Го обожавам чувството на опуштеност и спокој во петок вечер. Иако сега многу различно го доживувам овој ден, отколку пред неколку години. Идеална петочна вечер веќе одамна не ми е излегување, губење време во некоја загушлива дискотека. Всушност, никогаш не би ми била. Но, имало периоди кога наместо да уживам како што сакам јас, им ги исполнував желбите на други. Сега, најмногу уживам во сопствениот мир по продуктивна работна недела.
Интересен ми е концептот на користење на зборот муда, односно тестиси, кои сите знаеме дека се екстремно сензитивни и со многу мала толеранција на болка. Додека пак за слабост се користи пичка, што всушност е еден од највоодушевувачките органи на телото, буквално креира живот од микроскопски размери до степен каде може сам да диши и опстои, орган кој може да издржи огромни болки и влијае на многу други делови од телото. Не ви треба муда, бидете пички.
Читам за сите оние 'глупости' кои им се случуваат на младите.. и си мислам, ама ич неќам да треба да сум сега, во ситуација да барам партнер Се' со годините ваљда Неам нерви сеа да се расправам со сечии фрустрации...
Една комшика била на посета во болница за душевни болести кај роднина. Ми рече леле Матотеја, све млади лежат таму... Жената е малку во поодминати години. Како да и ја кажам вистината, а да не и ја уништам сликата за МЛАДОСТ што ја има?
Јас првпат кога влегов имав 13 години. Дете што страда од шизофренија, а има само 17 години, млад зависник од дрога што свири на гитара-Џо Сатриани вода да му носи, млада параноична жена што мисли дека сите и мислат лошо и сакаат да ја убијат, си ги гледа блиските еднаш месечно (ако воопшто има кој да ја посети) и многу други болни животни приказни. Не знам што е полошо, од мал да си свесен дека психијатрија не е старечки дом или на поодминати години да се чудиш колку млади има таму. Еден куп младости отерани на клоци у курац од општеството, заборавени од блиските, од господ осакатени. Приказни за заборавени и закопани соништа, живот без надеж за подобро утре, а тоа утре е премногу долго за да се живее на таков начин.
Да, за жал откако одам на пракса последните месеци таму, навистина се зачудив колку млади се всушност пациенти таму... Во чекалната секогаш гледам многу млади луѓе, а и по собите како што забележав истиот случај е... Но, од друга страна за пофалба е што решиле да побараат стручна помош, бидејќи тука кај нас е уште табу тема тоа, поготово кај постарите ете кои се водат по она "на млади години ништо не ми беше, ехе, да ти ја имам младоста", а всушност не се ни свесни за реалната состојба...
Се разделивме...некако се раздалечувам од се најмило во последно време. Морав да останам некој период сама за да се стабилизирам. Од сите страни имам притисок за многу работи во животот.
А пак во психијатриски институции што ги лечат... Цел ден се начукани со халдоли и трамадоли, за да 'бидат мирни'.
И јас мислев така се дур немав прилика со прекрасни асистенти и професори да имам предавања и вежби, баш што работат на клиника за психијатрија, што постојано се обидуваат да ни пренесат од старт на студии дека разговорот пред се е најбитен со пациентот, а не само лекови да им препишеме. Има секакви, но има и доктори што навистина се обидуваат да им помогнат, а не само да ги издрогираат...
Во животот единствената мрачна дестинација до која немам стасано е душевна болница...сеуште. Но, никогаш не е доцна за искуство плус во животот. Башка ја имаме таа привилегија како Северни македонци да се лечиме бесплатно, па навали народе. Спојлер Скраја нека е.
СДК, збориме нешто со другарките за пердуви, наоѓам ова: https://books.google.cz/books?id=vi...BG8Q6AEwEHoECAoQAQ#v=onepage&q=perduf&f=false Книга за македонски јазик, замислете, печатена во Холандија, во 1977 Неверојатно... Постоел македонски јазик пред 43 години?! А баш најново откритие беше дека не постои... Што е следно, ќе откријам ли дека земјата е тркалезна...
@Yipman2 , среќен роденден друже @Herrera , денес е твој ден - среќен роденден женска Ти посакувам само да си го чуваш менталното здравје. Обиди се да кулираш додека сите други очи си вадат. Денес си на работа, но тоа не значи дека нема да имаш време да си го купиш твојот омилен парфем од Каролина Херера Ај да се спремам сега за на работа и не ќе е лошо да купам некоја грепка , иако шансите да ми се падне од трите подолгото се 99 %, ама да се обидеме пак по 4572023267124959288 пат. Имајте убав викенд сите
Хаха... греев топло нес во микро и го ставив 2 пати по 3 минути и никако да ми се згрее хаха... и потоа видов дека го греам на сетинг за одмрзнување... хаха.
Пред 10 години на денешен ден ја открив Фемина , 10 години покасно Фемина е дел од моето секојдневие ... Деценија..... Тортата е на мене
СДК ова беше тешка година, како и 2018, како и 2017... Всушност, од 2017та навака сѐ нешто надоле оди, сѐ нешто неуспеси. Просто не знам кој правец да фатам. Си помислувам и дека сум во некое шоу каде сите го знаат сценариото само јас не го знам.