креирате пошто сте незрели копилиња. Исто така, ме боли кур за тоа што сте несфатени и изгубени во простор и време без визија. Отсекогаш ми било гајле за вредносни илузии. Исто така ме боли кур за пропаднатата нелегална трансакција и како ќе го преживеете месецот, зошо треба да научите да ги сносувате последиците за старт. И сВе ова симпли бикз aj ќен. Годинава без оглед на околностите пакувам куфери за подобра иднина. Во држава или надвор од неа не е битно, али газам преку гробови. Скрос замина добрата Одор за навек, and for good.
5 години среќа во нашиот дом. Иако израсна во распрдено и себично суштество што сака се да биде по негово и иако ми ги бркаш гостите и им претураш по ташните и пред нив го тегнеш од вц и им го носиш пред очи валканиот веш, иако си нервозен кога спиеш и не се чепкаш тогаш, иако кога сме надвор и сакаат да те задеваат ние се дереме НЕЕЕЕЕ ПАЗИ ЛОШ Е, иако не си како сите да не чуваш, пазиш и сакаш само нас, него го сакаш секој што ќе те шета надвор, иако ми ствараш нервози со тоа што јадеш само избрана храна и морам додатно да готвам плус за тебе, а не јадеш од тоа ако седело еден ден, иако ти не поседуваш нас а не ние тебе, иако изгледаш како невино ангелче а уствари си права сатана, иако сакаш да си само ти центар пажња и не смееме да играме друштвени игри зошто ни ги земаш пиончињата и се бркаме низ цел стан, иако ако ме видиш мене додека те шета друг се правиш дека не ме познаваш, не можам да ти се лутам, едвај чекам да ти се вратам после работа, да ме пречекаш пресреќен, цел ден да се врткаш околу мене и да ме сопнуваш, да ме нервираш и да ме правиш најсреќна, за на крај заедно да си легнеме, ти да си спиеш а јас да сум среќна што те имам. Среќен роденден кученце мое најслатко, не можам да си го замислам животот без тебе! Биди жив и здрав уште 500 години!
Зборувам со родителите, им објаснувам една случка и почнуваат да се смеат, урнебесно, сум била маестро за хумор дома.. а мене ми се полни душата кога ги гледам насмеани.
Сдк кога ке станеш и конечно си доволно наспиен и одморен после цела недела ненаспиеност и умор, и си праиш турско кафе пиеш така стуткано на фотеља и уживаш додека не тргнеш на работа
Знаеш дека живееш во бедотија од земја, кога секој можен портал и страница на интернет, оргазмира пишувајќи колку евра или долари вредел капутот или чантата на некоја кокона, а од друга страна телевизиите и истите тие портали се преполни со молби за донации, ни помалку ни повеќе, туку мочани 3000 евра му недостигаат некому да спаси жива глава, баш колку чантата на таа некоја си, што ионака на сомнителен начин ги заработила парите за таа чанта Да ви се плукнам во достоинството и во класата Ќе си умрете и вие како неизживеани фалбаџии, и вас ќе ве јадат црвите еден ден....
Најкреативни се луѓето кои имаат смисла за здрав хумор, а и за оној нездрав или црн хумор, а нај некреативни или народски речено најглупи се оние кои не знаат да се насмеат на ништо. Сакам да кажам почнува викендот, нови настани и нови доживувања, ама овој викенд со помалку алкохол од минатиот да не е толку јак доживљајот како тогаш
Се прашувам зошто не можам да правам бесмислени работи, зошто на истите им барам смисла упорно? Демек се што правиме во денот има смисла? Ок, а која е ? Ако нема смисла, тогаш тоа се празнини некои, како црни дупки во космосот кои повремено се појавуваат во нашиот секојдневен живот.
Имав другарка, партибрејкер за црн хумор, секогаш ми велеше : па на црн хумор ли да се смеам? Не ми е смешно. Имај убав викенд.
Ништо таа партибрејкерката губи и не знае што пропуштала во животот, тон насмевки и продолжен живот, дека смеењето го продолжува животот, ама кој не пробал не знае Фала и ти да си имаш убав викенд
Сакам да споделам нешто со сите вас, еден прекрасен гест на мало детенце што ми го разубави денот. Едно детенце на возраст околу 9 годинки пред Симпо ме сопре и ми тутна еден лист во рака и ми кажа- "Не ја загадувајте природата"! После продолжи да дава и на другите луѓе наоколу. Еве го листот.