Ти лајкнав не дека убави сликиве туку дека те разбирам. А и себе си се разбирам кога си мислам да можев да останам тука ич не би се вратила таму, барем зимава. Тука чисто, средено, воздух за мерак, деца играат, возрасниве трчаат.
Слушнав од една другарка многу интересна теорија во врска со тоа зошто партнерите откако почнат да живеат заедно, во најголемиот дел случаи, доаѓаат до раскид. Заради утринскиот здив, вели She's got it
Уморна сум...уморна ми е душата ..имам физичка болка во душата ...сакам да заминам на врв од планина да пиштам да вриштам на цел глас дури не ми помине ...се плашам дека нема да ми помине ... Сама сум , несреќна , немам љубов ,празен живот , сите ме напуштија за 1 денар као да сум должна и кусур да им вратам .. Ми се лоши , не ми е удобно во мојата кожа ...сонувам за подобри времиња но тешко многу тешко ... Сакам само да спијам и да сонувам , бидејќи само во сон живеам ...
Еј, место на протести да идеме, има многу едноставно решение и треба да го земеме проблемот со загадениот воздух во свои раце. Тоа би било на следниов начин: Сакам да го имам мозокот на Иван Исцелител, прекрасно ќе ми биде.
Кога почина Мајка ми,зидниот часовник што го имаме во дневната соба, престана да работи во истиот момент,од последниот нејзин здив,до ден денеска стои во часот кога замина Ангелот мој.Сакам кога ке ми се роди некогаш дете,во истиот час,каде што застана,часовникот да се роди моето дете.Така ке бидам спокоен и мирен,сакајте се луѓе,ширете љубов,не им замерувајте,на злобните и негативни луѓе,и они не сакаат да се такви..
Кога најсаканата личност ќе ги го разубави денот... ништо друго не е важно Секојдневните грижи и нервози стануваат сосема споредни, некаде оставени и заборавени. Колку ми е топло и убаво на срцево само јас си знам
Денес ми е втор ден, не можам себеси да се поднесам, па не другите. Секој нерв од телото го чувстувам и морав апче за смирување да земам. Реков, жена во ПМС, за време на добиено и после то не ја чепкај, ќе ги видиш ѓаволите Додека преминувавме со мајка ми, која не може да пешачи поради болки во ногата еден ненормален на Партизанска почна да свири а жена му да вика нешто во колата. Еееј ко сум му се завртила Им покажав среден прст, еј, јас, на сред Скопје. Море мрш, на сите.
Јас во душа сум Југословенско дете секогаш кога и да ја слушнам оваа песна се ежам, иако не се сеќавам на животот во Југославија, бидејќи за време на распадот сум имала 1-2 години. Преубави и пресилни емоции буди оваа песна, емоции за едни убави времиња каде муслиманите и христијаните живееле братски и сплотено, каде православните и католиците биле едно, жал ми е многу за омразата и труењето кое настанало подоцна, посебно со кое се завојуваа Србија и Хрватска, сеуште има грди коментари, ама новиве генерации мислам дека тргнуваат од мртва точка
Нормално дека ќе буди такви емоции кога била држава која вредела,која ветувала многу и која доколку не ја уништеа би била скоро совршена за живеење. Голема држава во која имаш се и секакви можности за просперитет како од образование,култура,туризам,можности за работа и се и сешто,а не овие денешниве гетонизирани државички полни криминал,сиромаштија,насилство,завист,омраза...во кој се воспеваат разни ќосиња,лажна историја,востаници,беда.... Исто Иии да делиме исто мислење. п.с. прочитај ги коментарите под видеото,ќе видиш дека и многу други го делат со нас.
Кога сме на тема Југа @Rama @Bratot Оваа ме погаѓа повеќе. Иако и јас не сум знаел за себе кога сме биле во Југа. Крв се многа за те пролила, Борба те је наша родила, Радничка те рука створила. Живи сречна у слободи, Љубав наша нек те води...