Кога по 12 часа работа, шефот ќе ти најде едно нешто што си заборавил да ја направиш...воедно практикантот што бил со тебе в канцеларија си се вртел на столица и 3 работи завршил само. Тоа не е шеф, тоа е искомплексирано говедо кое ти пишува после работно време. Арно некои исклучиваат после работа
@Rama јас пак одговарам ако телефонот ми е во рака ама прво се спремам брзо за то. Ама ако е пропуштен број и не познат, не се прејавувам. --- Мајка ми: Од печеното земи грдите гризинки, убајте за денот. Јас: *ги гледам и сите ми се исти и земам две и ги грицнувам за ако ги земав убајте да не можам да ги вратам*
Сигурно повеќето ја виделе оваа слика од учебник по социологија за втора година средно, ама еве нека си стои и овде. Форумов врие од девојки и жени, па да се знаеме кај ни е местото Што има да излегуваш и криминал да правиш, жено една, се знае дека дома ќе си седиш и мирна глава Автори на овој учебник се универзитетските професори Нелко Стојановски, Милева Ѓуровска и Зоран Матевски. Госпоѓа Милева? Арна сте професорке? Се слушаме? Не ти беше срам твоето име да стои на учебник полн со вакви срања и навреди упатени лично кон тебе како припадник на женски пол? Ај тие мажиштата професори ги сфаќаме дека се мажишта, ама ти мор Милево? Или пошто си жена немаше право нешто да речеш? Да не знаеш дали 1020 г. или 2020 г. ја чекаме.
Токму вакви и слични бисери од учебникот социологија за кој имам пишувано тука беше причината да земам да се јавам на Зоран Матевски, ама не успеав да го добијам преку секретарките. До ден денес се мислам што ќе му беа одговорите, особено на работи од типот ,,причината за зголемениот број разводи е неучеството на свекорот и свекрвата во бракот".
Последната реченица бе Без свекрвица кај бива брак Ако го добиеш на телефон сигурно после прашањата одма би ти исклучил, а во случај ако разговарате прашај на што дроги се дур пишуваат. Речи за другарка прашуваш. Ко што разбрав прееска од пишаната статија и овој дел (мислам и на форумов се дискутираше) бил во ИСТИОТ учебник, од ИСТИТЕ професори. Спојлер Сигурно се сеќавате и на овие бисери Немом!
@JollyGirl, пробувам да се сетам дали ова беше учебникот по кој јас учев социологија во (веќе далечната) 2010, во гимназија. Изгледа тој ќе да е. Сега сфаќам зошто професорката уште тогаш одбиваше да се води според него. Сосема во право била Читајќи ги овие гадотии, не сфаќам како вакво нешто може да смисли, па уште и да напише некој што се води за интелектуалец. Како? Како? Како? Само тоа ми одѕвонува во главата. Катастрофа...
Учев социологија во средно, ваков бисер не прочитав. Студирав на филозофски, имаше некои "дефиниции" кои беа бордерлајн неточни, но ништо од овие размери. Пред некоја година, имаше во учебник за првачиња да си ги нацрташ родителите како младенци. Се мислам, подобро како мене, што учевме од југословенски материјали. Овие во нашава самостојна, ни осет, ни акл немаат.
Tell me more Повлекувам се што сум рекла, дека треба да се учи. Деца, немојте да учите. Барем не од учебници
Што од ова е точно? Тоа што ги учат децата дека жената е само за дома да пере и да чисти или да ги омаловажуваат и исфрлаат другите деца затоа што тие деца немале средства да се образуваат како нив? Еве баш ме интересира
Не знам колку пати имам преместувано дома овие 5 години колку што живеам во станов. Ама не преместување цвеќе или масичка него се комплет шкафови, комоди, седмосед, фрижидер и тн.. тегнам кревам и лизгам по паркет, ќе наместам, ќе одам малце подалеку, ќе разгледам, не ми се допаѓа и ајде пак тегни додека не ми фати око некоја комбинација. Не знам дали само сум јас таква така што правам, се сама без никаква помош, а да ме видиш ќе речеш пенкало да крене оваа ќе се преврти. Ете убаво ми е да разместувам, после како во нов дом да сум се осеќам.
Жените у кујна, мажите нозете на масата грицкајки си ги ноктите и истовремено пљукаат на земја. Ништо не знаеш.
Пасивно агресивно однесување најмногу го практикуваат луѓе што се во филм дека се директни и демек си кажуваат отворено се што им смета. Па кога некому ќе му пукне филмот од нивните глупости и ќе иницира расправија, истиве овие ќе избувнат во фазон "Еве директен сум, да не испадне не сум ти кажал се в лице". Смешки. Од лажна слика за себеси нема полошо.
Преку онаквото од: „Сите девојки се грижат за лепота, а јас еве библиотека средувам“ луѓе. Да бе, само ТИ читаш книги, само ти си едуцирана, ние другите не читаме, само за шминка, нокти и коса се замараме. Дај не го тупи, божем едното со другото меѓусебно се исклучуваат. Ми се присерува од луѓе што сакаат паметни да се направат.