Следно е дека сме мултикултурно-меѓуетничко маЌедонско општество, ама слушам дека некои биле увреџени од тој факт, па отишле да се бунат кај високиот врв Океј, само ти ја раскажав минатата епизода од Зевзекманија
Откако ги научив овие правила поубав ми е животот а тоа се Не верувам во никој, Не молам никој,Не очекувам од никој.
Влегувам денес во градски автобус и бидејќи требаше да се симнеме со сестра ми на следната станица, застанавме понапред, кај вратата. Една госпоѓа ја праша сестра ми дали ќе се симне на следната станица (не забележав дека зборува на нејзе, бидејќи бев понапред). Бидејќи сестра ми е глува, не ја слушна и не и одговори. Женава и се обрати со следниве зборови: -ти девојче глува ли си? Денешнава младина немаат почит кон никого. Се завртев и ѝ кажав дека ќе се симнеме на следната станица, се извинив во име на сестра ми, бидејќи не и одговори. Ми рече: - леле девојче не мислев тоа да и го кажам. Сакам да кажам, не донесувајте премногу бргу заклучок за некој друг.. Одиме после во Сити Мол, на рецепција дојде женичка која сакаше да се провери дали работи касичката, се брзаше, требало во болница да ја носи играчката. Доаѓа друга госпоѓа, почна да се дере, да и се земеле работите, претешки и биле. Културно се понудив, јас да ги подржам кесите, додека да завршат со женичката. Дрско ми одговори: не мораш девојче, не се мачи. Денов ми е ужас.
Лекции кои ги научив оваа 2019 part 1 : Здравјето на прво место, никако не смееш да го запоставиш поради работата особено психичкото. Како 10 годишен борец со анксиозност и депресија-земај редовно терапија и оди на контроли. Слушај се себеси. Фамилијата е единствена причина поради која треба да се жртвуваш Внимавај на новчаникот, особено во автобуси Отстапувај место на постари Барај слободно место во автобус, не се срами Разговарај за да ти олесни на душата Секогаш ама баш секогаш искажувај ги своите емоции, позитивни и негативни, она што ќе го собереш во себе ќе го жнееш покасно на психичка база ПОЕДНОСТАВИ СИ ГО ЖИВОТОТ Чисти редовно Барај начини да заработуваш нешто плус користејќи ги твоите способности Бројов не е баксузен ама ич, не биди суеверен Пробувај да ги смениш работите, кои секако зависат од тебе Менувај го изгледот на твојата соба барем еднаш неделно. Верувај дека имаш среќа. Верувај во БОГ, и имај си свои негови заштитници, ми се имаат случено несреќи на празници кои имаа среќен крај. Покажи став, човечност и карактер. Попуштај до граница. Заштити се себеси од луѓе кои ти прават зло, најтешко е да му вратиш со добро,нели? обиди се да му вратиш со убаво, но не заборавај да се одмаздиш на добар начин, фино,лепо и културно што ко ќе мааниш со тоа , да не помисли поќе да те чепка. ТУ БИ КОНТИНЈУТ
Ја сакам зимата, сакам снег кога врне и наоколу се е бело, ми има некоја посебна магија во тоа, а и плус немам гајле ич од ладното, не сум зиморлива воопшто, не се облекувам ни нешто многу со облека да се пренатрупувам, и пак ретко настинувам Ама што правиме со загадениот воздух кој во зима дупло повеќе зема замав? Ами со уличните кучиња кои гладни и напуштени демнат од секоја страна и уличка? Сето ова ми ја руши идиличната слика за зимата
Минатата вечер сонував дека ме прегрнала една личност со која и баш не се поднесувавме, постојано ме напаѓаше а јас се обидував секогаш да ја смирам топката. Толку ми беше потребна таа прегратка што и возвратив. Мои луди соништа.
Сакам да кажам колку шо неќам магла оти ми влажни коса, имам проблеми со дишење, гадно е, толку и сакам оти не морам да носам чадор. Не можи да врни, а пак сум жива вода.
Кога сакаш да одиш кај некој на гости.Кога го чекаш тоа цела недела со голема возбуда.Кога планираш што ќе правите и како ќе го поминувате времето заедно.И кога на крај од сето тоа ќе направат кавга и ќе те натераат да се почувствуваш како со присила да сакаш да одиш во нивниот дом.Кога неколку дена пред да одисш кај нив нема да ти напишат ни два збпра да те прашаат како си.Не не доаѓаам тамо кај што не сум сакана.Подобро ќе спијам во мојот осамен кревет и ќе гледам во четири ѕида.
...јас кога мислам дека имам доволно време за нешто ама на крај се доведувам во ситуација да паничам зашто сфаќам дека сум си го потценила потребното време за завршување на обврските...и на крај пак одолговлекувам...зошто сум ваква бе
Татко се јави денес. Позасипнат во гласот, ме убедуваше дека не плачел, ама мене така не ми дојде. Сред муабет, срамежливо ми рече „Теси, не си се откажала од тоа да ни дадеш внучиња, нели?“ Солзи ми ги направија очите преполни кладенци, не за внучињата, не сакам ни јас, туку поради гласот на татко ми, никогаш не му бил таков. Сакав да му речам „Татко, поарно најди ми некоја маана, искарај ме, изнервирај ме погодувајќи во најслаби точки како што знаеш кога нешто ќе ја утнам, посреќна ќе сум отколку вака да ти го слушам гласот, поразен. Ти си мојот борец, мојот немилосрден контра-дискутант, ти си тој којшто ми рече, не барам од тебе секогаш да ме слушаш, од тебе барам и кога не ме слушаш да ми докажеш дека си во право, тогаш ќе сфатам дека добро сум си ја завршил работата. Сполај Му на Господ, здрава, права, млада, заработувам, не сум грда, се разведов пред да станам мајка. Има луѓе со многу поголеми тешкотии. Сеа јес, во љубовниот живот ме тера баксуз некој од раѓање, ама нејсе.“ Наместо тоа му реков „Татичко, ако е за аир, ќе биде, ако не е за аир, не дај Боже да биде. Башка си имаш внуче веќе. Тоа е и мое мало сонце. Тетино сонце.“ Ме запрепастува фактот како секогаш сум опкружена од луѓе коишто ми го осудуваат брачниот статус. Бар ние не бевме такви, што му стана на народецов, не сите нормално, мене ме наоѓаат. Еве ќе споделам бисери коишто ми се кажани досега. Ама, на сите безобразно одговорив и ич не ми е гајле, они почнуваат и се побезобразни: 1) Една госпожа ги дефинираше таквите како мене како оштетена роба. Ја ѝ реков, „За тоа не се секирајте, во либерална земја пред влез во НАТО како нашата, повеќето се со коверти со скршен печат пред венчавка. Додуша, може синовите поинаку сте ги воспитале, гарант ни старлети не следат на Инстаграм, не пак нешто повеќе. Секогаш велам сета почит кон исклучоците.“ 2) Друг, ми рече „кај ти од млада со него, десет години со него, те истрошил, та ќе се рамниш со девојчиња. Даден збор си вратила назад, кое машко сериозно ќе те сфати.“ Демек ако не се потпишал со неа, има ограничено право на трошење, десет непотпишани помалку трошат од еден потпишан, како бесплатен и премиум корисник, ќе се убијам мајке ми. Брливи сте скроз. Еден долготраен корисник потпишан, троши повеќе од неколку непотпишани, како од тесто да е правена па се троши да ми простите на речник, простотилук. 3) Сеа веќе на слободните ќе забораиш, гледај си разведени, спроти себе. Богами, сем еден потпис, не сум направила ништо поразлично од повеќето, ако не и сите слободни. Дури и помалку сум направила од не малку. Не се ограничувам, за кого позабрзано ми зачука срцето, со него ќе се обидам. Разведен или слободен, не ми е некој трофеј, за себе знам, по разводот се изградив повеќе како личност и како карактер повеќе ќе вршам работа како нечија сопруга отколку кога бев 23 годишно детиште коешто сметаше дека тоа што се чувала пред брак е многу битна ствар. Отсекогаш сакав да фатам џадето од оваа проклетија, ама некогаш толку многу сакам, што ми се плаче. Знам, не се сите такви, ја некако запаѓам во шкљ окружувања против моја волја.
Блогеркиве и инста мамичкиве преку глава ми дојдоа. Mother of Ana, mother of Јана,mother of Luka или шта ти ја знам уште чија ли не mother, треба сериозно да сфатат дека инстаграмот не е за себе презентирање како нај мамички а воедно и натпревар за нај мајка. Која подобра слика со елката направила,која подобра игра за дете измислила,која на подобра дестинација за одмор го однела и така до 101. Профит со онлајн достапни слики од децата не оправдувам. Од лигавења со 50-100коментари под слики од разни мамички за најмило,нај сонце, нај нај детенце и мама не ми се отвара инстаграм веќе. Заследив неколку профили мислејќи ќе наидам на нешто интересно, ама ова ми е патетично. “Соработки” меѓу профили, само и само за повеќе кликови и лајкови, ма бегајте бре. 100 пати поарно било во времето на моите родители него ли сега,кога нашата генерација е во улога на родител.
Лошото во чување мачка е што многу здивови ти смрдат на кет пис, зошто на многумина ервејс мастики од боровница им се омилени.