СДК Кина во 2017 има забрането увоз на 24 типови одпад меѓу кои и пластика, со дополнителни рестрикции во наредниот период. Во МК времето стои и се гори по ЕУ стандарди https://www.mkd.mk/makedonija/skopj...edium=block-sidebar&utm_campaign=vo-komshii#1 Веројатно е тепачка на пазарот за одпад, и ова МК фабрикиве се многу среќни кога ќе можат да увезат било каков отпад, оти нели, сите во ЕУ го сакаат Нов протестен марш пред Владата на 20 декември во 17 часот.
Зошто работите мора да бидат волку комплицирани и тешки? Зошто не може да биде се' толку едноставно? Зошто секогаш јас морам да се борам? А луѓето, си гледаат само за себе. Им помагаш, и не ти враќаат. Фино и културно те откачуваат, со изговор дека си гледаат за себе. Иронијата е што во моментов чекаат на твоја помош, а од својата се оградуваат. Расипани сме, многу.
Утрово пристигнав во Скопјето да средам некои работи, уште малку си поаѓам, но мислам дека се загушив за сва времена. Потребно ми е хемиско чистење. Имајте убава недела.
Си одам накај дома од факс, дали 10:30 беше часот и забележав колку луѓе плукат по улица. Пред тебе, зад тебе, и тоа континуирано фрчење, фуј. До толку ли сте бре без осет? Гледам возачи, таксисти си возат по Центар си бркаат во нос без престан, мислеш руда откопуваат. Се изгуби и култура и се... Инаку заборавив да напоменам дека сите беа мажи над 40 години. Гадотии искрено. Па после земе си го фркне носот. Нели може да се воздржат малку, луѓе минат они плукат ли плукат. Сега кога одам по улица гледам случајно да не нагазнам некој балгам пошто е минско поле. И после дома да влегувам со тие чевли... Терај Европо, не не чекај нас...
Нов закон на физиката: Телото на саканата/саканиот зрачи со двојно поголема топлина за разлика од другите тела
Смеј се ти, ама пред мене се дават. Во тие моменти ми се плаче искрено... Фали да отидам до нив и да кажам "водичка, да не ви треба, господине?". Гледаш ги дотерани, наочара за сонце, убав саат и земе да 'рка пред тебе. Ја само си ја вртам главата и одам напред со брзина на светлината.
Била околината загадена.... Ете ви контејнери збирајте ѓубре тука.... Другиот ден контејнерот запален не е битно криви се тие што (не) ставаат контејнери или канти за ѓубре
Ми ја прати другарка сликава Прво се насмеав, после некако тажно ми стана. Факултети, библиотеки, голем дел од болници, автобуски станици немаат тоалетна хартија, топла вода па ич да не збориме, научна фантастика е тоа. Одиш да студираш, плаќаш еден куп пари да се усовршиш, семестар, книги, казни, икси, триста пичкесиматерине, на места полни со апсолутно незаинтересирани професори и по некое манијаче, даваш пари за фотокопии од книги од Југославија, тек тук те учат и дека дома треба да седиш оти иначе криминал ќе правиш, а да е најиронично и најсимптоматично, покрај толку фрлени пари газот нема со што да си го избришеш. Тажна си македонијо, многу тажна.
Ние на факултет вц немаме у 2019та. Т.е има едно, баракиче, спикано надвор од институтите, никад неисчистено, ужасно, нехигиенско, не па тоалетна, сапун и чиста вода за пиење да има. Северна не у 2020та, ова ни у 2090та нема да го промени. Една еднаш се жалеше какво било вц-то и другарка и вика: е, не е ова ко нашето приватно средно, државен факултет е, затоа е вака. Бруки сме.
Hey queens! Не знам на која од вас ѝ треба да го слушне ова, ама, не дозволувајте некој да ве “казнува” со пасивна агресивност. Верувајте, стварно не ви треба тоа у животот. Освен ако индивидуата е помлада од 10 години, едноставно нема оправдување за некој да ви креира тензија и напнатост со тоа што само ќе молчи и одбива да комуницира, кога има проблем за кој треба да се зборува. А, исто така, не дозволувајте никој да ги пикне под тепих работите и проблемите кои ви се важни, само за да избегне незгодни ситуации или обврски. Комуницирајте, за сѐ! Тоа е единствениот начин на опстанок на врски.
Имам грда навика да не кревам на непознати броеви кога ми ѕвонат на мобилен, не знам колку е тоа добро или лошо, ама кревам само ако претходно имам оставено број во некоја институција за документи или за работа, другото време јок, ама после тоа секогаш се измачувам прашувајќи се на кој може да бил бројот и дали пропуштив нешто важно
Јас седам со телефонот во рака и ме фаќа некоја анксиозност кога гледам како ѕвони. Чекам да престане со ѕвонење, проверувам на Viber кој е што е, е тек ако нема слика и име, почнувам да се туфкам кој би можел да ме бара. Ама никако не се јавувам назад.
Станувам утринава во 12 и гледам ништо не се гледа во двор, првенствено нерасонета си мислам сеа се разденува, се освестувам и си викам ова загаденоста во нашата прекрасна државичка било И најновата вест што кружи периодов Дино Мерлин ќе пее за новогодишната ноќ на нашиот плоштад за 100.000 Дали може луѓево во држава да ја прават толку проста државата и овие странците да ни се смејат За нас како сиромашна држава можеби треба да ја поминеме новогодишната ноќ со некој поефтин пејач/ка, гледам имало дури и за 30.000, а со парите што ќе ги заштедиме може да ги вложиме во нешто друго, случајно да не нема за што.Меѓутоа македонче секогаш ќе прави слава на големо и ќе се чалами после ќе трпи. Со загадувањето што правиме, владата спие. Ајде луѓе дишејте си загаден воздух и сите трк на забавата од 100.000, уз пат наминете да прошетате негде и слушајте како сме за потсмев
Посебен круг во пеколот за тие кои ѕвонат повеќепати, уште повеќе ме вознемируваат, не знам како не им е јасно дека да сака некој да ти одговори на телефон, ќе го направи тоа на прво или второ ѕвонење
Сега се играв со моето мало куче.Тоа многу лае и јас за инает почнав да му лаам на негоИ веднаш се смири... Мајка ми вели:И будалата замолчува пред поголема будала
И јас мјаукам со моите мачори и им зборувам. Тие се мои синови Свашта им зборувам: Да ти ручам газето, да ти јадам муцката, ќе ти скинам главчето убаво.