Можеби ќе ти помогнам . Во врска со слабокрвноста/анемичноста , внесувај повеќе храна што содржи железо , калциум и сл . Јас кога бев помала имав ист проблем . Мајка ми секој ден ми правеше салата од цвекло , а три пати неделно јадев спанаќ . Исто и неутрална урда . Наутро на гладен стомак една кафена лажичка мед со семе од коприва . Имав 14 години тогаш . Се сеќавам само зимата практикував таква исхрана ( друго се си јадев како и обично , само навечер јадев обавезно салата од цвекло , и присилно јадев спанаќ , инаку не го сакам баш многу ) инаку бев многу тврдоглава и си терав по свое кога нешто ќе ми здосади , па затоа и само зимата почитував наредби . Од тогаш до денес , немам никаков проблем , а баш бев многу слабокрвна , дури и вртоглавици добивав и се онесвестував некогаш . Околу тежината , ако ти се чувствуваш добро во своја кожа , кажии го тоа на мајка ти . Кажи и дека според тебе изгледаш одлично и си задоволна од својата тежина , и дека е време да поработиш на своето здравје , односно на крвната слика . И мене мајка ми ми велеше дека сум премногу дебела за мои години , на крај излезе дека уствари хеликобактер пилори ми била многу повисока од нормалното ниво , и таа била виновна за мојата тежина . Бев дебела и покрај тоа што јадев како мало маче . Мислам дека со разговор ќе средиш со мајка ти . Фокусирај се на своето здравје , а тежината не е важна , ако треба да ја регулираш , ќе ја регулираш подоцна , здравјето е поважно . СДК , I am turning 24 . Technically , сеуште не сум била родена во ова време , претпоставувам дека во ова време мајка ми ситно броела до моментот кога ќе ме роди , па дали ќе се сврти лудачава или мисли да излага со задникот .. And guess what , родена сум карлично ! До самиот крај не сум се свртела , докторот паника го фатило , прво породување карлично му било . Среќа успешно ме извадил жива , здрава , права . Happy birthday to me .
Фала ти. Јас многу сакам цвекло а за спанаќ да не зборувам, секој ден би го јадела. Само што ме тераат да јадам аронија а има вкус на земја. (( Благо 3 ден немам јадено ама искрено и јас претерав со нездравата храна и благото. Ќе те послушам штом има напредок. И да, среќен роденден и секоја желба да ти се исполни.
Чувството кога ти иде да ги изгушкаш сите рандом луѓе што ги среќаваш во текот на денот, бидејќи ти си толку добро расположена што е тешко да се скријат емоциите Нека трае
Ќе фотошопира некој слика со Исус во облаци и ќе ја стави на фејсбук со текст : ова е божјо чудо, споделете за да имате среќа и гледаш доле двеста коментари amin и уште толку споделувања... Океј
Нема да го видиш вистинското лице на човек кога ќе го ставиш на власт, него кога ќе му понудиш нешто бесплатно. Тогаш сите интелектуалци, доктори, филозофи, писатели и мислители стануваат едно мало бедно јадно човече што и преку лешови ќе гази за да добие нешто без пари. А од друга страна пример може седум такви да си дозволи. Сум била сведок на такво нешто, во Елешец кампот обично одмараат судии и такви големи фаци. Еден ден некоја фирма имале промоција на сладолед и делеа сладоледи гага. Какви судии какви големи фаци, се испотепаа да земат, па дај за децата, за снаата за зетот, си грабаа од раце, се колнеа и караа. Вака сиромашните ко мене си дремеа и си гледаа од страна.
Ла*но да е, муфте да е - оваа изрека ја знам откако знам за себе. Значи 40тина години. Така да, слободно можам да кажам, дека како нација сме за гага.. одамна
Срамота е, не се срамам онака да правам будала од себе за сладолед од 20 денари а имам можност да ја купам цела плажа пример. Да е нешто многу повеќе вредно ајде да се борам, ама и тогаш ќе држам некое ниво, ако земам ок ако не достоинствено ќе си се повлечам, нема да се брукам да се тепам да ги тегнам луѓето.
Абе знам луѓе што одат специјално на настани и промоции каде се дава нешто без пари. И то, не оти не можат да си дозволат да го купат сами, туку оти им е слатко да е муфте. Не сум среќна поради тоа, ама сум навикната.
Поранешниот мој директор онака беше типац дотеран секогаш, среден, намирисан, права појава и кога имаше покана за некој семинар или предавање редовно на секое ама баш на секое при крај одеше само да го фати јадењето на крај, оние ситни мезиња и сок во пластични чаши. Мене ми кажуваа ама не се замарав дур не стигна ред да одам и јас на едно предавање и ете ти го при крај зеде една пластична чинија, без срам си ја наполни до горе, ама не можеш да замислиш како беше, сите муабет над масата си прават, незгодно им е да се фрлат на маса, а тој изникнат од нигде никаде ко мезе да не видел. Се што имаше зеде. И замисли секогаш така правел. Јас се срамев тогаш што од иста институција доаѓаме, некако го криев да не го видат сите. А плата со 6 цифри.
Нема за што , ако можам да помогнам , би била навистина среќна . Ти благодарам за честитката и се надевам дека наскоро ќе ти се подобри здравјето П . С . Јас скроз заборавив на какаото . Ете членката погоре се сетила . 70% какао , или повеќе ако успееш да пронајдеш уште подобро .
Искомплексирани луѓе насекаде околу нас.. Во што се претворивме?! Ти враќа на мејл накурчена затоа што текстот не е како што она го замислила, уствари пардон ..ВИЗИЈАТА не е како што она ја замислила, коментар во стилот - а ова па зошто ти е за понатамошен развој?!... амУри жено ху гивс а шит ти што си замислила, тоа е мој проект, не твој. Моја визија, а не твоја. Ти си само еден ситен ментор за кој што прв пат слушнав сега..држи се до структурата на планот, а не зборовите со кои јас сум го опишала тоа што ти не си го ни доживеала.. Е такви станаа луѓето..искомплексирани до немај каде.. Само затоа што некој има повисока титула во некоја област, не значи дека за се го бива па се изживува врз оние што имаат основно познавање во нивната област.. Исто како јас да се изживувам врз некој што не знае ништо за терористички ќелии и оружје, а ретко кој знае.. Треба да олади народов малку..им чури мозокот
Понекогаш се прашувам, чуму сето залагање и вложена надеж? И колку е цената на слободата што илузорно ја живеам, притоа лишејќи се себеси можеби од некои претходни верзии што си ги сметав за подобри? Некогаш не знам дали е доволно да бидам ова што сум.
Еден бивш, на тогашни мои 19 години, ми рече дека се срамел од мене бидејќи сум сакала рок и сум скокала на песните од Суперхикс. Ретко идеа кај нас во град. Никој немало да ме сака 9 години подоцна, на почетокот од март, МКЦ, си бев кај нив на 25 годишнина,се разбира БЕЗ НЕГО. Дали си добар да те прашам? Сеуште ги сакам и слушам рок.
Сакам да кажам дека кучето ми реагира на "пес". Немав забележано дур не идеа гости и го тргнав со то шо ми викнав "пес" и тој одма дојде и ги слушнав како се смеат за то. Не за друго, се сеќавам како дете мало кога се лутев на татко ми оти на кучињата вика пес. А, тој ми вика од мајтап почна. Е са зошто го пишам ова. Јас кучињата пес ги викам од мајтап. Знајте она ко ќе почниш нешто на мајтап да велиш и на крај потсвесно си го присвојваш? Епа, Цобе е куче со мал раст и еднаш му викнав пес и ме фати смеа оти мало куче, кученце. И нешто ми сврза мајтап другарка ми, не ни памтам шо, и секое шетање на Цобе му викав пес. Си најдов сама јас куче и него почнав пес да му викам. И ми остана. Са ко ќе пишам куче дур чудно ми е. И мое дете некогаш ќе се лути зошто на кучето му викам пес. Ако по некое време почнам да користам "for why" да знајте дека Риврдејл е виновно и цицам нов мајтап кој има потенцијал да прерасни во нова лоша навика.
Neka Sveti Nikola vecno ti go osvetluva patot.Srecen rodenden Nikola Sazdo dete makedonsko i komitsko.Vecna pamjat
Многу повеќе сакам кога искрено ќе ми кажат кај не чинам, па и да не се согласам, да мислам дека баш тоа ми чини. Многу мразам лигавежници и лицемерие. Не ме викајте "мила". Посебно ако 2 реда вкупно сте прочитале од мене. Кажете ми дека грешам и кажете ми кај грешам. За да можам да аргументирам свое мислење. Ми фали муабет, ми фалат различни перспективи. Љубов и милост имам доволно. Само пасив агресив муабетите... може и 70 години да имате, уште сте недозреани дечишта. Возрасни и самосвесни луѓе знаат да ДИСКУТИРААТ отворено, да кажат што е проблем без да исповреѓаат се' живо. Се' може да се каже културно. Се'. Бирајте зборови и кажете искрено. И отворете ум и за туѓа перспектива. Не е се' црно и бело. Не се луѓето добри и лоши. Сите сме и добри и лоши. Не заборавајте.