Хаценце кај си бе Најрандом нешто ми згази на нерв Тука се нервирам со некои глупости што не ми искачаат по мерак па ова ми ја прели чашата. Баш она ни крив ни дужен искочи. Наравоучение, не се нервирајте за глупости.
Најголемата контрадикција уствари знаеш што е? Самиот факт што и таа самата како автор е социјално интегрирана и ангажирана (секако во рамки на универзитетските катедри), што ја прави идеално подложна на, како што пишува цитирам: ,,објективните криминогени фактори" натпревари и конфликти. Сама себе убила муабет е професоркава. Брука.
Те читам долго време, постојано се жалиш од работава. Јас мислам дека треба да ја смениш поради себе, да бидеш во подобра атмосфера и полесно да ја надминеш анксиозноста.
Сакам на сите да ви кажам, одете во ДМ добри попусти има. 2 креми за лице на лореал 700 ден ( душа ме заболе бидејќи пред една недела јас го купив поединечно еден беше 500). И неколку други производи кои ги користам беа добро намалени, па си натрупав залиха. Пан- стикот ма max factor беше намален на 295 денари, Калос спрејот за расчешлување и омекнување на косата беше 139 денари, Средствата за чистење лице од Evelline што ги користам ( гел и онаа тубата 3 во 1 ( гел маска и пилинг) беа по 135 ден. На Биотен и Зиаја имаше намалени креми за лице, си земав некоја со хијалурон. И така.. и да не заборавам има преубави сетови за да подарите некому, тие од Балеа беа грди, ама тие од Афродита преубави, а цени 200-300 ден максимум.
Многу се радувам кога ќе слушнам дека некој мој роднина или пријател успеал во животот. Уште поубаво е кога ќе ја сподели убавата вест со тебе па ќе имате причина плус за славје. Денов започна убаво. Едвај чекам да видам што ќе донесе крајот.
Интернет. Место каде што можеш да бидеш правник, научник, револуционер, судија, џелад, матичар, адвокат, трговец, социјален работник, психолог, писател, професор, лекар и многу други професии, а можеш да бидеш и се. Место каде луѓето на кои им се восхитуваш на знаењето и речникот и тајно посакуваш да си како нив и така да ги презентираш мислењата постираат туѓи дела како свои и уметничките дела пред кои ти застанува здив се само туѓ фотошопиран труд. Разочарувачки. Небитно каде, прочитав рецензија за еден филм, толку убаво составена, напишана, таква поента извлечено што криво ми беше што јас не сум се сетила на се тоа, на реценизјата лајкови и восхит и пофалби, браво дечко и ние да се пофалиме со квалитет си помислив и си замислував како би било да имам некој близок што вака се разбира и размислува и на ваков начин ќе го слушам без престан цела недела. Некое време подоцна пак го гледав филмот и обично после тоа си гуглам за филмот сваштарии. Сосема случајно отворив некоја страна никад чула и читам рецензија од некој американец и читам читам и читам и истата рецензија од дечкото што се восхитував.Само си ја преведил и постирал како своја, немаше ни еден единствен свој збор вметнато во неа. Друго исто разочарувачки од овој форум, гледав фотографии од еден член и редовно си гласав за него, сликите секогаш најдобри од сите други, го следев после тоа, барав мислења каде има постирано свои слики, се восхитував, сакав и јас да го поседувам тој талент... После тоа си барав нешто на pinterest и од една слика на друга слика и оп сликата на ликот од тука. Си помислив да не налетав на приватен профил и отворив, сликата постирана и направена од некое списание во лондон, што значи дека ликот само си ја кропнал, ставил тек тука некој ефект и ја постирал како свое дело. А некој се мачел, смислувал, местел и сликал и покрај таа слика се осеќал неспособен и неталентиран. Е не е фер.
Денес нема прави пријателства, сите само за себе гледаат, роднините први се да те заебат, па затоа ајде да оговараме, маци цуци да си бидеме, и да си даваме контакти и дечковци и швалери да бркаме по форумов, каде сите анонимно пишуваат, што логично нели значи дека не лажат и само добро ни мислат...
Како на некои луѓе да им се објасни дека ако се омажиш со некој не значи дека ќе живееш во заедница? Дека постои и таква опција да си создадете свој дом и доволни сте си само двајцата? Дека е небитно со што се занимава(ла) сета негова блиска и далечна фамилија? Или дека никој не е совршен и беспрекорен, за да се бараат маани и да се рече Еве тој не чини поради тоа и тоа (немал факултет, работел физичка работа и не знам ти таму што). Како на некои умови да им се објасни дека се' се менува и се' може да се создаде, направи, преправи, само човек со срце и душа не се создава туку така. Тоа ќе го најдеш, ќе го препознаеш и ќе го засакаш. Како да им се објасни дека животот не го прават лесен и убав куп пари, луксузно живеалиште, угледна професија туку луѓе кои за тебе ќе направат се', кои не ги тргаат рацете и не те пуштаат по никоја цена. Но ги разбирам. Тоа се луѓе кои никогаш не почувствувале љубов. Штета за нивната несреќа.
Во средно една професорка ми рече: „Па како ќе се запишеш на факултет ако добиваш напади на паника во школо?!“. Епа, професорке, веќе втора година сум на факултет, едвај чекам да имам предавања, секој ден учам во библиотека, имам одличен просек, на факултет професорите не ме исмеваат, туку ме мотивираат да учам повеќе, и да, понекогаш сѐ уште добивам напади на паника. Ама тие напади не ме спречуваат да бидам успешна, тие напади не ме прават неспособна, ниту пак сум глупава ако не можам да учам напамет.
Мислам дека на рекламиве што нудат попуст до 40%. Тоа "до"треба да биде олкаво ДО, а не 40%. Just sayin'.
СДК дека најбедни ми се оние нај-моралните, нај-домаќинките, нај - човечните кои се ,,нај,, се до првата кривина каде што никој не ги гледа. ...тука раскрстуваат со она ,,нај,,...